22 април, недела, ПЕСКОВИ 2651 м.

Податоци за патеката: Средно тешка, должина 5 км., 1150 м. Д+. Движењето ќе се одвива во отежнати услови во горните делови поради наноси од снег. Температурата ќе биде висока а тоа дополнително ќе го отежне движењето поради можно пропаѓање во мекиот снег. Ако има можност, во зависност од состојбата на снегот, временските услови и спремноста на групата, можно е продолжување до Езерски Врв уште 3 км., ќе се одлучи на самото место. Враќањето е по истата патека.

Потребна е добра психофизичка подготвеност и искуство за движење по стрмен снежен терен и користење на техничка опрема (дерези и цепин).

Турата не е за почетници. Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не им дозволи на недоволно подготвените да учествуваат на истата.

Превоз: со сопствени возила. Се оди од Превала, Косово. Потребен е зелен картон за возилото и задолжително носење лична карта за преку граница.

Време на поаѓање: 06:00 часот на бензинска пумпа на Макпетрол во Визбегово.

Потребна опрема: цепин, дерези, планинарски стапчиња, обувки и облека според временската прогноза.

Храна и течности: од ранец

Пријавување: тел. 070 330 765 или во порака на фејсбук

Водачи:

Петар Герасимов

Тодор Ивановски

 

 

 

 

 

23 – 27 мај 2018 РАФТИНГ на ТАРА (врв Маглиќ, Вишеград, Мокра Гора, Златибор)

2

Акција во соработка со Туристичката агенција ЕХ – Travel од Прилеп.

Рафтингот е јако адреналинско доживување. Неможе да се раскаже, треба да се доживее! Овој термин совршено се вклопи – нивото на Тара е високо, времето е убаво топло а четвртокот и петокот се неработни денови – Св.Кирил и Методиј и Духовден.

ПРОГРАМА:

1

23 мај 2018 (среда) – Во 22ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Ноќно возење Скопје – Призрен – Скадар – Подгорица со попатни потребни паузи.

24 мај 2018 (четврток) – Околу 7ч пристигање во Подгорица. Пауза за доручек и кафе и краток разглед на центарот и соборниот храм на Христовото воскресение.

3

4

5

6

Потоа продолжување на патот до манастирот Острог или во Цетиње посета на мавзолејот на Његош. Околу 15ч пристигање во кампот “3 воденици” на река Тара. Ручек и сместување во етно-дрвени куќички. Во кампот има убав санитарен чвор и убав покриен ресторан. Храната е одлична!  Попладневен одмор. Вечера. Ноќевање.

7

8

9

10

Преубави специјалитети! Преобилно!

25 мај 2018 (петок) – Доручек. Потоа припрема за рафтинг. Околу 11ч поаѓање узводно покрај река Тара до местото за почеток на рафтингот. Околу 12ч почеток на спуштањето по Тара.

11

1213

 

14

Околу 15.30ч завршување на рафтингот, туширање и ручек. Попладневен одмор. Вечера и заедничко дружење покрај оган.Ноќевање.

26 мај 2018 (сабота) – Во 6ч поаѓање кон националниот парк Сутјеска и искачување на врвот Маглиќ 2386м.

15

16

17

18

19

20

21

Тоа е извонредно убава природа, извонредно убава пешачка тура. Маглиќ е најубавиот врв на кој сум се искачил! Спуштањето од врвот води преку прекрасното Трновачко езеро и потоа до местото каде што не чекаат комбињата. Во попладневните часови пристигање во Кампот. Вечера и заедничко дружење. Ноќевање.

27 мај 2018 (недела) – Во 6.30ч доручек и потоа го напуштаме кампот. Првобитниот предлог за посета на Сарајево не ќе може да се оствари затоа  што е временски предолга релација. Замена е следната релација:

33

34

35

36

 

ВИШЕГРАД – посета на Андриќев град, кратка пауза за кафе, туфакија или пијалок во убавото ресторанче покрај камениот мост, сликање на мостот на Дрина и потоа продолжување на патот.

37

38

МОКРА ГОРА – посета на Дрвен град на Кустурица.

ЗЛАТИБОР – пауза за ручек, прошетка низ пазарот и купување на кајмак.

Продолжување на патувањето кон Скопје. Пристигање во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА – околу 180 евра (за превоз, 3 полни пансиони, рафтинг, осигурување за рафтингот, осигурување од несреќен случај на планина). Неможе да се предвиди дали цената на горивата ќе остане иста а со тоа е поврзана и цената за превоз. Затоа цената е вака формулирана.

ПОТРЕБНИ  ДОКУМЕНТИ – лична карта, пасош, планинарска книшка со маркица за 2018, патничко осигурување.

ПОТРЕБНА  ОПРЕМА – пл. кондури, стапчиња, кабаница за дожд, шише со 1,5л вода, челна лампа, облека според временските услови.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до пополнување на местата во минибусот.

ВОДИЧ – Никола Доновски.  Тел. 070 725-880.

E-mail:  nikola.donovski@gmail.com

АЛПИ 2018

Во склоп на експедицијата „Алпи 2018“ предвидени се искачувања на 3 планини во период од 27 јули до 5 август (Јулијски Алпи, Гран Парадисо и Монте Роса) и 6 врвови и тоа: Триглав (2864 м.), Гран Парадисо (4061 м.), Цумштаин (4563 м.), Сигналкуп (4554 м.), Винсент Пирамид (4215 м.) и Балменхорн (4167 м.)

