Архива од сите најави за акции

04.02.2018 недела, Мирска Вода и Миленков Камен

Програма:   6 часот поаѓање од Кисела Вода кај првата рачва (кај коњот). Превоз: во сопствена режија Податоци за патеката: Тешка (не е за почетници). Кружна. Должина: 17 км. во двата правци, висинска разлика: 1450 м. Време потребно: 9-10 часа (во зависност од состојбата на снегот). Опрема: облека и обувки за зимски услови, дерези, планинарски стапчиња, челна лампа, гамашни. Следете ја временската прогноза. Храна и течности: за целодневна тура   Водачи: Петар Герасимов 070 330 765 Тодор Ивановски 070 368...

28 јануари 2018 СКОПСКА ЦРНА ГОРА (с.Љубанци – Здравец)

Еднодневна тура. ПРОГРАМА: 28 јануари 2018 (недела) – Зборно место последна станица на автобус број 47 во с.Љубанци (кај игралиштето). Од транспортен центар автобусот број 47 поаѓа во 07:00 часот. Околу 07:45часот поаѓање на групата кон врвот Здравец 1540м.н.в. Висинска разлика 840м. Должина на патеката 5+5 = 10км. Патеката е средно тешка. Време на пешачење вкупно 5 часа (искачување + враќање). ПОТРЕБНА ОПРЕМА – не е потребна посебна техничка опрема. Потребни се добри планинарски кондури и облека според временските услови, шише со вода и храна од ранец. ПРИЈАВУВАЊЕ – на телефон  076 274-742, водич Дарко Трајковски...

9 – 11 фебруари 2018 КОПАОНИК

Копаоник е елитен ски центар на Србија. Природата е извонредно убава а и инфраструктурата е на високо ниво. Питома планина, доволно снег, 25 жичари и две подвижни ленти, многу ресторани, хотели, два планинарски дома, гостољубив народ – сето тоа ветува убаво доживување. Во тоа сме се увериле многу пати. Линк: http://www.infokop.net/staze-i-zicare/zicare-i-staze-2.html     http://www.infokop.net/images/stories/cenovnici/2018/zima/cenovnik-ski-pass-kopaonik-2018.png?openInSafari=true ПРОГРАМА: 9 фебруари 2018 (петок) – Во 14ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Околу 19ч пристигање на Копаоник (преку Косово). Сместување во приватна вила во соби со 2 или 3 кревети. Вилата е на 3км од центарот на Копаоник. Ноќевање. 10 фебруари 2018 (сабота) – Во 8ч одиме со превозот до центарот на Копаоник. Скијачите на скијање а за планинарите прошетка – искачување до Панчиќев врв 2014м (еден час пешачење) и прошетка по ски патеките. Потоа спуштање до централниот хотелски комплекс, посета на пазарот. Во 17ч целата група се враќа во вилата. Одмор и заедничко дружење. Ноќевање. По договор може да организираме заедничка вечера во близок ресторан. 11 фебруари 2018 (недела) – Во 8ч со стварите ја напуштаме вилата и одиме до центарот. Скијачите на скијање а за планинарите прошетка до другиот дел од ски центарот – кон релејот Гобеља и потоа посета на планинарскиот дом “Ртањ каде во атрактивен амбиент може да ручаме јадење зготвено во керамички лонец во жар од огромното огниште или пак прасечко од ражен. Во 17ч поаѓање за Скопје, пристигање околу 22ч. ЦЕНА – 75 евра (за превоз, две ноќевања и осигурање). ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – лична карта И ПАСОШ! ПОТРЕБНА ОПРЕМА – топла зимска опрема ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до пополнување на местата во минибусот, најдоцна до 20 јануари 2018....

3 фебруари 2018 БРЕЗОВИЦА (Косово, Шар Планина)

    Еднодневна акција за скијање и планинарење. Областа на Брезовица е со височина до 2.500м (до врв ПИРИБЕГ). Скијачкиот центар Брезовица е идеално лоциран на север и северозапад во пазувите на Шар Планина. Се протега на 39.000 хектари на високо алпски планински терен и шуми, со многу различна и богата флора и фауна. Во оваа област се ски патеките со просечна должина од околу 4 километри, на височина од 1.718 m. Жичарницата е на 2.212 m надморска височина. Ски центарот “Брезовица” е отворен за скијање во текот на сите годишните времиња, дури и во текот на летото неговата површина е покриена со снег но со мала можност за експлоатација. Широките скијачки терени се направени од еден систем кој вклучува: 5 столни лифтови и 5 ски лифтови.  Постојат 4 хотели во Брезовица. Три нови лифтови се отворени во 2008 година. ПРОГРАМА: 3 фебруари 2018 (сабота) – Во 7.30ч поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта. Околу 9ч пристигање во ски-центарот Брезовица нa 1740м. Скијачите на скијање а планинарите: ГРУПА А – кон гребенот со врвот Пирибег 2524м. ГРУПА Б – прошетка по достапните безбедни падини со утабани патеки. Во 18ч враќање за Скопје. ЦЕНА – 700 денари за превоз. ПОТРЕБНА ОПРЕМА ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ – топла зимска облека, планинарски кондури, капа, подкапа, ракавици, резервни ракавици,челна лампа, стапчиња, дерези, по можност и цепин, шише со вода или термос со чај. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – лична карта и планинарска книшка со маркица за 2018г. ПРИЈАВУВАЊЕ И  УПЛАТА на тел.  070 725 – 880,  070 200 – 506 e-mail:  nikola.donovski@gmail.com /  Goran.Nikoloski@telekom.mk  ...

