Искачувањето на Љуботен во чест на 13 Ноември – денот на град Скопје оваа година беше јубилејно десето по ред откако званично започнавме да го промовираме и реализираме.

75

Како и секоја година акцијата беше навреме објавена и отворена за учество на сите планинарски друштва и поединци. За жал временската прогноза претходните денови беше непогодна па затоа изостана помасовно присуство.

76

Но, за среќа на учесниците временските прилики и во саботата и во неделата се покажаа одлични! Добрите луге ги следи добро време!

Неделното утро беше сончево и без магла, со температура која беше и повисока во однос на просечната за овој период од годината.

77

78

Автобусите со учесниците тргнаа од Скопје нешто после 6ч. и околу 7:30ч пристигнаа во Старо Село. Отаму во организирана колона учесниците предводени од планинарските водичи тргнаа кон планинарскиот дом Љуботен каде пристигнаа околу 9:30 – 10:00ч.

79

80

81

На платото пред домот ги чекаше топол чај.

82

83

После краткиот одмор колоната продолжи кон врвот Љуботен 2498м. На тој дел од патеката беа распоредени петмина планинарски водичи со радиостаници кои внимаваа искачувањето да тече во најдобар ред. На моменти падините ги покриваше магла, пред и на самиот врв имаше снег и дуваше засилен ветер но за цело време беше сончево и искачувањето се одвиваше нормално.

84

85

86

87

Што се однесува до бројот на учесниците, по моја проценка ги имаше повеќе од 400. Дојдоа учесници од Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Велес, Врање, Белград…

Врвот беше ,,затворен,, во 13:15ч и водичите започнаа со спуштање кон планинарскиот дом опоменувајќи ги оние кои сеуште се качуваа дека безбедноста налага да прекинат со качување и да се вратат во домот. На оние кои несакаа да послушаат им е укажано дека продолжуваат на сопствена одговорност.

Околу 15:30ч најголемиот број од учесници веќе беа долу кај домот или пак веќе слезени во Старо Село. Ние како организатори почекавме кај пл. дом Љуботен до 16ч за да ги дочекаме и последните учесници и потоа се упативме кон Старо Село.

Нашето сознание е дека акцијата помина според најдобрите очекувања во однос на организацијата и временските прилики.

Благодарност до сите учесници. Благодарност до Собранието на град Скопје за подршката.

Никола Доновски