Планинарење, капење и посета на неколку градови

Корзика е медитерански остров кој и припага на Франција. Се наога западно од Италија, југоисточно од Франција и северно од италијанскиот остров Сардинија Планините зафакаат една третина од островот формирајки еден планински ланец. Корзика има околу 1000км обала и повеке од 200 плажи. Генерално тоа е планински остров со највисок врв Монте Чинто 2706м и уште околу 20 врвови над 2000м.

ПРОГРАМА:

11  јули  2018  (среда) – Во 24.00ч поагање од Скопје со автобус на Фудекс до Белград.

12 јули 2018 (четврток) – Поагање од Белград во 06.30ч од пред храмот Св.Сава (Скерличева улица). Во попладневните часови пристигање во Нова Горица. Сместување. Нокевање.

13  јули  2018  (петок)  –  Продолжување на патот до Болоња. Обиколка на културно историски знаменитости. Болоња има најголем во потполност сочуван стар град во Италија. Стариот дел на Болоња е препознатлив по бројните средновековни високи и криви кули и плочници во вид на арки долж поголемите улици (вкупна должина околу 45км!). Градот има неколку плоштади со многубројни цркви, палати, кули, споменици и фонтани.

Најпознати градби и туристички објекти во Болоња се:

  • Кулите АЗИНЕЛИ и ГАРИСЕНДА се два главни симболи на Болоња изградени во 12 век. Азинели е висок 97м, накривен е околу 1м од оската, има скоро 500 скали и дозволено е искачување до врвот. Гарисенда е висок 47м но затворен е за посета бидејки е накривен повеке од 3 метри.
  • Големиот плоштад е огромен плоштад кој се наога во самото средиште на Болоња опкружен со монументални градби како што се Катедралата Св.Петронија, Градската куќа, Аркадата Банки и Палатата Подеста.
  • Катедралата Св.Петронија е пета по големина во светот со 132 х 60м, височина 45м и собира скоро 30.000 луге. Посветена е на заштитникот на градот Сан Петроние кој бил болоњски епископ во 5 век. Градбата на катедралата започнала во 14 век и траела неколку стотини години.
  • Аркадата Банки се аркади пред истоимената Палата Банки од 15 век. Аркадите се додадени 150 години покасно, кон крајот на 16 век.
  • Палатата Подеста е поранешна зграда на Магистратот, изградена околу 12 век а меѓу 16 и 18 век во неа бил сместен театарот.
  • Нептуновата фонтана е најпозната градска фонтана и се наоѓа на големиот плоштад.
  • Црквата на Св. Богородица и на Св.Лука се наоѓа југозападно од градското јадро, сместена на шумовито ридче Монте дела Гвардија. Од црквата до предградието води најдолга аркада на свет – 3.5км изградена во 17 и 18 век.
  • Музеите во Болоња се бројни и може да се посетат со единствен билет.                                                                                                Попладне продолжување на патот до Ливорно.

14 јули 2018 (сабота) – Трансфер Ливорно – Бастија, возење со траект околу 5 часа.

Бастија е главно пристаниште на Корзика. До 1791 година била главен град на Корзика. Од Бастија продолжуваме со двочасовно возење до градот Корте, разгледување на овој стар град кој во 20 век станува водечки универзитетски центар на Корзика.

Продолжување на патот до кампот во селото Лоци под Монте Чинто. Доагање во кампот, местење на шатори. Нокевање. Кампот е стандардно опремен со струја, вода и тушеви.

15 јули 2018 (недела) –  Ден за искачување до езерото Лак де Нино кое се наоѓа на 1743м. Езерото е со површина од 6.5 хектари и најголема длабочина од 11м. Висинска разлика 750м, турата трае вкупно околу 8 часа.

