Извештај за Пелистер 20-21.10.2018

Извештај за Пелистер 20-21.10.2018

Саботно утро 05:30 часот на бензинската пумпа Макпетрол на излез од Скопје се групиравме 13 члена на ПСД МАКПЕТРОЛ со три возила и се упативме кон Битола, по двочасовно возење стигнавме на почетната точка хотелот Молика во Националниот парк Пелистер. Следеше пакување на опремата и во 08:30 се упативме кон врвот Пелистер. Патешествието го започнавме по прекрасната шумска патека која води до поранешниот Планинарски дом Копанки. Мала пауза и продолживме кон чешмата на патот за Јоргов камен, наполнивме вода и се упативме кон видиковецот кој излегува на Камењарот, патека која бара посебна внимателност но пружа посебна возбуда. Времето иако беше облачно и магливо сепак како да се имавме договорено на секоја попатна пауза да се отвара и да не грее сонцето. (more…)