Заеднички продолжен викенд за скијање и планинарење со ПСК Балкан од Белград.

ПРОГРАМА:

15 фебруари 2018 (четврток) – Во 06ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Пристигање во Банско, сместување во хотел ВИХРЕН (хотел со 3 ѕвезди, во централното градско подрачје, на 400м од жичарата). Сместување во соби со 2 или 3 кревети. Скијачите може да скијаат а за планинарите пешачење до Бандеришка пољана. Ноќевање.

16 фебруари 2018 (петок) – Доручек и потоа скијачите на скијање.

За планинарите:

ГРУПА  А – станување во 5 часот,земање ланч пакет и со минибусот  превоз до ШИЛИГАРНИК 1820м. Од таму по ски патеката искачување кон врвот ТОДОРКА  2746м. Враќање по истата патека и околу 16ч враќање во хотелот. За искачување потребна е опрема – дерези и цепин.

ГРУПА  Б – пешачење по ски патеката под жичарата (има околу 9км до крајот на жичарата).

ГРУПА  В  –  Доколку има некој кој сака да се бања тоа може да го направи во затворен базен во некој од хотелите.

Навечер заедничко дружење. Ноќевање.

17 фебруари 2018 (сабота) – Доручек. Скијачите на скијање. Останатите можеме да ја посетиме Бања каде има базен со топла минерална вода. Навечер заедничко дружење. Ноќевање.

18 фебруари 2018 (недела) – скијачите на скијање. За планинарите прошетка до планинарскиот дом Вихрен или слободно претпладне. Скијачите треба до 15.30ч да дојдат во хотелот. Во 16ч заминување за Скопје.

ЦЕНА – 100 евра (за превоз, 3 ноќевања со доручек и осигурување).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – пасош.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ – зимска планинарска опрема за високогорско искачување, дерези, цепин, челна лампа. За капење  во базен купачи гаки / костум за капење.

ПРИЈАВУВАЊЕ  И  УПЛАТА – до пополнување на местата.

ВОДИЧ – Никола Доновски. Тел. 070 725-880.  E-mail: nikola.donovski@gmail.com