Најави за акции кои следат

22 април, недела, ПЕСКОВИ 2651 м.

Податоци за патеката: Средно тешка, должина 5 км., 1150 м. Д+. Движењето ќе се одвива во отежнати услови во горните делови поради наноси од снег. Температурата ќе биде висока а тоа дополнително ќе го отежне движењето поради можно пропаѓање во мекиот снег. Ако има можност, во зависност од состојбата на снегот, временските услови и спремноста на групата, можно е продолжување до Езерски Врв уште 3 км., ќе се одлучи на самото место. Враќањето е по истата патека. Потребна е добра психофизичка подготвеност и искуство за движење по стрмен снежен терен и користење на техничка опрема (дерези и цепин). Турата не е за почетници. Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не им дозволи на недоволно подготвените да учествуваат на истата. Превоз: со сопствени возила. Се оди од Превала, Косово. Потребен е зелен картон за возилото и задолжително носење лична карта за преку граница. Време на поаѓање: 06:00 часот на бензинска пумпа на Макпетрол во Визбегово. Потребна опрема: цепин, дерези, планинарски стапчиња, обувки и облека според временската прогноза. Храна и течности: од ранец Пријавување: тел. 070 330 765 или во порака на фејсбук Водачи: Петар Герасимов Тодор Ивановски        ... read more

23 – 27 мај 2018 РАФТИНГ на ТАРА (врв Маглиќ, Вишеград, Мокра Гора, Златибор)

Акција во соработка со Туристичката агенција ЕХ – Travel од Прилеп. Рафтингот е јако адреналинско доживување. Неможе да се раскаже, треба да се доживее! Овој термин совршено се вклопи – нивото на Тара е високо, времето е убаво топло а четвртокот и петокот се неработни денови – Св.Кирил и Методиј и Духовден. ПРОГРАМА: 23 мај 2018 (среда) – Во 22ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Ноќно возење Скопје – Призрен – Скадар – Подгорица со попатни потребни паузи. 24 мај 2018 (четврток) – Околу 7ч пристигање во Подгорица. Пауза за доручек и кафе и краток разглед на центарот и соборниот храм на Христовото воскресение. Потоа продолжување на патот до манастирот Острог или во Цетиње посета на мавзолејот на Његош. Околу 15ч пристигање во кампот “3 воденици” на река Тара. Ручек и сместување во етно-дрвени куќички. Во кампот има убав санитарен чвор и убав покриен ресторан. Храната е одлична!  Попладневен одмор. Вечера. Ноќевање. Преубави специјалитети! Преобилно! 25 мај 2018 (петок) – Доручек. Потоа припрема за рафтинг. Околу 11ч поаѓање узводно покрај река Тара до местото за почеток на рафтингот. Околу 12ч почеток на спуштањето по Тара.   Околу 15.30ч завршување на рафтингот, туширање и ручек. Попладневен одмор. Вечера и заедничко дружење покрај оган.Ноќевање. 26 мај 2018 (сабота) – Во 6ч поаѓање кон националниот парк Сутјеска и искачување на врвот Маглиќ 2386м. Тоа е извонредно убава природа, извонредно убава пешачка тура. Маглиќ е најубавиот врв на кој сум се искачил! Спуштањето од врвот води преку прекрасното Трновачко езеро и потоа до местото каде што не чекаат комбињата. Во попладневните часови пристигање во Кампот. Вечера и заедничко дружење. Ноќевање. 27... read more