26 – 28 јануари 2018 БАНСКО (скијање,планинарење)

Банско e рекреативен скијачки центар на Пирин планина со светско реноме. Започнува на надморска височина од 925 м. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м. ПРОГРАМА: 26 јануари 2018 (петок) – Во 15ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Околу 20ч пристигање во Банско. Сместување во хотел ВИХРЕН (хотел со 3 ѕвезди, во централното градско подрачје, на 400м од жичарата). Сместување во соби со 2 или 3 кревети. Ноќевање.         27 јануари 2018 (сабота) – Доручек од 7 до 7.30ч по бугарско време. Потоа скијачите на скијање. За планинарите: – ГРУПА  А – превоз до ШИЛИГАРНИК. Од таму, доколку дозволат временските услови, искачување по крајниот страничен дел од ски патеката нагоре кон врвот ТОДОРКА  2746м. Потоа враќање назад и превоз до хотелот. – ГРУПА  Б – пешачење по ски патеката под жичарата (има околу 9км до крајот на жичарата). – ГРУПА  В  –  Доколку има некој кој сака да се бања тоа може да го направи во затворен базен во некој од хотелите. Навечер заедничко дружење. Ноќевање. 28 јануари 2018 (недела) – Доручек. Скијачите на скијање. Останатите можеме да ја посетиме Бања каде има базен со топла минерална вода. Скијачите треба до 15.30ч да дојдат во хотелот. Во 16ч заминуваме за Скопје. ЦЕНА – 60 евра (за превоз и две ноќевања) + 300 денари за планинарите за членарина која опфаќа осигурување од несреќен случај на планина. ЛИНК за цени на ски-билетите:  http://www.skipoint.info/cards/index?pid=7ce325e059b94260c05876b18676164b ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – пасош. ПОТРЕБНА ОПРЕМА ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ – зимска топла планинарска опрема, дерези, челна лампа, по можност и цепин. ПРИЈАВУВАЊЕ  И  УПЛАТА – до 19 јануари...
ЗИМСКА ШКОЛА НА ПСД МАКПЕТРОЛ 2018

ЗИМСКА ШКОЛА НА ПСД МАКПЕТРОЛ 2018

Обуката е наменета за планинари почетници и планинари со напредно планинарско искуство, за членови на планинарски друштва и други заинтересирани. Недела 14 јануари 2017 07:00 – Поаѓање од Скопје кон Попова Шапка 09:00 – 12:00 – Прв дел од обуката 12:00 – 13:00 – Пауза 13:00 – 15:30 – Втор дел од обуката 16:30 – Поаѓање кон Скопје ПРОГРАМА* Прв дел од обуката (работа во групи). Движење по снег и употреба на планинарски стапчиња. Употреба на дерези. Употреба на цепин. Движење со дрезги. Изработка на снежен профил. Втор дел од обуката Движење во наврска. Спречување на падови со цепин. *Школата се состои од работа во групи, при што секој член од групата ќе го проба и изведе презентираното. Потребна опрема за планинарите Лична опрема: облека и обувки соодветни на временските прилики, ранец. ПСД Макпетрол обезбедува 6 пара техничка опрема (појас, шлем, дерези, цепин, планинарски стапчиња, дрезги). Цена: 400 денари Пријавување: 11  јануари 2018 (четврток) Горан Николоски: 070/200-506, goran.nikoloski@telekom.mk Петар Герасимов: 070/330-765, pgerasimov2010@gmail.com Стојан Хаџијевтимов: 087/315-213, mitre312@gmail.com Никола...

18 – 21 јануари 2018 БОРОВЕЦ (скијање,планинарење)

