25-28 август, Пирин Треил, (1000-те пирински езера), Бугарија

Петок, 25 август 2017

  • 8 ч. тргнување од Скопје, попатно застанување во Декатлон
  • Возилата се оставаат во Пирин Голф Клуб
  • Ноќевање во Хижа Јаворов на Пирин

 

Сабота, 26 август

  • Преку врвовите Бански Суходол, Кончето, Кутело 2, Кутело 1 до Вихрен
  • Ноќевање во Хижа Бандерица

DSC_0096

DSC_0165

 

 

Недела, 27 август

  • Преку езерата: Окото, Жабешко, Рибно и Долго Бандеришко Езеро, преку Главиншка Порта, Тевно Василашко Езеро, Бандеришки Чукар, Типицки Чукар (Типицки Езера), Превалски езера, Валвишки Езера, Чаирски Езера, преку Превалски Премин до Тевно Езеро
  • Ноќевање во хижа Тевно Езеро.

DSC_0332

 

 

Понеделник, 28 август

  • Преку Самодивски Езера, Попово Езеро, Џангалски Езера до Безбог, со ски лифт до Хижа Гоце Делчев, потоа со такси преку с. Добриниште до возилата во Пирин Голф Клуб, па за Скопје.

DSC_0642

DSC_0708

Бројот на учесници е ограничен на 8 поради превозот и неможност да се направи резервација во домовите за повеќе луѓе.

Акцијата спаѓа во многу напорни, потребна е одлична кондициона спремност (скоро 60 км.).

Опрема: појас, сет за ферата, кацига, планинарски стапчиња, облека и обувки според временската прогноза, храна од ранец и во домовите, по желба.

Цена: во првите 2 дома е по 12 лева, во третиот 15 лева, жичара околу 10 лева, такси од жичарата до возилата околу 7-8 евра од особа (скоро 40 км.), превоз од Скопје во зависнот од бројот на пријавените (сопствен превоз)

Водач: Петар Герасимов 070 330 765

 

 

11 – 13 август Каранфили и Очњак, Проклетије, Црна Гора

11 – 13 август Каранфили и Очњак, Проклетије, Црна Гора

Петок, 11 август 2017

  • 15:00 – Поаѓање од Скопје кон Црна Гора.
  • Сместување во долината Гребаје, Црна Гора.

Сабота, 12 август 2017

  • 05:00 – Поаѓање кон Северен Врв (2.460 м.), Каранфили и кон Очњак (2.185 м.). Висинска разлика: D+ 2100 м. Искачување: 7 часа.
  • Сместување во долината Гребаје, Црна Гора.

Недела, 13 август 2017

  • 14:00 – Поаѓање кон Скопје

Потребна опрема

  • Лична опрема: облека и обувки соодветни на времето, ранец, планинарски стапчиња.
  • ПСД Макпетрол обезбедува техничка опрема (дерези, цепин, шлем).

Пријавување до: 7 август 2017 (понеделник)

Горан Николоски: 070/200-506, goran.nikoloski@t.mk

Karanfili Каранфили

Ocnjak

Очњак

 

4 – 6 август 2017 РИЛА (Мусала 2925м, 7 Рилски езера, Вазов врв 2659м)

1

Рила е планински венец во Бугарија со проценета старост од 250.000.000 години. На Рила има преку 150 леднички езера, а врвот Мусала со 2925м е највисок на Балканот. Од падините на Рила извираат реките Марица, Искар, Струма, Места и Рилска река. Има богат шумски покров кој се протега до 2100мнв и е дом на бројни диви животни. Долините се плодни и обработени со земјоделски посеви.

2

П Р О Г Р А М А:

4 август 2017 (петок) – Во 16ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта 2. Доаѓање во Боровец околу 21ч, сместување во планинарски дом Шумнатица (на 3км од Боровец) во соби со 4 и 6 кревети. Ноќевање.

 9

5 август 2017 (сабота) – ГРУПА  А (доколку има заинтересирани) – во 5.30ч поаѓање од Боровец по маркирана патека покрај Мусалинска река кон планинарскиот дом Мусала 2389м. Искачувањето трае околу 3-4 часа, висинска разлика 1000м.

ГРУПА  Б – Во 7.30ч поаѓање со гондолите кон Јастребец  2300мнв. Цена на повратен билет околу 7 евра. Отаму пешачење 1 час до пл. дом Мусала.  Спојување на групите, краток одмор и започнување на искачување кон врв Мусала – околу два и пол часа пешачење.

3

5

4

 

 

 

 

 

14

15

Пристигање на врв, одмор и фотографирање. Потоа враќање по истата патека до пл. дом Мусала а отаму до гондолата или по маркираната патека до Боровец. Прошетка низ Боровец и потоа доаѓање во пл. дом Шумнатица. ВО ДОМОТ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ ВЕЧЕРА ЗА 5-7евра.  Заедничко дружење. Ноќевање.

6 август 2017 (недела) – Во 6ч поаѓање преку местото Паничиште до пл.дом Пионерска на 1500мнв. Отаму пешки (за еден час и половина) или со жичара се искачува до пл.дом Седум езера на 2100м. ВО ДОМОТ ИМА УБАВ РЕСТОРАН.  Цена на повратен билет 18 лева.  Отаму пешачењето продолжува со разгледување на езерата кои се скалесто поставени почнувајќи од 2100 до 2560мнв.

