2

Акција во соработка со Туристичката агенција ЕХ – Travel од Прилеп.

Рафтингот е јако адреналинско доживување. Неможе да се раскаже, треба да се доживее! Овој термин совршено се вклопи – нивото на Тара е високо, времето е убаво топло а четвртокот и петокот се неработни денови – Св.Кирил и Методиј и Духовден.

ПРОГРАМА:

1

23 мај 2018 (среда) – Во 22ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Ноќно возење Скопје – Призрен – Скадар – Подгорица со попатни потребни паузи.

24 мај 2018 (четврток) – Околу 7ч пристигање во Подгорица. Пауза за доручек и кафе и краток разглед на центарот и соборниот храм на Христовото воскресение.

3

4

5

6

Потоа продолжување на патот до манастирот Острог или во Цетиње посета на мавзолејот на Његош. Околу 15ч пристигање во кампот “3 воденици” на река Тара. Ручек и сместување во етно-дрвени куќички. Во кампот има убав санитарен чвор и убав покриен ресторан. Храната е одлична!  Попладневен одмор. Вечера. Ноќевање.

7

8

9

10

Преубави специјалитети! Преобилно!

25 мај 2018 (петок) – Доручек. Потоа припрема за рафтинг. Околу 11ч поаѓање узводно покрај река Тара до местото за почеток на рафтингот. Околу 12ч почеток на спуштањето по Тара.

11

1213

 

14

Околу 15.30ч завршување на рафтингот, туширање и ручек. Попладневен одмор. Вечера и заедничко дружење покрај оган.Ноќевање.

26 мај 2018 (сабота) – Во 6ч поаѓање кон националниот парк Сутјеска и искачување на врвот Маглиќ 2386м.

15

16

17

18

19

20

21

Тоа е извонредно убава природа, извонредно убава пешачка тура. Маглиќ е најубавиот врв на кој сум се искачил! Спуштањето од врвот води преку прекрасното Трновачко езеро и потоа до местото каде што не чекаат комбињата. Во попладневните часови пристигање во Кампот. Вечера и заедничко дружење. Ноќевање.

27 мај 2018 (недела) – Во 6.30ч доручек и потоа го напуштаме кампот. Првобитниот предлог за посета на Сарајево не ќе може да се оствари затоа  што е временски предолга релација. Замена е следната релација:

33

34

35

36

 

ВИШЕГРАД – посета на Андриќев град, кратка пауза за кафе, туфакија или пијалок во убавото ресторанче покрај камениот мост, сликање на мостот на Дрина и потоа продолжување на патот.

37

38

МОКРА ГОРА – посета на Дрвен град на Кустурица.

ЗЛАТИБОР – пауза за ручек, прошетка низ пазарот и купување на кајмак.

Продолжување на патувањето кон Скопје. Пристигање во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА – околу 180 евра (за превоз, 3 полни пансиони, рафтинг, осигурување за рафтингот, осигурување од несреќен случај на планина). Неможе да се предвиди дали цената на горивата ќе остане иста а со тоа е поврзана и цената за превоз. Затоа цената е вака формулирана.

ПОТРЕБНИ  ДОКУМЕНТИ – лична карта, пасош, планинарска книшка со маркица за 2018, патничко осигурување.

ПОТРЕБНА  ОПРЕМА – пл. кондури, стапчиња, кабаница за дожд, шише со 1,5л вода, челна лампа, облека според временските услови.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до пополнување на местата во минибусот.

ВОДИЧ – Никола Доновски.  Тел. 070 725-880.

E-mail:  nikola.donovski@gmail.com