АЛПИ 2018

Во склоп на експедицијата „Алпи 2018“ предвидени се искачувања на 3 планини во период од 27 јули до 5 август (Јулијски Алпи, Гран Парадисо и Монте Роса) и 6 врвови и тоа: Триглав (2864 м.), Гран Парадисо (4061 м.), Цумштаин (4563 м.), Сигналкуп (4554 м.), Винсент Пирамид (4215 м.) и Балменхорн (4167 м.)   ПРОГРАМА 27.07.2018 (Петок) Поаѓање 00:30ч. Поаѓање во раните утрински часови, патување преку Белград, Загреб, Љубљана (со попатни паузи) и пристигнување во Мојстрана во попладневните часови17:00ч. Сместување во подножјето на Триглав во Аљажева куќа(планинарски дом), ноќевање. 28.07.2018 (Сабота) Станување утрото во 06:00ч., доручек подготовки и тргнување кон Кредарица во 07:00ч. Предвидено е искачување по Томашкова пот (via ferrata) 11:00ч., сместување во Кредарица, мала пауза до 12:00ч. и искачување на Триглав (2864 мнв.) околу 14:00ч. Симнување до Кредарица16:00ч. Ноќевање. 29.07.2018 (Недела) Станување во 05:00ч. доручек, пакување и тргнување во 06:00ч. кон Аљажева куќа. Пристигнување во 09:30ч. во Аљажева куќа, пакување и тргнување во 10:00ч. кон Pont (Гран Парадисо национален парк). Пристигнување во Pont во 18:00ч. Сместување во бунгалови. Ноќевање 30.07.2018 (Понеделник) Станување во 07:00ч. доручек, пакување на опремата. Поаѓање во 09:00ч. кон Vittorio EmanueleII Hut. Пристигнување во 12:00ч. во домот сместување прошетка (аклиматизација) и ноќевање. 31.07.2018 (Вторник) Станување во утринските часови 02.00ч. доручек, подготовки и поаѓање во 03:00ч кон врв (4061 мнв.). Предвидено искачување на врв е 12:00ч. мала пауза фотографирање на групата и симнување кон Vittorio Emanuele II Hut, мала пауза и продолжување со симнувањето до Pont, пристигнување до 19:00ч. Ноќевање. 01.08.2018 (Среда) Станување во 06:00ч. доручек, препакување на опремата и поаѓање во 08:00ч. кон Staffal, по извозени 150км. Предвидено е пристигнување во 11:00ч. вадење на... read more

Извештаи од изминати акции

НА КРАЈ НА СВЕТОТ

НА КРАЈ НА СВЕТОТ

„Каде бевте?“ „На крајот на светот“, им кажувавме на пријателите. „Where are you from?“ – не прашуваа патем. „From Macedonia“, им одговаравме. „Where is that?“ – се интересираа. „FIN DEL MONDO“, „На другиот крај на светот“ им објаснувавме со смеење. И навистина бевме крај на светот. Скопје – Солун – 5 часа. Солун – Истанбул – 1 час. Истанбул – Сао Паоло – 12 часа. Сао Паоло – Буенос Аирес – 2 часа. Буенос Аирес – Ушуаја – 4 часа. Побрзо ќе стигневме на друга планета. Во авионите јадевме, спиевме и се дружевме со луѓе од цел свет. Со студентка од Чешка која во Буенос Аирес ќе учи шпански јазик; со аргентинката Ноелиа која ни го откри танго клубот „La Viruta“ во Буенос Аирес каде што уживавме во тангото до рано наутро; со стујардот Енгин од Turkish Airlines чија баба била од Куманово, со бразилци кои во Истанбул пресадуваа коса. Во Патагонија се запознавме и со полјаците Ева и Јацек кои со возило шетаат низ светот; со стружанката Малидона која самата шеташе низ Патагонија; со германците Кристијан и Ева кои се качуваа на Фиц Рој; со Фредерик од Данска кој автостопираше и бараше хуманост низ светот; со Надав од Израел кој имаше направено перфектни фотографии од врвовите Торес дел Паине и со Џули од Австралија која беше на Антарктик. Но, најмногу ми се допадна што уште подобро се запознав со луѓето со кои тргнав во Патагонија. Со Лиле, Наташа, Климентина, Димитар и Валерјан. Такво дружење, смеење, пеење одамна немам видено на некоја тура. Патагонија е голема област во јужниот дел на Јужна Америка, многу ветровита, поделена меѓу Аргентина и... read more
Зимски камп, Церипашина, 13-14.01.2018

