Најави за акции кои следат

Кадиица и Лута

Еднодневна, релативно лесна акција на 31.3.2019 (недела), на двата централни врвови на планината Бабуна – Кадиица (1430 м.н.в.) и Лута (1500 м.н.в.), од каде што се протега прекрасен поглед на Пелагонија. Се поаѓа од селото Ораов Дол (500-550 м.н.в.) по делумно обележана патека до месноста Момин Вир (700 м.н.в.) каде што има прекрасни слапови на реката Брезица. Оттаму преку Осојница и Трештеник, по не толку видлива патека (на одредени места воопшто и нема да се оди по патека) планирано е да се отиде прво на врвот Кадиица (времетраење на искачувањето од околу 2 часа), а потоа доколку има време и услови и на соседниот врв Лута кој е оддалечен половина час. Враќањето ќе се одвива преку изворишниот дел на реката Брезица и по сртот од нејзината десна долинска страна при што се поминува низ предел со прекрасни камени форми. Вкупната должина на патеката во двете насоки изнесува 13-14 км. За подетални информации за овие предели, погледнете ги претходните акции на планинарското друштво. Извештајот од 2015 година може да се види тука. Тргнување од Скопје во 5.00 на бенизнската пумпа Макпетрол на источниот излез. Ќе може да се договори и попатно собирање на учесниците.   ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА: – облека – соодветна за движење во пролетни услови, без многу снег, но со променливо време и влажен терен; – вода – добро е да се понесе барем 1 литар вода; – цена – 500 денари.   ПРИЈАВУВАЊЕ: Велимир Граоркоски  071 564-458 / veljogr@yahoo.com   НАПОМЕНА: – секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на водачите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици; – движењето се одвива во група предводена... read more

23-24 март, технички тренинг за Алпи

Тренингот се организира првенствено за учесниците на двете Акции што ќе се изведат јули-август 2019. Секој заинтересиран без разлика дали е учесник на овие акции може да присуствува на тренингот и да се запознае со техниките на движење по глечер.   ПРОГРАМА 23 март, сабота Време: 10 ч. Локација: градски парк, симулација на самоизвлекување од глечерска пукнатина, симулација на извлекување на пропаднат во глечерска пукнатина.   24 март, недела Време: 6ч. поаѓање од бензиската на Макпетрол во Ѓорче Петров превоз: сопствен Ќе се вежба: движење во наврска, падови со цепин, правење сидришта, извлекување на пропаднат во глечерска пукнатина на Антени (симулација). Опрема: појас, кацига, дерези, цепин, 3  карабинери со матица, 2 карабинери без матица, 2 гуртни 120 см., прусик, прусик за нозе (јаже од 3.5 м. дебелина 6 мм.). кој нема комплет опрема ке се послужи од клупската опрема. Водач: Петар Герасимов 070 330 765 Кревасите на Монте Роса самоизвлекување од глецерска пукнатина сопирање на пролизгување во наврска движење во наврска изработка на... read more

24 Март – 8ки на Шишевски

ЗДРУЖЕНИЕ ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ Ве Поканува на планинарска акција – Родители и Деца Вплетени 8ки, мали 8ки и тинејџери 8ки во епизодата: 8ки на Шишевски Опис на акцијата: Си беа еднаш две осумки. Една голема и една мала 8ка. Одеа во исто општинско училиште за јажиња, гуртни и карабинери. Само во различни одделенија. Големата 8ка не сакаше да се врзува за малата. Дури и кога иста смена во училиште избегнуваше да биде видена со малата 8ка иако заедно доаѓаа од дома до училиштето. Пред да влезат во школскиот двор се групираа со гуртните 90ки и големите HMS карабинери кои исто така ги избегнуваа нивните помали браќа, сестри и другарчиња, 60ки гуртни и овални карабинери. Големи се. Тинејџери. Знаат да се врзат во бродски и булинов јазол, како од шега. Послабичките од генерација додека трепнеш во прусик, додека маливе сеуште едвај продолжителен прават. Па како да не се прават важни? Затоа на оваа акција, драги јазли, гуртни и карабинери, поголеми и помали заедно со нивните родители, вплетените 8ки, гуртни 120ки и D карабинери, заедно ќе учиме опрема за качување, ќе водиме помали од нас по планинарска патека, ќе се забавуваме и ќе останеме скромни и полни поддршка за оние што знаат или можат помалку од нас. На релација кајакарски мост (Матка) – Св. Никола Шишевски – кајакарски мост (Матка). Должина на патеката: 4,6 km. Висинска разлика: 241 m. Стартна точка на искачувањето Кајакарски мост (на влез во кањонот Матка) 300 мнв. Опис на патеката: Сите 8ки ќе се соберат на влез од кањонот Матка, пред куќичките со кајаците, кај кајакарскиот мост. Откако ќе го поминеме мостот, наредните 300... read more

