Во склоп на експедицијата „Алпи 2018“ предвидени се искачувања на 3 планини (Јулијски Алпи, Гран Парадисо и Монте Роса) и 6 врвови и тоа: Триглав (2864 м.), Гран Парадисо (4061 м.), Цумштаин (4563 м.), Сигналкуп (4554 м.), Винсент Пирамид (4215 м.) и Балменхорн (4167 м.)

 

ПРОГРАМА

  • 07.2018 (Петок) Поаѓање 00:30ч.

Поаѓање во раните утрински часови, патување преку Белград, Загреб, Љубљана (со попатни паузи) и пристигнување во Мојстрана во попладневните часови17:00ч. Сместување во подножјето на Триглав во Аљажева куќа(планинарски дом), ноќевање.

  • 07.2018 (Сабота)

Станување утрото во 06:00ч., доручек подготовки и тргнување кон Кредарица во 07:00ч. Предвидено е искачување по Томашкова пот (via ferrata) 11:00ч., сместување во Кредарица, мала пауза до 12:00ч. и искачување на Триглав (2864 мнв.) околу 14:00ч. Симнување до Кредарица16:00ч. Ноќевање.

  • 07.2018 (Недела)

Станување во 05:00ч. доручек, пакување и тргнување во 06:00ч. кон Аљажева куќа. Пристигнување во 09:30ч. во Аљажева куќа, пакување и тргнување во 10:00ч. кон Pont (Гран Парадисо национален парк). Пристигнување во Pont во 18:00ч. Сместување во бунгалови. Ноќевање

  • 07.2018 (Понеделник)

Станување во 07:00ч. доручек, пакување на опремата. Поаѓање во 09:00ч. кон Vittorio EmanueleII Hut. Пристигнување во 12:00ч. во домот сместување прошетка (аклиматизација) и ноќевање.

  • 07.2018 (Вторник)

Станување во утринските часови 02.00ч. доручек, подготовки и поаѓање во 03:00ч кон врв (4061 мнв.). Предвидено искачување на врв е 12:00ч. мала пауза фотографирање на групата и симнување кон Vittorio Emanuele II Hut, мала пауза и продолжување со симнувањето до Pont, пристигнување до 19:00ч. Ноќевање.

  • 08.2018 (Среда)

Станување во 06:00ч. доручек, препакување на опремата и поаѓање во 08:00ч. кон Staffal, по извозени 150км. Предвидено е пристигнување во 11:00ч. вадење на карти за жичара и поаѓање кон Punta Indren, пристигнување во 12:00ч. и искачување до CapannaGnifetti во 15:30 ч. Сместување и ноќевање.

  • 08.2018 (Четврток)

Станување во 04:00ч. доручек, подготовки и  тргнување по патеката во 05:00ч. Предвидено е излеување на Zumstainspitze (4563 мнв.) околу 11:00ч., мала пауза од 10-15мин. и упатување кон Signalkoop (Margharita Hut 4554мнв). Предвидена пауза од 30 мин. Во 13:30ч. предвидено е тргнување кон CapannaGnifettiи пристигнување во 18:00ч. Ноќевање.

  • 08.2018 (Петок)- РЕЗЕРВЕН ДЕН –

Доколку временските услови ни дозволат реализирање на досегашната програма, резервниот ден би можеле да го искористиме, по желба на мнозинството (ќе гласаме) за следните варијанти:

План А – Станување во 04:00 ч. доручек, подготовки и  тргнување во 05:00 ч. Искачување на Vincente Pyramid во 09:00 ч. мала пауза од 10-15мин. и упатување кон Balmanhorn (12:00 ч.) Предвидена пауза од 30 мин. Во 13:30 ч. предвидено е тргнување кон Capanna Gnifettiи, пристигнување во 16:00 ч. Ноќевање.

План Б – Станување во 06:00 ч. доручек, подготовки и  тргнување во 09:00 ч. кон Indren, симнување со жичара до Staffal до 11:00 ч. Пакување на опремата и поаѓање кон Venice/ Milano/ Treste (за каде?… ќе одлучи мнозинството). Пристигнување во 16 ч., сместување во мотел, прошетка низ градот и ноќевање.

  • 08.2018 (Сабота)

План А –Станување во 06:00 ч. доручек, подготовки и  тргнување во 09:00 ч. кон Indren, симнување со жичара до Staffal до 11:00 ч. Пакување на опремата и поаѓање во 12:00 ч. кон Љубљана. Патување преку Загреб и Белград со попатни паузи, до Скопје.

План Б – Станување во 08:00 ч. доручек, прошетка низ градот. Пакување на опремата и поаѓање во 20:00 ч. кон Ljubljana. Патување преку Загреб и Белград со попатни паузи, до Скопје.

  • 08.2018 (Недела)

План А –Предвидено пристигнување во Скопје, во попладневните часови

План Б – Предвидено пристигнување во Скопје, во попладневните часови

 

ЦЕНА: 410 евра

Во цената се пресметани патните трошоци (изнајмување на комбе, гориво и патарини), ноќевања во домовите, жичара од Стафал до Пунта Индрен и назад, словенска членска картичка.

Во цената не е вклучена исхраната.

Бројот на учесници е ограничен на 9 (девет).

Пријавувањето е до пополнување на местата.

Плаќањето ќе се врши на рати, по 50 евра секој месец, до 15-ти во месецот, почнувајќи од 15 февруари 2018 година. и остатокот пред самото тргнување

Пријавените кандидати пополнуваат пријава и потпишуваат изјава дека се согласуваат со условите наведени во истата, а  дополнително ќе добијат список на потребна опрема и план за изведување на кондициони и заеднички технички тренинзи.

Во случај на откажување средствата не се враќаат.

Водачот на експедицијата има дискреционо право да ја смени програмата на самото место, доколку процени дека се нарушени безбедносните услови за реализирање на планираното .

 

Водач:

Петар Герасимов, тел. 070 330 765