 

ПРОГРАМА

  • 27.07.2018 (Петок) Поаѓање 00:30ч.

Поаѓање во раните утрински часови, патување преку Белград, Загреб, Љубљана (со попатни паузи) и пристигнување во Мојстрана во попладневните часови17:00ч. Сместување во подножјето на Триглав во Аљажева куќа(планинарски дом), ноќевање.

  • 28.07.2018 (Сабота)

Станување утрото во 06:00ч., доручек подготовки и тргнување кон Кредарица во 07:00ч. Предвидено е искачување по Томашкова пот (via ferrata) 11:00ч., сместување во Кредарица, мала пауза до 12:00ч. и искачување на Триглав (2864 мнв.) околу 14:00ч. Симнување до Кредарица16:00ч. Ноќевање.

  • 29.07.2018 (Недела)

Станување во 05:00ч. доручек, пакување и тргнување во 06:00ч. кон Аљажева куќа. Пристигнување во 09:30ч. во Аљажева куќа, пакување и тргнување во 10:00ч. кон Pont (Гран Парадисо национален парк). Пристигнување во Pont во 18:00ч. Сместување во бунгалови. Ноќевање

  • 30.07.2018 (Понеделник)

Станување во 07:00ч. доручек, пакување на опремата. Поаѓање во 09:00ч. кон Vittorio EmanueleII Hut. Пристигнување во 12:00ч. во домот сместување прошетка (аклиматизација) и ноќевање.

  • 31.07.2018 (Вторник)

Станување во утринските часови 02.00ч. доручек, подготовки и поаѓање во 03:00ч кон врв (4061 мнв.). Предвидено искачување на врв е 12:00ч. мала пауза фотографирање на групата и симнување кон Vittorio Emanuele II Hut, мала пауза и продолжување со симнувањето до Pont, пристигнување до 19:00ч. Ноќевање.

  • 01.08.2018 (Среда)

Станување во 06:00ч. доручек, препакување на опремата и поаѓање во 08:00ч. кон Staffal, по извозени 150км. Предвидено е пристигнување во 11:00ч. вадење на карти за жичара и поаѓање кон Punta Indren, пристигнување во 12:00ч. и искачување до CapannaGnifetti во 15:30 ч. Сместување и ноќевање.

  • 02.08.2018 (Четврток)

Станување во 04:00ч. доручек, подготовки и  тргнување по патеката во 05:00ч. Предвидено е излеување на Zumstainspitze (4563 мнв.) околу 11:00ч., мала пауза од 10-15мин. и упатување кон Signalkoop (Margharita Hut 4554мнв). Предвидена пауза од 30 мин. Во 13:30ч. предвидено е тргнување кон CapannaGnifettiи пристигнување во 18:00ч. Ноќевање.

  • 03.08.2018 (Петок)- РЕЗЕРВЕН ДЕН –

Доколку временските услови ни дозволат реализирање на досегашната програма, резервниот ден би можеле да го искористиме, по желба на мнозинството (ќе гласаме) за следните варијанти:

План А – Станување во 04:00 ч. доручек, подготовки и  тргнување во 05:00 ч. Искачување на Vincente Pyramid во 09:00 ч. мала пауза од 10-15мин. и упатување кон Balmanhorn (12:00 ч.) Предвидена пауза од 30 мин. Во 13:30 ч. предвидено е тргнување кон Capanna Gnifettiи, пристигнување во 16:00 ч. Ноќевање.

План Б – Станување во 06:00 ч. доручек, подготовки и  тргнување во 09:00 ч. кон Indren, симнување со жичара до Staffal до 11:00 ч. Пакување на опремата и поаѓање кон Venice/ Milano/ Treste (за каде?… ќе одлучи мнозинството). Пристигнување во 16 ч., сместување во мотел, прошетка низ градот и ноќевање.

  • 04.08.2018 (Сабота)

План А –Станување во 06:00 ч. доручек, подготовки и  тргнување во 09:00 ч. кон Indren, симнување со жичара до Staffal до 11:00 ч. Пакување на опремата и поаѓање во 12:00 ч. кон Љубљана. Патување преку Загреб и Белград со попатни паузи, до Скопје.

План Б – Станување во 08:00 ч. доручек, прошетка низ градот. Пакување на опремата и поаѓање во 20:00 ч. кон Ljubljana. Патување преку Загреб и Белград со попатни паузи, до Скопје.

  • 05.08.2018 (Недела)

План А –Предвидено пристигнување во Скопје, во попладневните часови

План Б – Предвидено пристигнување во Скопје, во попладневните часови

 

ЦЕНА: 410 евра

 

Цената е формирана според реалните трошоци за: изнајмување комбе, гориво, патарини, спиење во домови, жичарници. во цената не е влезена исхраната. Организаторот зема за право да собере од кандидатите материјални средства во износ кој е неопходен  да се платат однапред (резервации за спиење и сл.).

Во случај на откажување средствата не се враќаат.

Пријавените кандидати пополнуваат пријава и потпишуваат изјава дека се согласуваат со условите наведени во истата, а  дополнително ќе добијат список на потребна опрема и план за изведување на кондициони и заеднички технички тренинзи.

Водачот на експедицијата има дискреционо право да ја смени програмата на самото место, доколку процени дека се нарушени безбедносните услови за реализирање на планираното .

 

Водач:

Петар Герасимов, тел. 070 330 765