20-21 јули. Висински камп и искачување на Митикас-Олимп

Опис на акцијата:

Сабота: Поаѓање од месноста Горција, искачување на Платото на музите по северниот гребен преку Петроструга. Ноќевање на Платото на музите на 2700 мнв. во шатори или во дом (по желба).

Недела: Искачување на Митикас 2918 мнв. Враќање во Скопје во вечерните часови

Стартна точка на искачувањето: Горција, 1100 мнв.

Опис на патеката: се тргнува од Горција по маркирана патека која води низ шумски појас. Попатно нема извори со вода. Вода може да се купи во домот Петроструга на половина пат на околу 6 км. на 1900 мнв. Од тука вегетацијата се проретчува и наскоро се излегува на оголен каменит терен се до Платото на музите.

Искачувањето на Митикас е техничко, (ќе се користи техничка опрема)

Тежина: должина 12 км. во една насока, висинска разлика околу 2100 м. Ова е напорна дводневна планинарска тура и за истата е потребна одлична психофизичка подготовка и не е предвидена за планинари почетници.

Задолжителна опрема: појас, кацига, прусик, 2 карабинери, 1 гуртна 120 см.

Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода.

Време на поаѓање од Скопје: 00:00 ч.

Водачи:

Петар Герасимов 070330765,

Ели Елии.

Превоз: Организиран, цена  1500 ден.

Пријавување и плаќање најдоцна до 17 јули (среда), бројот е ограничен

 

Напомена:

  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • учесниците на акцијата мораат да бидат членови на некој планинарски клуб при ФПСМ
  • Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.

 

23.06.2019 Езерска тура, Скакалачки и Караниколички езера

Опис на акцијата:. Искачување до Скакалачки езера (2320 мнв.) и Караниколичко Езеро (2200 мнв.).

Стартна точка на искачувањето: с. Вешала 1250 мнв

Опис на патеката: се тргнува од с. Вешала по колски пат неколку километри, потоа се продолжува по беспатје во правец на Шереметица (2310 мнв.) се оди по гребенот на Шереметица. Продолжуваме до врвот Бриња е Шехит (2480 мнв.), Во зависност од подготвеноста на групата можно е искачување и на врвот Маја (2493 мнв.), спуштање до Скакалачки езера, мала пауза. Враќањето ќе биде по изохипса под Маја до седлото помеѓу Шереметица и Скарпа, се спустаме до Караниколичко Езеро, пауза. Враќањето до селото ке се одвива по стандардната маркирана патека која води до с. Вешала.

Тежина: должина 22 км. во двете насоки, висинска разлика 1700 м. Ова е напорна целодневна планинарска тура и за истата е потребна одлична психофизичка подготовка и не е предвидена за планинари почетници.

Времетраење на акцијата (вкупно): 10-12 часа.

 Опрема: Тросезонски планинарски чевли, планинарски стапчиња, повеќеслојна облека прилагодена на временските услови, очила за сонце, крема за лице со висок УВ фактор, челна лампа, полн мобилен телефон и компас.

Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода. Попатно нема извори со вода за пиење

Време на поаѓање: 5 ч. од Пошта 2, на железничка станица.

Водачи: Тодор Ивановски и Петар Герасимов.

Лица за контакт:

Тодор Ивановски    070368525

Петар Герасимов     070330765

 

Превоз: Организиран

 

Пријавување и плаќање најдоцна до 19 јуни (среда)

 

Напомена:

  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Учесниците во акцијата се должни да се придржуваат на брзината на движење која ќе ја одреди водачот.
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.

 

16 јуни (недела), Пројфелски Водопад (Корапски Водопад)

Опис на акцијата: Поаѓање од с. Рибница – искачување до Корапски Водопад (1900 м.н.в.). Доколку има заинтересирани ќе се направи група која ќе го искачува блискиот врв Гури Куј висок 2380 м.н.в.

Стартна точка на искачувањето: с. Рибница, 1000 мнв.

