Податоци за патеката: тешка, должина 22.5 км. во еден правец. Висинска 1650 Д+. Движењето по патеката ќе се одвива по мешовит терен, горниот дел на патеката ќе биде со снежни јазици и снежни стреи. Временските услови се поволни за пешачење, во попладневните часови се очекуваат врнежи и грмотевици. Враќањето е по иста патека.

Потребна е добра психофизичка подготвеност и искуство за движење по стрмни и снежни терени.

Турата не е за почетници. Организаторот има право да направи селекција и да не им дозволи на недоволно подготвените да учествуваат на истата. Акцијата може да се откаже во зависност од временските услови или некои други фактори на теренот.

Превоз: со сопствени возила.

Почетна точка на поаѓање е од с. Жировница 950 мнв.
Време на поаѓање: 05:00часот, бензска пумпа Макпетрол Ѓ.Петров.

Потребна опрема: планинарски стапчиња, обувки и опрема според временската прогноза.

Храна и течности: од ранец.

Пријавување на телефон: 070 36 85 25
Водачи: Тодор Ивановски
Петар Герасимов