Еднодневна, релативно лесна акција на 31 март, на двата централни врвови на планината Бабуна – Кадиица (1430 м.н.в.) и Лута (1500 м.н.в.), од каде што се протега прекрасен поглед на Пелагонија.

Се поаѓа од селото Ораов Дол (500-550 м.н.в.) по обележана патека до изворишниот дел на реката Брезица. Оттаму, по не толку видлива патека (на одредени места воопшто и нема да се оди по патека) планирано е да се отиде прво на врвот Кадиица (времетраење на искачувањето од околу 2 часа), а потоа оние кои што сакаат можат да се искачат и на соседниот врв Лута кој е оддалечен половина час. Вкупната должина на патеката во двете насоки изнесува 13-14 км. Доколку има време, може да се посети и месноста Момин Вир.

За подетални информации за овие предели, погледнете ги претходните акции на планинарското друштво. Извештајот од 2015 година може да се види тука.

Тргнување од Скопје во 5.00 на бенизнската пумпа Макпетрол на источниот излез.

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА:

– облека – соодветна за движење во пролетни услови, без многу снег, но со променливо време;

– вода – добро е да се понесе барем 1 литар вода;

– цена – во договор со превозниците.

ПРИЈАВУВАЊЕ:

Велимир Граоркоски  071 564-458 / veljogr@yahoo.com