6

7

8

Имиња на езерата: Долно езеро, Рибно езеро, Тролисник, Близнак, Бубрег, Око и Солза. За најупорните предизвик е искачување уште 100м висинска разлика до Звоното и до Вазов врв 2659м.  Враќањето е по истата патека во пл.дом Седум езера. Следи спуштање до пл.дом Пионерска и заминување за Скопје.

НАПОМЕНА – оваа тура е погодна за сите возрасни категории. Природата е извонредно убава, 7те Рилски езера се ретко убава глетка и доживување.

ПОТРЕБНА  ОПРЕМА – планинарски кондури или добри патики, капа, ракавици, кабаница за дожд, облека според временските прилики, заштитна крема, наочари за сонце, челна лампа, шише за вода 1,5л.

ПОТРЕБНИ  ДОКУМЕНТИ – пасош, планинарска книшка со маркица за 2017г.

ХРАНА ОД РАНЕЦ.

ЦЕНА – 50 евра (за превоз и две ноќевања).

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до пополнување на местата во превозното средство.  Телефон 070 725-880 / 070 200-506

 mail:  nikola.donovski@gmail.com.  /   Goran.Nikoloski@telekom.mk

 

 

Корапски водопад

Недела, 04 јуни

Превоз со сопствени возила

Поаѓање во 6 ч. од бензиска на Макпетрол во Ѓорче Петров

Следете ја временската прогноза и направете правилен избор за облека и обувки

вода има попатно на 2 места

Турата е многу напорна и не е за почетници, 22 км. 1500 м. Д+

контакт: Петар Герасимов 070 330 765 или во порака на фејсбук

Водопади на Студенчица, врв Бистра, Лопушник

Целодневна амбициозна акција на 11 јуни на југоисточниот дел од планината Бистра, која ќе започне од каптажата на реката Студенчица, преку нејзиниот изворишен дел каде што се наоѓаат водопадите, до питомиот, но висок врв Бистра (2102 м.н.в.) како крајна дестинација, додека враќањето ќе се изврши преку месноста Лопушник до селото Извор на изворите на реката Треска.

Целта е во еден ден да се посетат два од најголемите извори во Македонија и да се присуствува на одбележувањето на 74 годишнината од загинувањето на Кочо Рацин.

Акцијата е многу напорна, во првиот дел до врвот Бистра се оди по беспатје или по незгодни патеки, а и должината од 23 километри не е наивна. Планирано е на Лопушник да проба да се стигне помеѓу 11 и 12 часот со цел да се присуствува на главната церемонија. За да се има време да се постигне тоа, акцијата ќе започне во 6.00, што значи дека од Скопје ќе се тргне од бензинската на западниот излез во 3.45.

Доколку временските услови не се задоволителни, акцијата ќе мора да се откаже или барем да се ограничи само на посета на водопадите на Студенчица.

 

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА:

– облека – соодветна за движење во пролетни услови по шуми, водни површини и пасишта, без снег, но со можен ветар;

– вода – добро е да се понесе барем 0.5 – 1 литар вода, иако попатно има доста водни ресурси;

– цена – 500 ден со можни незначителни корекции во зависност од бројот на учесници.

ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ:

Велимир Граоркоски: 071 564 458 / veljogr@yahoo.com

21 мај : По Трасата на Гасоводот 2017

На 21 мај (недела) ПСД Макпетрол ја организира својата традиционална акција “По патеката на гасоводот”. За оваа година локација за одржување на акцијата е кумановски Козјак.

Поаѓање од Скопје – Жел. станица – паркинг пред Пошта – 6 часот. Се возиме со автобусите до с. Жегљане – на патот кон Кокино.

Ќе се организира планинарска акција – искачување на врвот Китка (1211 м). Почетокот на искачувањето е од с. Жегљане. По искачувањето повторно се враќа групата во с. Жегљане од каде со автобусите одиме до Кокино каде ќе се разгледа мегалитската опсерваторија. Потоа се спуштаме под село Кокино на една убава ливада каде ќе бидат поделени сендвичи и учесниците ќе може да се одморат и дружат.

Враќање за Скопје – по договор – но не подоцна од 18 часот

Цена : 100 ден

Број на учесници : 100

Пријавување до пополнување на бројот, но најдоцна до 17 мај. Ова е потребно за организирање на превозот и договарање на сендвичите
Пријавување на мејл : punk@makpetrol.com.mk
Во мејлот да се напише полно име и презиме на секој учесник, година на раѓање и тел. број. Исто така да се назначи каков сендвич сака : вегетаријански или со месо.

Уплата на 100 денари најдоцна до 18 мај – во просториите на деловната зграда на Макпетрол – ќе го барате Трајче Панковски

Секој учесник ќе добие купон за акцијата со кој ќе го подигне и сендичот.

Ќе биде организирана и група за трчање доколку има заинтересирани. При пријавувањето тие нека напишат дека се за групата за планинско трчање.