Извештаи од изминати акции

Веливар 10.03.2019

Веливар 10.03.2019

Прочка. Ден кога, нели треба да си ги простиме грешките, да побараме прошка. Затоа и само 9 „грешници“, кои на тој христијански ден отидоа, ако не во свое, тогаш во името на сите оние кои им имаат згрешено на планините, на шумите, на природата… да се покајат и побараат прошка за се она што човештвото и цивилизацијата им има направено. Традиционално, по не знам кој пат, во раните утрински часови се упатуваме кон с. Жировница од каде ја започнуваме и завршуваме оваа преубава тура. Сме ја оделе и порано зимски ама никогаш како овој пат тешко. Дека Прочка. Големи се гревовите што сме ги направиле кон природата. Некој гледа. Покрај се, сега и хидроцентрали ќе никнат кои нема да можат да ги покријат потребите ниту на Жировница. Ама затоа ќе иимаме нови асфалтирани патишта кои ќе водат до водените зафати. Барем нема многу да се мачиме за да го искачиме Веливар. Ќе ни биде на дофат. Ќе може секој што ќе посака. А може и викендици ќе никнат, тука каде што во моментот се наоѓа бачилото, каде што сега пасат овци. Тука, каде што на секој чекор среќаваме трагови од мечки, диви зајци и лисици, во блиска иднина ќе се шетаат салонски кученца и планиината ќе мириса на евтин парфем, како на Водно во недела. За некои луѓе ќе треба секој ден Прочка да биде… Ние грешните 9 души, несфатени, избркани од дома, нездрави… барем такви се епитетите со кои се служат оние повеќето, за да не опишат, тргнавме да го изуживаме уште она малку што остана, што би рекле, недопрена природа.... read more
9 март 2019  БРЕЗОВИЦА – ПИРИБРЕГ 2522м

9 март 2019 БРЕЗОВИЦА – ПИРИБРЕГ 2522м

Акцијата ја започнавме според планот, времето не послужи и за околу час и половина бевме кај ски центарот Брезовица на 1740м.н.в. На 500м пред центарот моравме да платиме влез – по 1 евро на човек плус 2 евра за минибусот. Иако беше доста рано – 8.30 часот, затекнавме голем број паркирани возила. Тоа значеше доста голема посета. Снег има во изобилство, се разбира не беше пршич но сепак поволен и за скијање. Ние шестмина се упативме по патека внесена во GPS – затоа што досега не сме биле таму. Записот не водеше право нагоре испод жичарата (двосед). Искачувањето не беше лесно бидејќи се совладува падина со убав нагиб. Моравме да ги ставиме дерезите. По 2 часа пешачење стигнавме до крајот на жичарата на околу 2250м. По краток одмор се упативме кон врвот. Трекот добро не водеше и околу 12:30 часот излеговме на врвот Пирибрег (или Кучиногледски врв) 2522м. На врвот беше ветровито и со температура испод нулата. Се засолнивме во лимен објект (останат од времето кога служеше како репетитор за потребите на Макпетрол А.Д.). Пауза за одмор и закрепнување со сендвич, чоколадо, вода… Се разбира се сликавме со знамето на Клубот. Потоа започнавме со спуштање назад по истата патека. Мене за несреќа ми се јавија грчеви во препоните и морав да се спуштам со жичарата. Останатите пристигнаа долу кај почетната станица на жичарата за околу час и половина. А долу имаше доста народ, скијачи, со санки, шетачи. Околу 15:30 часот заминавме од ски-центарот. На враќање свративме во еден убав ресторан во Штрпце каде бевме брзо и квалитетно услужени по многу пристојни цени. Околу 19 часот бевме во... read more
24.02.2019 Кобилица

24.02.2019 Кобилица

14 планинари од ЗПСК Макпетрол и Петрикор тој ден во 6 часот се појавија на зборното место, бензиската на Макпетрол во Ѓорче Петров. Беа предвидени -24°С со ветерот од околу 20-30 км/ч. Oва беше најоптимистичката прогноза нa ден пред тргнување, инаку претходните прогнози беа многу полоши. Токму затоа го сменивме првичниот план и наместо на Езерски Врв појдовме на Кобилица, каде што, според конфигурацијата на теренот и правецот на ветрот требаше да бидеме помалку изложени на „чилот“ од ветерот. Така и беше. Кога стигнавме во с. Бродец и кога излеговме од возилата сфативме колку е ладно. Моравме брзо да работиме, да се спакуваме и да почнеме да се движиме бидејќи почнавме да смрзнуваме. Паркиравме доле кај реката. Таму сонце не грее, па побрзавме да стигнеме до првите сончеви зраци на горниот излез од селото во правец на Кобилица.  Североисточниот ветер, како што стоеше во прогнозите, како што и предвидовме започна дури на излезот кај карпата, кота 2068 мнв. од каде што започнува завршното качување до врвот. Одевме нагоре а ветерот се посилно дуваше. Ставивме се што имавме на себе. На врвот стигнавме релативно брзо, бидејќи имавме замрзнат, цврст снег. Веднаш се сокривме на западната страна на Кобилица каде што воопшто не дуваше ветер и реалните – 10-тина степени не ги ни почувствувавме на силното сонце. Можеби повеќе од половина час уживавме во глетката. Но, студот си е студ. Не можевме долго да му пркосиме. Станавме, се спакувавме на брзина и повторно на „чилот“ од околу -25 степени. Имав ракавици за -30, сепак рацете ми смрзнаа, не ги осеќав долго време надолу, додека не постигнав работна температура. Кога се спуштивме... read more