Пирин Треил 2017

Пирин Треил 2017

Пирин е наш… Или нивни… Чиј ли е? Преубав е. Сите си го сакаат за себе. Секој со различна цел, и од различни побуди. Но дали секој го заслужува, се прашувам? Кога сакаш нешто, даваш одредена жртва за тоа, треба и да го заслужиш. Кога бараш треба и да дадеш за возврат. Ако го сакаш треба и да го чуваш и негуваш.

Трета година по ред во ова исто време ги поминувам овие педесетина километри и секој пат се трудам да сфатам како може на толкава дистанца, три дена трeкинг, да не видам ниту едно книвче, опушок, некаква амбалажа или било што, што би ми асоцирало на цивилизација. А луѓе безброј… И тоа во нормален викенд. Зачудувачки. Домови  скоро на секое езеро, а езера „рој“, и сите полни. Не може место да се најде. Патеки извонредно маркирани со видливи ознаки (летни, зимски), табли со информации, прекрасни шуми, ниту едно дрво исечено…

… И така одиме по змиулестата патека која спојува две езера, беа тоа Окото и Рибното, чинам,  и некој рече: замислете на што би личела планинава кога би била во Македонија?!… Најискрено, не би можел ни да помислам, ниту пак сакам…

Годинешнава замисла да се помине истата маршрута како неколку пати до сега не успеавме да ја реализираме, бидејќи не успеавме да резервираме места во првиот дом каде требаше да отседнеме првата ноќ. Како пари да делат по домовите… Веројатно така би искоментирал некој наш урбан каубој чии воздишки ги предизвикуваат убавините на Скопје 2014.  Хижа Јаворов, еден од најубавите домови во кои сум престојувал до сега, нешто како Мериот би рекол, на наше големо жалење беше преполн тој викенд. Оттаму требаше, како и претходните години, да преминеме преку Разлошки и Бански Суходол па преку Кончето на Кутело еден и Кутело два и на крај на Вихрен. Ново настанатата ситуација наложи да го промениме планот и да спиеме ѝ првата вечер во хижа Бандерица и оттука да ги фатиме врвовите предвидени за првиот ден.

… Време малку а апетити големи. Што попрво да се види за 3 дена. Седиме така и одмараме на 2884 м. на Бански Суходол и ги гледаме врвовите. Некако погледите ни застануваа секој пат на Синаница. Си викаме, ќе имаме ли време и него да го качиме, ама не, рековме сепак да се држиме до програмата. Ама кратко траеше. Веднаш се јави нова идеја, последниот ден да не го завршуваме како вообичаено на Безбог туку да направиме враќање преку хижа Демјаница. Си викаме, зошто да не?! … Договорот падна, едногласно. Никој од нашата група претходно не поминал оттаму. Знаевме од прилика каде се скршнува и не ни беше некој проблем да го најдеме патот и да се ориентираме во просторот. Нели, „Пирин е наш“, зарем на сопствен терен да се изгубиме?

Малку сум хаотичен со впечатоците нели? Такви секогаш ми предизвикува Пирин. И сé уште не можам да сфатам како може да има толку многу езера на толку мал простор, расфрлани таму-ваму, лево-десно, позади секое врвче, позади секое ритче, насекаде. Како огромен парк проектиран од… Гауди во најмала рака. Да бев поет ќе напишев песна за Пирин. Сликар сум… Ќе мора да насликам една слика барем во најскоро време. Кога помислувам на планина, Пирин ми излегува пред очи… Епа да, тоа е тоа… Одам на Пирин повторно. Веќе утре. Да си ги средам мислите, да разјаснам некои работи и да уживам во совршенството наречено Пирин.

