17 Март – Зимско на Јелачки Црн Врв

Со цел унапредување на соработката помеѓу Клубовите, П.К. Јелак од Тетово и ЗПСК Макпетрол од Скопје, организираат заедничка планинарска акција на еден од најубавите предели на Шар Планина, Јелачки Црн Врв.

Јелачки Црн Врв за Шара со своите „само“ 1.890 мнв, овозможува неверојатна глетка на околните врвови. Преку долината на Пена се погледот паѓа на магичното трио Кобилица, Шилиџе и Вртоп, како и врвовите Кучибаба и Плоча и под нив Орлоец и Дупнат Камењ. Позади вас е горостасниот Плат и Среден Камен кој ѕирка позади него, а од другата страна се Казани, Бакардан и Титов Врв, а пред вас во процеп помеѓу врвовите ѕирка мал дел од Полошката котлина, така да иако не си многу високо, се чувствуваш како да си на врвот на светот.

Сега нешто околу самата стаза, стазата е рекреативна и спаѓа во редот на лесни стази. Се тргнува од пред планинарскиот дом Смрека и ниско се заобиколува Церипашнина, така да се избегнува искачувањето до антената. Се движиме по земјен пат, за потоа да пресечеме преку ливада и да навлеземе во борова шума која потоа се менува во листопадна, па во мешана и пак во борова. Скоро цело време се движиме низ борова или мешовита шума од каде од време на време излегува низ некој процеп преклрасна гледка на другата страна на кањонот на реката Пена. По патот има доста изворчиња. Проблем може да биде тоа што поголемиот дел од изворчињата сега би биле покриени со снег, ама сепак има доволно вода и тоа чиста планинска.

Стазата е благо слегување кон видиковецот и потоа кон ловечката чека, која е делот од каде што билото Јелак се двои од остатокот од Шар Планина, што му доаѓа и најголемиот дел од нашиот пат, така да слегуваме на околу 1.750 мнв, па од ова место тргнуваме во пострмно искачување и за последните триесетина минути искачуваме околу 140-150 мнв (сепак сме планинари, треба и малку да се испотиме). Тука во најголемиот дел се движиме по густа борова шума се до доаѓањето на сртот каде што се движиме по тревната и на делови каменеста стаза до самиот врв.

Инаки, стазата се поминува за околу два и пол часа и е во должина од околу осум километри по правец, и е добро обележана. Пауза ќе се направи на видиковецот од каде што има прекрасен поглед на целото било на Јелак, како и на самиот врв.

Од потребна опрема:
Бидејќи времето е променливо (иако најавата за 17.03 е баш фантастична), потребно е да се има стандардната зимска планинарска опрема (топла зимска облека во слоеви од волна и/или синтетика, два пара ракавици, капи, резервни чорапи, наочари за сонце и скијачки наочари, балаклава, заштита од ветер, крема за лице, гамашни, челна ламба, планинарски стапчиња). Дерези се задолжителни (10-ка или 12-ка), бидејќи се можни лизгави делови на самиот срт под врвот. Цепини се задолжителни исто така.

Секој да си ги носи потребните лекови кои ги прима секој ден, и тие кои примаат терапија, задолжително да пријават кај водичите.

Храна секој си носи во ранец, важно е да е калорична и енергетска. Вода, најмалку  1 литро и половина.

Ова искачување ќе биде искористено и како приправничка акција за Б1 лиценца, така да ќе морате да не трпите додека ви ги покажуваме и демонстрираме нашите знаења. 😀

ПРИЈАВА:
Од Тетово-да се пријават најдоцна до петок 15.03. до 12 часот за да можат П.К. Јелак да организираат превоз, кај Владо и Цули.
Тргнувањето од Тетово за Попова Шапка би било во 07 часот од пред Домот на култура во Тетово. Тргнувањето од Попова Шапка, поточно од планинарскиот дом Смрека кон Јелачки Црн Врв би бил во 08 часот.

Од Скопје – пријавување најдоцна до петок 15.03. 12:00 часот, кај Јуле и Дарко.

Тргнувањето од Скопје ќе биде во 6:30, кај бензиската Макпетрол, Ѓорче Петров. Со сопствен превоз.

Дојдете да уживаме.

Контакт и водичи на акцијата:
Јулиана Стојановска 070/210-976
Александар/Цули 078/225-034
Дарко Трајковски 076/274-742
Владо/Трпе 070/523-400

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Особена напомена: Секој учесник да ја почитува пораката за заштита на животната средина: „на планина од траги ги оставаме само своите стапки“. Тоа значи својот отпад од секакво потекло да се стави во ќесе и да се врати назад.

Царев Врв (2.085 мнв), Осоговски планини, 23 Април 2017

Царев Врв (2.085 мнв), Осоговски планини, 23 Април 2017

Малку интро за Осоговски планини:

Осоговскиот планински масив се протега во две држави, во вкупна површина од 1.535 км2, од кои поголемиот дел и припаѓа на Република Македонија. По својата површина е втора планина во Македонија, по планинскиот масив Јакупица (Мокра Планина). Највисок врв на Осоговските планини e врвот Руен (2.252 м), а покрај него уште пет врвови се повисоки од 2000 м, меѓу кои и Царев Врв (или познат уште како Султан Тепе) со своите 2.085 метри. Кон Царев Врв се пристапува од две страни, од кривопаланечкиот манастир Св. Јоаким Осоговски и од Кочанско преку Пониква. Oд Крива Паланка се пристапува до манастирот Св. Јоаким Осоговски, па преку селото Варовиште, Ловечката куќа и Калин Камен, па до Царев Врв.  До ловечката куќа се оди со возило по асфалтен пат, иако има маркирана патека која почнува од манастирот. (more…)