СООПШТЕНИЕ: заради новонастанатите временски прилики оваа акција ќе ја реализираме во САБОТА 24 март 2018.

ПРОГРАМА:  сабота 24 март 2018.

Во 6.45ч автобус на ЈСП број 61 поаѓа од Транспортен центар. Последна станица е с.ПОБОЖЈЕ. Тоа е и зборното место од каде во 7.30ч ќе започне акцијата.

ВИСИНСКА РАЗЛИКА – акцијата започнува од 550м.н.в.  а целта е на 1550м.н.в. Денивелацијата е околу 1200м.

ДОЛЖИНА НА ПАТЕКАТА – околу 10км во еден правец.

ПОТРЕБНО ВРЕМЕ ЗА ПЕШАЧЕЊЕ – вкупно во двата правци околу 8 часа.

ТЕЖИНА НА ПАТЕКАТА – средно тешка патека а снегот дополнително ќе го отежне пешачењето.  Учесниците треба да располагаат со добра психофизичка кондиција.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА – задолжителна зимска опрема: топла облека, планинарски кондури, гамашни, планинарски стапчиња, капа, ракавици, доколку е сончево наочари и крема за сонце. Храна од ранец, 1.5л вода.

ПРИЈАВУВАЊЕ – на тел. 076 274-742  /  070 725-880

ВОДИЧИ – Дарко Трајковски и Никола Доновски