Најави за акции кои следат

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Извештаи од изминати акции

Пирин Треил 2017

Пирин Треил 2017

Пирин е наш… Или нивни… Чиј ли е? Преубав е. Сите си го сакаат за себе. Секој со различна цел, и од различни побуди. Но дали секој го заслужува, се прашувам? Кога сакаш нешто, даваш одредена жртва за тоа, треба и да го заслужиш. Кога бараш треба и да дадеш за возврат. Ако го сакаш треба и да го чуваш и негуваш. Трета година по ред во ова исто време ги поминувам овие педесетина километри и секој пат се трудам да сфатам како може на толкава дистанца, три дена трeкинг, да не видам ниту едно книвче, опушок, некаква амбалажа или било што, што би ми асоцирало на цивилизација. А луѓе безброј… И тоа во нормален викенд. Зачудувачки. Домови  скоро на секое езеро, а езера „рој“, и сите полни. Не може место да се најде. Патеки извонредно маркирани со видливи ознаки (летни, зимски), табли со информации, прекрасни шуми, ниту едно дрво исечено… … И така одиме по змиулестата патека која спојува две езера, беа тоа Окото и Рибното, чинам,  и некој рече: замислете на што би личела планинава кога би била во Македонија?!… Најискрено, не би можел ни да помислам, ниту пак сакам… Годинешнава замисла да се помине истата маршрута како неколку пати до сега не успеавме да ја реализираме, бидејќи не успеавме да резервираме места во првиот дом каде требаше да отседнеме првата ноќ. Како пари да делат по домовите… Веројатно така би искоментирал некој наш урбан каубој чии воздишки ги предизвикуваат убавините на Скопје 2014.  Хижа Јаворов, еден од најубавите домови во кои сум престојувал до сега, нешто како Мериот би рекол, на наше големо жалење беше преполн... read more
Тур де Словенија и Италија – планинска бајка по врвовите на Јулиските Алпи

Тур де Словенија и Италија – планинска бајка по врвовите на Јулиските Алпи

За Словенија е речено: „Кога Господ ја создал земјата и почнал да ги расфрла убавините насекаде по неа, неговата торба се скинала и сите богатства се истуриле на едно место, на ова парче земја.“ По шестдневното дишење со полни гради заедно со планината, не би можеле да се согласиме повеќе со таа карактеризација. Јулиските Алпи се поезија од планина. Од Скопје тргнавме седуммина во комбенцето на Outdoor Adventure, створено за авантури и убави екипи: Горан Николоски (водич и организатор), Стојан Хаџи-Јефтимов (помошник водич и поддршка за превоз), Ангелина Атанасова, Христијан Ивановски, Ивана Герчакова, Снежана Велјановска, Елена Ѓорѓиевска (јас), две лубеници, две гајби со праски и една со кајсии 😊 и полно комбенце со убаво расположение, со план да ги искачиме петте највисоки врвови на Јулиските Алпи (Мал и Голем Триглав, Монтаж, Шкрлатица и Мангарт), од 8-ми до 14-ти јули 2017. Пристигнавме во Словенија доцна навечер, па веднаш се фрливме на спиење во Тонкина куќа, на патот кон превојот Вршич, највисокиот превој во Словенија. Додека возевме по серпентините нагоре кон куќата, Горан ни објаснува дека овој пат бил всушност еден од најтешките сегменти на некогашната велосипедска „Трка низ Југославија“. Во раните утрински часови ја напуштивме куќата и со комбето се упативме кон Италија. Преку Тарвисио, стигнавме до долината во близина на скијачкиот центар Села Невеа, на платото наречено Altipiano del Montasio na 1450 м.н.в. каде започна нашето качување кон првиот врв од петте планирани на нашата тура – Jof di Montasio или Монтаж (2754 м.н.в.). Тргнавме со лабави мисли и малку несвесни за предизвикот што нè чека. Наместо тура од 3 часа, денот ни приреди изненадување кое ги стави на... read more
Кавказ 2017 година, Елбрус 5642 м. и Казбек 5047 м.

Кавказ 2017 година, Елбрус 5642 м. и Казбек 5047 м.

… За миг помислив дека емоциите, љубовта, желбата и потребата од планина се губат, се трошат како многу работи во животот, па ми се виде, уште додека траеше експедицијата на Кавказ, дека по ова нема да можам да помислам на планина, барем до крајот на месецот. Ама ете, на пат кон дома, сé уште со грчеви во нозете, со хроничен замор и ненаспаност, додека го чекам долго очекуваниот ручек во еден ресторан во Степантсминда во Грузија, замелушен од пријатните звуци на некои чудни етно инструменти на кои што свиреа група млади луѓе од Франција, во ретките моменти со ви-фи пристап дознавам за наредната клупска акција на Проклетије. Mоментално заборавам на сé што сум кажал и помислил до претходниот момент и, ете ме, по само едно деноноќие, по четврти пат, пак на Проклетије… Прекрасна тура, прекрасно друштво, едноставно не смееше да се пропушти, но за тоа потоа… Кавказ 2017, што да се каже, а да не се испушти нешто, и во исто време да се остане концизен, ненаметлив, интересен, информативен. Затоа, нека биде ова еден вид водич, полн со сите потребни информации и препораки за сите оние што сакаат за првпат да се упатат во тој правец. На 14 јули 2017 година, во организација на ПСД Макпетрол, во петок во претпладневните часови, петчлената екипа во состав: Елена Џекова, Ирина Дишовска, Дарко Вуловиќ, Тодор Ивановски и Петар Герасимов, четири членови на ПСД Макпетрол и еден член od ВАК Анапурна, тргнавме со прецизно зацртан план и одредено време на патување, пристигнување, претходно извршени резервации за попатни ноќевања, точно определен редослед на ноќевања во домовите, план за аклиматизација, предвидени денови за искачување на... read more