Доколку некој не сака да пешачи може да се бања во реката Голо каде има многу фантастични вирови за капење. Може да се посети и Паркот Авантура каде цената за еден час забава е 15 евра. Враќање во кампот. Нокевање,

16 јули 2018 (понеделник) – Ден за искачување на врвот Монте Чинто 2706м. Турата е целодневна и напорна. Планинарите кои неможат да се искачуваат до врв може да пешачат со групата 3 часа па да се вратат назад во кампот. Можат и да се бањаат во блиското езеро Лак де Калакуча или во реката Голо.

Излегување на групата на врвот Монте Чинто, враќање по истата патека во кампот. Ноќевање.

17 јули 2018 (вторник) – Пакување и возење до морето, во Порто. Слободен ден за капење и уживање. Ноќевање во камп.

Порто е туристичко место на 80км од Ајачио. Широкиот планински залив и црвеното сонце го прават Порто вистинска атракција. Заливот Порто е природен резерват под заштита на УНЕСКО.

18 јули 2018 (среда) – Пакување и возење до Ајачио, разглед на градот и потоа сместување во камп. Ноќевање.

Ајачио е најголем и главен град на Корзика. Најпозната туристичка атракција е куќата во која е роден Наполеон Бонапарта. Куќата е претворена во музеј со намештај од 16 век. Во стариот дел од градот се наога огромно пристаниште и историскиот дел од градот со тесни улици. Во центарот на Ајачио е плоштадот Де Гол на кој се наога статуа на Наполеон на коњ изработена од Ежен Виоле ле Дик во 1865 година.

19 јули 2018 (четврток) – Пакување и возење до Бонифачо, разглед на градот и потоа продолжување на патот до Солзенаро. Ноќевање.

Бонифачо се наога на југот од Корзика и на неговата територија сеуште можат да се видат остатоци од минатото на Корзика. Во близина на градот се две геновљански кули и две цркви:

  • Св.Доминик – готска црква од 18 век карактеристична со повекебојниот мермер
  • Ste-Marie Majeure која датира од 14 век.
  • Во ова место се наоѓа аквариумот Бонифачо кој е сместен во една природна пештера во пристаништето.

20 јули 2018 (петок) – Рано станување, возење до Кол де Бавела, искачување на Пунто Велачо 1483м. Од врвот се пружа поглед на планините од една страна а од другата страна е морето.

Наместо искачување, кој сака може да се бања во морето или во реката Солензаро. Враќање од врвот, пакување и возење до Бастија. Ноќно возење со траект до Ливорно.

21 јули 2018 (сабота) – Продолжување на патот кон Словенија и Белград.

22 јули 2018 (недела) – Во раните утрински часови пристигање во Белград. Во 15.30ч со Фудекс поагање за Скопје, пристигање во 21.30ч.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА – планинарска опрема и кондури. Учесниците кои нема да се качуваат на врвовите можат да имаат само патики за пешачење.

ИСХРАНА – во сопствена режија.

СМЕСТУВАЊЕТО – е со сопствен шатор, врека за спиење и подметач во кампови кои се опремени со струја, вода, фрижидери и тушеви.

ЦЕНА – Од Белград до Белград 385 евра. Цената опфака: превоз (со автобус и траект), ноќевања и осигурување. Цената не опфаќа:  исхрана, влезници за културно историските споменици и се она што е надвор од програмата. Повратна карта со Фудекс од Скопје до Белград е околу 40 евра. ОБАВЕЗНА Е АКОНТАЦИЈА ОД 50 евра ДО 5 ФЕБРУАРИ ЗАРАДИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА КАРТИТЕ ЗА ТРАЕКТ.

НАПОМЕНА – доколку има заинтересирани за ноќевање во соби ке се потрудиме да им обезбедиме сместување, со доплата на разликата во цена.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до пополнување на местата во автобусот.

ВОДИЧ – Никола Доновски. Тел. 070 725-880. E-mail:  nikola.donovski@gmail.com

Акцијата е во заедничка организација со ПСК Балкан од Белград.