На 14 јануари 2018 година, на Попова Шапка, беше одржана третата по ред Зимска Школа на планинарско спортското друштво Макпетрол од Скопје.

60-тина учесници, од целосни почетници, до искусни планинари, учествуваа во практичната примена на зимската техничка опрема и техниката на движење во зимски услови под надзор на регистрираните планинарски водичи: Никола Доновски, Стојан Хаџијевтимов, Петар Герасимов, Марјан Милановски, Деан Ивановски, Владимир Трповски и Горан Николоски.

Учесниците на Зимската школа користеа своја техничка планинарска опрема, но, и техничка планинарска опрема обезбедена од ПСД Макпетрол: дерези, цепини, шлемови, појаси, јажиња, карабинери, дрезги.

Во првиот дел од Школата, на падината во близина на хотелот „Бора“ на Попова Шапка, на учесниците им беа покажани: движење по снег и употреба на планинарски стапчиња, употреба на дерези, употреба на цепин, движење со дрезги, изработка на снежен профил. Секој од учесниците повеќепати го проба покажаното. Во попладневниот дел од Школата учесниците вежбаа движење во наврска по стрмен терен и спречување на падови со цепин.

Напишал: Горан Николоски

Фотографии: од учесниците.