Опис на патеката: се тргнува од с. Рибница, преку Попова Ливада и ливадата Пралуга, се поминува под Рибничка Скала и Кабаш по изохипса и се стигнува до водопадот кој во овој период од годината треба да биде со најмногу вода.

Тежина: должина 22 км. во двете насоки, висинска разлика 1600 м. Ова е напорна целодневна планинарска акција и за нејзино изведување е потребна одлична психофизичка подготовка што значи дека не е предвидена за планинари почетници. Во овој период од годината се уште има снежни јазици поради што движењето по нив може да биде отежнато и ризично.

Времетраење на акцијата (вкупно): 10-12 часа.

Опрема: Тросезонски планинарски чевли, планинарски стапчиња, повеќеслојна облека прилагодена на временските услови, очила за сонце, крема за лице со висок УВ фактор, челна лампа, полн мобилен телефон и компас.

Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода. Попатно има извори со вода за пиење

Време на поаѓање: 5 ч. од Пошта 2, на железничка станица.

Водачи: Петар Герасимов, Ели Елии, Велимир Граоркоски.

Лица за контакт: Велимир Граоркоски 078260617 veljogr@yahoo.com, Тодор Ивановски 070368525;

Превоз: Организиран, цена  600 ден.

Пријавување и плаќање најдоцна до 12 јуни (среда)

 

Напомена:

  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Учесниците во акцијата се должни да се придржуваат на брзината на движење која ќе ја одреди водачот.
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.

 

21.04.2019 Доброшки и Езерски Врв

ДОБРОШКИ И ЕЗЕРСКИ ВРВ

ЗПСК МАКПЕТРОЛ на ден 21.04.2019 Недела организира еднодневна планинарска акција на Шар Планина со искачување на Доброшки и Езерски врв.

ОПИС НА АКЦИЈАТА:

Акцијата е предвидено да трае 8-10 часа и категоризирана е како тешка, поради совладување на голема висинска разлика и конфигурација на теренот(движење по срт), како и сложени временски услови (присуство на нов снег).

ОПИС НА ПАТЕКАТА:

Појдовната точка е предвидена да биде од с. Јелошник на 890мнв. патеката води низ шумски предел по колски пат се до бачилото на 1490мнв од каде се излегува на гол планински предел (доста стрмен) и по срт се искачуваме до Доброшки врв 2352мнв. На врвот е предвиден мал одмор и оттаму патеката по срт се спушта кон Доброшки езера на 2300мнв од каде по стрмна патека се искачува на Езерски врв 2591мнв. По кратка пауза за фотографирање се враќаме по истата патека до појдовната точка.

Поаѓање од бензинска пумпа Макпетрол на излез од Скопје во 6:00 часот, превозот е со сопствени возила.
Враќање од акцијата е предвидено во попладневните часови.

НАПОМЕНА: за оваа акција учесниците треба да бидат во одлична психофизичка форма и подготвени за долга тура во зимски услови.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:

– високи разгазени планинарски чизми и гамашни
– облека препорачана за зимски услови и облекување по слоеви
– ракавици и капа
– планинарски стапчиња за првиот дел од патеката
– цепин
– дерези

ВОДА И ХРАНА:

– задолжително 2 литри вода
– храна секој сам си носи по избор
– јатки или енергетски барчиња

Водичи на акцијата:
– Христифор Саракинов 071 333 263 (лице за контакт)
– Елена Петковска
– Тодор Ивановски

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од водичите
– Водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измена на терминот и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

 

24.03.2019 Антени, технички тренинг

24.03.2019 Антени, технички тренинг

Редовен тренинг за учесниците на двете високогорски акции Алпи 2019 што ќе се одржат во јули/август, на кој беа извежбани повеќе техники и тоа: врзување во наврска, движење во наврска со симулација на падови/пролизгување и техника на запирање, правење Т сидриште со цепин и правење систем за извлекување на пропаднат учесник во наврската во глечерска пукнатина. (more…)