Зачленување

ПСД Макпетрол е член на ФПСМ (Федерација на Планинарски Спортови на Македонија)

Секој член на ПСД Макпетрол добива членска книшка и маркица за платена членарина за тековната календарска година. Цената за членување во клубот за тековната година во која се вклучени членската маркица и животно осигурување изнесува 300 ден.

За да станете член на ПСД Макпетрол треба да пополните и потпишете Пристапна изјава – која може да се симне од следниот линк.

Изјавата треба да ја пополните и да ја испратите по мејл или да ја понесете со себа на состанок на клубот – притоа понесете и една мала фотографија доколку немате членска книшка.

За детали за осигурувањето погледнете на следниот линк.