Традиционална акција на ПСД Макпетрол во соработка со ТА Еx – travel од Прилеп. Ја објавуваме порано заради неопходното планирање на годишен одмор и навремено обезбедување на сместување и превоз.

Островот КОРЧУЛА (Corcyra Nigra) припаѓа на Дубровачко – Неретванската жупанија, има површина од 279 км2, должина 47км, ширина 5,3 – 7,8км. Има 16.000 жители. Највисоки брда се Клупча 568м и Ком 508м. Корчула е шести по големина Јадрански остров. Климата е блага медитеранска со просечни температури во јануари 9,8оС и во јули 26,9оС. Островот е прекриен со медитеранска флора и понекаде со борова шума. Едно од најразвиените полиња е Блатско поле кое е и најголемо.

Островот е поврзан со траекти со Оребиќ на полуостровот Пељешац и со Ублим на островот Ластово а на лето и со други градови и со Италија.

  

Траект на Јадролинија.                                                  Градот Корчула.

Најголеми населени места се главниот град Корчула, Блато и Вела Лука. Во градот Корчула постои куќата во која е роден Марко Поло. Според легендата Тројанскиот јунак Антенор ја населил Корчула во 12 век пред Христа. Второ населување извршиле Илирите.

Корчула била освојувана од Дубровачката република, од Венеција, од Австрија, од Наполеон, била под Италијанска и Германска окупација. Од 1945г е во составот на Р. Хрватска.

П Р О Г Р А М А :

24 август 2018 (петок) – Во 20ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Ноќно возење преку Призрен и Скадар до Будва.

25 август 2018 (сабота) – Околу 7ч наутро пристигање во Будва. Пауза за одмор и доручек – околу 2 часа.

Словенска плажа

Продолжување на патувањето  кон Корчула. Пристигање на Корчула – во Завалатица –  во раните попладневни часови. Сместувањето е во приватни куќи во апартмани со кујна и спални соби. Кујните се опремени со сите потребни елементи и прибор. Ќе имаме 8 ноќевања.

____________________________________________________________

2 септември 2018 (недела) – После доручекот заминување за Скопје. Попатно застанување за разглед на Дубровник. Пристигање во Скопје во доцните вечерни часови.

ЗАВАЛАТИЦА е мало, мирно место со околу 200 куќи сместено во залив. Воздухот има прекрасен мирис на море и борови. Има еден убаво снабден маркет и два ресторани.

  

Водата е кристално чиста. Ова ќе биде наша седма посета на Корчула.

На 10 минути од куќите се наоѓа извонредно убава плажа – ЖИТНА.

Тоа е плажа како од филмовите.

Над куќите има ограден терен за спортување. На 2км од Завалатица се наоѓа малото село Чара кое е поврзано со автобуска линија до градот Корчула или до Вела Лука. Во случај на потреба може да се користи и такси.

ЗА РИБАРИТЕ местото е рај! Можат да фаќаат риба по цел ден од плажите покрај брегот или со чамци на мештаните.

Дружење навечер

Еден од мештаните има чамец за 20 особи и со него може да се организира целодневна прошетка околу Корчула или посета на Ластово или Мљет. Во цената на нашиот аранжман е вклучена посета на Вела Лука, Корчула и Лумбарда. Градот Корчула и Вела Лука со траектни линии се поврзани со Хвар, Ластово и Сплит. Може да се организира и посета на Мљет со брод од Лумбарда.

ЗА ПЛАНИНАРИТЕ еден ден ќе организираме искачување на врвот Св. Илија над Оребиќ кој е висок 960м. Искачувањето започнува од 0 мнв и потребни се околу 3,5часа пешачење до врвот. Глетката од врвот е величествена. За ова искачување потребни се планинарски кондури или патики со јак гумен ѓон, стапчиња и мал ранец.

Оребиќ  и Св.Илија

Мал одмор на патеката кон врвот.

Пред планинарскиот дом на 500м. пред врвот.

Глетка од врвот Св.Илија

И на врвот

Прошетка низ прекрасниот Дубровник

ДОМАЌИНИТЕ НА КУЌИТЕ имаат свои лозја и од грозјето прават извонредно квалитетно вино кое го продаваат по мошне пристапна цена. Истото важи и за маслиново масло.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ –  200 евра. Цената опфаќа: превоз со автобус / минибус, износ потребен за превоз со траекти, 8 ноќевања, наведените прошетки по островот и организација на акцијата.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ  –  пасош, планинарска книшка со маркица за 2018г, патничко осигурување.

ПРИЈАВУВАЊЕ  –  до пополнување на превозното средство. Обавезна аконтација при пријавување 100евра.

ПРИЈАВИ – по mail: nikola.donovski@gmail.com / Goran.Nikoloski@telekom.mk  или на тел. 070 725-880, 070 200-506

ВОДИЧ – Никола Доновски