Податоци за патеката: многу напорна и техничка тура, должина: 22 км. во двата правци, 2200 м. Д+. Се тргнува од месноста Горција, неколку километри пред Приониа. До 2000 мнв. се движиме во шума, се до планинарскиот дом Петроструга. Патеката продолжува уште малку низ разретчена иглолисна шума и излегува на сртот кој води до платото на музите каде има два планинарски домови. Од таму се оди по Зонариа, безбедна патека по изохипсата под Стефани се до кулоарот Луки од каде се искачува врвот Митикас 2917. Потоа се спуштаме од јужната страна, преку Скала 2866 мнв., до вториот по височина врв на Олимп, Сколио 2912 мнв. Враќањето до Платото на музите ќе се изведе по Зонариа и назад повторно преку Петроструга до Горциа.

Потребна е извонредна психофизичка подготвеност и искуство за движење по стрмен карпест терен и користење на техничка опрема.

Турата не е за почетници. Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не им дозволи на недоволно подготвените да учествуваат на истата.

Превоз и едно ноќевања: во сопствена режија (шатор или планинарски дом, по избор).

Сабота, 30.06.2018   03:00 часот поаѓање од Скопје

Недела, 01.07.2018    Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

Потребна опрема: планинарски стапчиња, обувки и облека според временската прогноза, појас, кацига, 2 гуртни 120 см., 3 карабињери и 1 помошно јаже со должина 1.5 – 2 м. (прусик).

Искачувањето на учесниците ќе биде обезбедено со јаже поставено на фиксни клинови

Храна и течности: од ранец, може да се купи и во домовите.

 

Водач:

Петар Герасимов тел. 070 330 765 или во порака на фејсбук