ИЗВЕШТАЈ од одржаното Собрание на ПСД Макпетрол

ИЗВЕШТАЈ од одржаното Собрание на ПСД Макпетрол

ПСД МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ

СОБРАНИЕ

Уредно се поканети 70 членови на ПСД Макпетрол со e-mail пораки до сите членови. Двајца од поканетите се оправдано отсутни. Присутни беа 25 учесници (списокот со присутни на Собранието и со нивни потписи е дел од овој извештај). (more…)

Замена на ѓонови на планинарски обувки

Замена на ѓонови на планинарски обувки

Ако вашите омилени, комотни планинарски обувки имаат оштетен ѓон, може да направите неколку работи. Со жалење да ги фрлите, да ги чувате за спомен, или да им го продолжите животот со замена на нивниот ѓон.

Замената на ѓонот може да се направи во салонот за поправка за чевли STIVALE во Љубљана, Словенија. За 45 Евра. Специјализирани се за замена на ѓонови на обувки за спортско качување, планинарење и алпинизам.

Контакт детали: Černetova ulica 13, 1000 Ljubljana, телефон: +386 1 505 92 85, http://stivale.weebly.com

Еве пример. Јас го заменив оштетениот ѓон на моите комотни планинарски чизми La Sportiva Trango (купени во 2012 година во Iglu Sport, Љубљана, Словенија) и на планинарските чевли Garmont Dragontail GTX (купени во 2013 година во Iglu Sport, Љубљана, Словенија). Чевларот изврши промена на оштетениот со потполно нов ѓон, со исти карактеристики (Vibram) како старите планинарски обувки. Горниот дел на чизмата/чевелот остана ист и комотен, а ѓонот е нов, со силен раб и со одлична назабеност.

Ги пробав старо-новите чизми на две повеќечасовни тури; 10-часовна тура Бавшица – Брицељк (кота 2.100 м.) – Лепоч – Бавшица, на Јулијски Алпи, Словенија и Превала – Црн Врв (2.585 м.) – Превала, Шар Планина, Косово, и чизмите со новиот ѓон се покажаа одлично. Одлично држеа и на тревнат и на карпест терен и на слегување по снег. Сигурен сум дека ќе ме служат и во наредните години.

 

1 - Copy

 

 

2 - Copy

 

3 - Copy

 

 

4 - Copy

 

СНЕЖНИ ЛАВИНИ

Тоа е појава кога на стрмна падина дел од снежната покривка се откинува и брзо се спушта кон долината се додека не ја загуби енергијата и не запре.

Лавината настанува поради:

  • Зголемената тежина врз снежната покривка (дополнителен снег или дожд).
  • Топење на снегот.
  • Длабинска или површинска пукнатина.
  • Снежни плочи.

(more…)

ДВИЖЕЊЕ НИЗ ПЛАНИНА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

Во планините важат други законитости отколку во долините. Тие што сакаат да ги посетуваат планините, треба да ги познаваат тие законитости и да им се прилагодуваат. Следуваат неколку насоки за посигурна посета на планините во зимски услови.

Ако немате искуство, најдобро е во планините во зимски услови да се движите заедно со планинарски водичи регистрирани при Федерацијата за планинарски спортови во Македонија (ФПСМ).

(more…)

GPS запис на патеката до Титов Врв

На овој линк : http://www.wandermap.net/en/route/366029-titov-vrv-peak-from-popova-shapka/

можете да ја видите и ако сакате да ја симнете (Export GPS Data) патеката од Попова Шапка до Титов Врв и назад. За симињање не сум сигурен, но веројатно ќе треба да пополните формулар за членство, што не одзема многу време.

Истиот GPS запис може да го симнете и од овој линк : http://www.stazeibogaze.info/2009/11/12/sar-planina-popova-sapka-titov-vrv/

Дадени се двете патеки, зимска (по сртот – преку Антени, Карабунар, Бакардан) и летна (откај Вакаф).

Нормално – оние што планираат да одат овие денови – треба да ја следат зимската – посеверната патека – дека во летната може да наидете на многу длабок снег на некои места.

GPS за планинари

Во активностите на ПСД Макпетрол образоването и усвојувањето на нови знаења се битен сегмент и сметаме дека секој член треба да е што повеќе и теоретски и практично подготвен.

На 13.01.2014 се одржа предавање на тема – “Употреба на GPS апарати во планинарењето”. За оние кои не присуствуваа, како и за оние кои беа присутни но сакаат да се потсетат на изложениот материјал, еве потсетник во pdf формат како и Power Point презентацијата.

Прирачник GPS za planinari

Презентација GPS navigacija