Зимски камп, Церипашина, 13-14.01.2018

Сабота 13,01,2018г, 6:00ч. зборно место бензиска Макпетрол на излез од Скопје… Учесници: Рики, Петар, Тоше, Маја, Јојо, Томе, Дејан, Симона, Ели Не паметам точно кој ден беше, но точно паметам дека идејата ноќ на Церипашина направи поп ап во една групна порака на месинџер. Веднаш започна прелистувањето на веб страните со метеролошки информации. Интересно…Ќе замрзнам, ама ќе одам да го доживеам замрзнувањето. На брзина се преслушавме, кој што има од опрема и прецизиравме детали. На Шапка (1780мнв.) бевме некаде околу 8,30ч. Чевли, дерези,скии,ранци… Кога ги намонтиравме ранците на грб сфативме дека се прилично тешки. Но, што е тука е, мора да се однесе. Тргнавме. Времето воопшто не беше нит ветувачко, нит идеално. Вееше снег, небото беше потполно затворено, магла… Набрзо го фативме ритамот на движење кое се повеќе личеше на каскање. Но нели, на долги релации темпото треба да е такво, па заклучокот беше дека е идеално. Имаше тазе наврнат снег, доволно за да треба да се разгазува. Правецот беше само угоре кон целта. Дуваше западно ветре, доволно за да ти ја заледи целата западна страна од телото. Си велев, “ах ова западново уво скроз ми замрзна”. Така окупирана од своите мисли,  после 2 ипол часа пешачење, пред мене се истопорија тарабите. Се насетува целта. И тогаш во пресрет се појавија четворица бордери, со кои за малку ќе се судревме поради густата магла. Се качиле со жичарата која повремено работи. Ете не. Церипашина 2400мнв, Шар Планина Столбовите на жичарата, како и куќичката беа налепени со снег, како немој несмасно да го нафрлил врз нив. Нашите придружници, двата шарпланинци кои не следеа цел пат,си го најдоа своето место. Едното  мирно... read more
ИЗВЕШТАЈ од акцијата ЉУБОТЕН 2017

ИЗВЕШТАЈ од акцијата ЉУБОТЕН 2017

Искачувањето на Љуботен во чест на 13 Ноември – денот на град Скопје оваа година беше јубилејно десето по ред откако званично започнавме да го промовираме и реализираме. Како и секоја година акцијата беше навреме објавена и отворена за учество на сите планинарски друштва и поединци. За жал временската прогноза претходните денови беше непогодна па затоа изостана помасовно присуство. Но, за среќа на учесниците временските прилики и во саботата и во неделата се покажаа одлични! Добрите луге ги следи добро време! Неделното утро беше сончево и без магла, со температура која беше и повисока во однос на просечната за овој период од годината. Автобусите со учесниците тргнаа од Скопје нешто после 6ч. и околу 7:30ч пристигнаа во Старо Село. Отаму во организирана колона учесниците предводени од планинарските водичи тргнаа кон планинарскиот дом Љуботен каде пристигнаа околу 9:30 – 10:00ч. На платото пред домот ги чекаше топол чај. После краткиот одмор колоната продолжи кон врвот Љуботен 2498м. На тој дел од патеката беа распоредени петмина планинарски водичи со радиостаници кои внимаваа искачувањето да тече во најдобар ред. На моменти падините ги покриваше магла, пред и на самиот врв имаше снег и дуваше засилен ветер но за цело време беше сончево и искачувањето се одвиваше нормално. Што се однесува до бројот на учесниците, по моја проценка ги имаше повеќе од 400. Дојдоа учесници од Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Велес, Врање, Белград… Врвот беше ,,затворен,, во 13:15ч и водичите започнаа со спуштање кон планинарскиот дом опоменувајќи ги оние кои сеуште се качуваа дека безбедноста налага да прекинат со качување и да се вратат во домот. На оние кои несакаа да послушаат им... read more