Акција во продолжен викенд (петокот е неработен ден – Водици). Боровец (до 1950 Чам Кориjа) e светски рекреативен скијачки центар на планината Рила. Ситуиран е на надморска височина од 1350 m, и е наjстарo планинско одморалиште во Бугарија – постои од 1896 година, кога царот Фердинанд создава летна резиденциjа. Располага со 25 скијачки патеки со различна тежина за скијање и 12 жичари и ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е Jастребец – 2369 m, откаде има излез кон Мусала, највисокиот врв на Балканот. ПРОГРАМА: 18 јануари 2018 (четврток) – Во 15ч поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта. Околу 20ч пристигање на Боровец. Сместување во планинарски дом ШУМНАТИЦА. Ноќевање. Планинарскиот дом Шумнатица се наоѓа на 3км од центарот на Боровец. Има капацитет од 48 легла. Собите се со 4 и 8 легла (4 кревети на спрат). Секоја соба има предсобје за одлагање на ствари и купатило со туш. Загревањето е со подно греење. Има убава трпезарија за обедување и дружење и дневна соба со камин и телевизор. Може да се добие храна (доручек 2-3 евра, вечера 5-7 евра) и пијалок. 19 јануари 2018 (петок) – Во 8ч по бугарско време одиме кај жичарата. По замена на пари скијачите на скијање а за планинарите прошетка низ Боровец и околината, посета на царската вила или капење во покриениот базен во хотел Рила. Во 17ч собирање на целата група пред жичарата и враќање во пл.дом. Одмор и дружење. Ноќевање. 20 јануари 2018 (сабота) – Скијачите на скијање. За планинарите искачување на Мусала 2925м. Во 7.45ч одиме кај жичарата. Со првите кабини се искачуваме до Јастребец 2300м. Скијачите остануваат на ски терените а со планинарите доколку дозволуваат временските услови ќе направиме обид за искачување на врв Мусала....

9 – 10 декември 2017 ВИТОША (Црн врв 2290м) и СОФИЈА

Викенд акција за посета на продавниците за планинарска и друга спортска опрема ДЕКАТЛОН и СТЕНАТА, обиколка на културно историските споменици во Софија и искачување на ЦРН ВРВ на ВИТОША. П Р О Г Р А М А: 9 декември 2017 (сабота) – Во 04ч. поаѓање од Скопје од жел.станица – паркинг пред Пошта. Пристигање во Софија околу 9ч. Посета на Декатлон и потоа доаѓање во централниот дел на Софија каде е продавницата Стената и културно историските споменици.  По желба разгледување на катедралата Александар Невски, црквата Света недела, црквата Света Петка и Руската црква Свети Николај Чудотворец. Катедралата Александар Невски Aлександар Невски е роден 1220 година, како син на големиот кнез Јарослав Vsevolodovich. Во 1228 година тој добил власт над Новгородското кнежевство. Кога папата Гргур IX во 1237 година организираше крстоносна војна за освојување на руската земја, принцот Александар застана во заштита на православната вера и во битката на устието на реката Izhora, на брегот на Нева, победи на 15 јули 1240 со голема победа, по што го доби својот прекар “Невски”. Успешно се спротивстави на литванско германската инвазија и однесе славна победа на 5 април 1242 година, на Чудесното Езеро.  Бату кан му порачал дека ако сака да ја задржи власта, мора да дојде до монголскиот камп и да се поклони. Александар се согласил и дошол во логорот но како исповедник на христијанската религија, и не се поклонил. Бату кан му дал власт над целата јужна Русија и Киев (1249). Од 1252 тој бил именуван за Големиот војвода. Починал на 14 ноември 1263. Храмот-споменик на Светиот Александар Невски е патријаршиска катедрала на Бугарската православна црква во Софија. Изградена е...
18 ноември, сабота, ТИТОВ ВРВ

18 ноември, сабота, ТИТОВ ВРВ

Програма: 18 ноември, сабота 05:00 часот поаѓање од бензинска на Макпетрол на излез во Ѓорече Петров. Превоз во сопствена режија Технички податоци: должина, 19.5 км во двата правци, висинска разлика (D+) 1900 м. Време потребно за целата акција, 10 часа. Се оди по зимската патека Задолжителна опрема: дерези и планинарски стапчиња Облека и обувки според временската прогноза Храна од ранец, течности околу  2.5 литри. Турата е многу напорна, не е за почетници, бара добра психофизичка подготовка и искуство. поради тоа организаторот зема за право да направи селекција на пријавените.   Водачи: Петар Герасимов Тодор Ивановски   Пријавување на: e-mail pgerasimov2010@gmail.com тел: 070 330 765 facebook, во...

4-5 ноември – Паштрик (Косово) и Шкељзен (Албанија)

Дводневна акција за искусни планинари во добра физичка кондиција со истражувачки карактер. Поаѓање од Скопје во сабота (4 ноември) во 5 часот наутро. Се вози до с. Планеја во близина на Призрен а во подножјето на Паштрик. Паштрик е планина на граница меѓу Косово и Албанија и има многу интересна струкура – целата е како да е редена во слоеви. Највисокиот врв е 1986 m. Се очекува снег во горните делови Потоа се оди до Ѓаковица кадешто се престојува во хотел. Следниот ден рано наутро поаѓаме кон Албанија – масивот на Проклетије – до селото Хоџај. Од таму нагоре до врвот Шкељзен кој е висок околу 2404 m (некаде пишува 2407 m). Ретко искачуван но имозантен и стрмен врв – карпест во горните делови како што е впрочем и целиот масив на Проклетије. Се очекува снег и да е подмрзнато. Задолжителна зимска облека, обувки и опрема. Дерези и планинарски стапчиња или цепин. Број на учесници ограничен – најмногу 10. Пријавување кај Трајче Панковски, 070-268-435...

Архива