И сé уште останува дилемата, чиј е Пирин?… Јас сепак мислам дека е мој…

DSC_0076

DSC_0128 DSC_0129

DSC_0142

DSC_0172

DSC_0182

DSC_0195

DSC_0337

DSC_0348

DSC_0372

DSC_0390

DSC_0396

DSC_0407

DSC_0444

DSC_0475

DSC_0486_1

DSC_0510

DSC_0513

DSC_0546

DSC_0638

DSC_0650

DSC_0653

DSC_0708

DSC_0725

DSC_0737

DSC_0776

DSC_0796

DSC_0798

DSC_0800

DSC_0805

DSC_0828

DSC_0837

DSC_0881

DSC_0894

DSC_0898

Технички податоци: 46 км. / 4111 м. Д+… И езера рој… (more…)

Тур де Словенија и Италија – планинска бајка по врвовите на Јулиските Алпи

Тур де Словенија и Италија – планинска бајка по врвовите на Јулиските Алпи

За Словенија е речено: „Кога Господ ја создал земјата и почнал да ги расфрла убавините насекаде по неа, неговата торба се скинала и сите богатства се истуриле на едно место, на ова парче земја.“ По шестдневното дишење со полни гради заедно со планината, не би можеле да се согласиме повеќе со таа карактеризација. Јулиските Алпи се поезија од планина.

Од Скопје тргнавме седуммина во комбенцето на Outdoor Adventure, створено за авантури и убави екипи: Горан Николоски (водич и организатор), Стојан Хаџи-Јефтимов (помошник водич и поддршка за превоз), Ангелина Атанасова, Христијан Ивановски, Ивана Герчакова, Снежана Велјановска, Елена Ѓорѓиевска (јас), две лубеници, две гајби со праски и една со кајсии 😊 и полно комбенце со убаво расположение, со план да ги искачиме петте највисоки врвови на Јулиските Алпи (Мал и Голем Триглав, Монтаж, Шкрлатица и Мангарт), од 8-ми до 14-ти јули 2017.

Пристигнавме во Словенија доцна навечер, па веднаш се фрливме на спиење во Тонкина куќа, на патот кон превојот Вршич, највисокиот превој во Словенија. Додека возевме по серпентините нагоре кон куќата, Горан ни објаснува дека овој пат бил всушност еден од најтешките сегменти на некогашната велосипедска „Трка низ Југославија“. Во раните утрински часови ја напуштивме куќата и со комбето се упативме кон Италија. Преку Тарвисио, стигнавме до долината во близина на скијачкиот центар Села Невеа, на платото наречено Altipiano del Montasio na 1450 м.н.в. каде започна нашето качување кон првиот врв од петте планирани на нашата тура – Jof di Montasio или Монтаж (2754 м.н.в.). Тргнавме со лабави мисли и малку несвесни за предизвикот што нè чека. Наместо тура од 3 часа, денот ни приреди изненадување кое ги стави на тест нашата издржливост, способности и страв од висина. Од преубавата зелена долина брзо се качивме до домот именуван по грофот Giacomo di Brazza, италијански истражувач, географ и планинар – Rifugio di Brazza. Оттаму пречевме низ долината околу 4 km по маркирана патека во подножјето на прекрасниот карпест и стрмен масив на Монтаж кој се издигнуваше над нас, повремено слушајќи ги препознатливите звуци на мрмотите. Патеката нагло се исправи во вертикала во карпест терен каде на наше големо изненадување нè пречекаа локлните домаќини – неколку дивокози кои ни беа вистинска атракција тој ден (најпознатата дивокоза специфична за овој предел е од сортата Алпски козорог). Наспроти очекувањата дека нашето присуство ќе ги избрка, тие беа исто толку љубопитни за нас колку и ние за нив, притоа на наша среќа и расположени за заеднички фотографии. Додека се обидувавме да најдеме сигурно фаќалиште или стапалка, тие претрчуваа со леснотија во скокови по стрмнините, едвај допирајќи ја земјата, мислиш ни го покажуваат патот. Качувањето низ кулоарот на Финденег е необезбедена, а на моменти доста изложена рута која требаше да не извлече на сртот на масивот. Ова е исто така и рутата по која е за првпат искачен врвот Монтаж во 1877 година. Во овој неколкучасовен предизвик моравме настрана да ги оставиме стравовите од височина и сомнежите во нашите способности и да се фокусираме на максимална концентрација бидејќи еден погрешно одбран и несигурен потег во движењето можеше да нè чини многу. Со секој чекор не само што моравме да мислиме на нашата безбедност, туку и мораше да внимаваме да не турнеме камен на и онака лесно кршливата варовничка карпа кој би можел да повреди некој под нас. Водството на Горан и искуството на Столе како качувач беа повеќе од важни за да излеземе безбедно на сртот. Оттаму, со поглед на двете долини, веќе далечни, од спротивните страни на масивот, стигнавме конечно до крстот поставен на врвот Монтаж со големо олеснување дека најтешкото е зад нас. Враќањето го направивме по фератата која минува низ Пипановите скали (вертикална метална скала со висина од околу 60-тина метри) по далеку побезбедна и лесна патека од онаа за нагоре (тука бевме обезбедени со ферата сет па тој момент даде огромна психолошка сигурност). На влезот назад во долината, не дочека цитат од „Чистилиштето“ на Данте Алигиери наменет за патниците кои оттука одат нагоре – “оди сега нагоре, бидејќи си спремен”. Бевме и се симнавме. Според мојот гпс запис, во времетраење од речиси 11 часа, качивме висина од 1290 метри на патека со должина од 13,2 km. Го поминавме успешно “огненото крштевање” на „Тур де Словенија и Италија“ со едно искуство плус и по некој воспален мускул.

Наредното утро нè разбуди ситен дожд со јужен ветер во домот под Мангарт на 1900 м.н.в. Временските услови како да пробаа да ги разнишаат нашите планови за тој ден. Додека кружевме околу домот, надевајќи се дека сепак ќе го направиме качувањето – од карпестата почва, ете ги, ѕиркаат цветови на еделвајс (планика, рунолист, леден цвет). Да отидеш на Алпи и да не видиш еделвајс е исто како да не си бил таму. Овој ендемичен див цвет, кој во Словенија има заштитен статус има и длабока љубовна симболика. Порано мажите ја докажувале вечната љубов и посветеност на жените кои ги сакале, носејќи им цвет од планика бидејќи не овенува и цути на големи височини и стрмни планински предели, при што самото стигнување до ова цвеќе било за мажите предизвикувачка потрага која на тест ја ставала нивната издржливост и жртва. Еден цвет за жената како ветување за вечна љубов.

Горан пресекува – сепак одиме кон врвот Мангарт (2679 м.н.в., граничен врв меѓу Италија и Словенија). И проценката беше одлична зашто кратко по почетокот на нашето качување денот се отвори. Влеговме во комбето и се искачивме до мангартското седло на 2055 м.н.в. по патот кој е воедно и највисокиот асфалтен пат во Словенија. Од седлото брзо пристапивме до фератата, ја ставивме опремата на нас и тргнавме нагоре по карпата. Јужниот ветер ги растера дождливите облаци. За разлика од претходниот ден, оваа патека е многу попосетена и среќаваме луѓе, меѓу кои татко со мало детенце (околу 5-6 години) врзано со јаже за него. Двајцата качуваат и нè поминуваат поздравувајќи нè. Додека кај нас малите деца се чуваат во стаклени ѕвона и развиваат алергии од зеленило и пролет, во Словенија од мали нозе се учат да ја сакаат и почитуваат природата, да живеат со неа, учат на совладување предизвици и на издржливост. Ако кај нас децата викендите ги поминуваат во Градски парк како квази-тампон зона меѓу ауспусите и ПМ10 честичките, нивните словенечки врсници ги освојуваат највисоките врвови. Патеката одлично маркирана и обезбедена, со прекрасен поглед кон седлото и домот кој го оставивме зад нас. Качувањето – вистинско уживање, на врвот – дрвен крст, граничен камен и ветерче. Враќањето го направивме од италијанската страна, по „виа нормале“ рутата, на места обезбедена со кратки ферати, на делови кои и не се многу изложени, па иако доаѓаат како фина помош, може и да се игнорираат. Според мојот ГПС запис, искачени се 825 метри во 7,1 km за околу 5.30 часа вкупно вклучувајќи ги сите паузи.

Третиот ден е ден за помала надморска височина. Веќе сме префрлени во долината Врата под Триглав, во источни Јулиски Алпи, во прекрасниот Аљажев планинарски дом (990 метри) каде од едната страна надвиснува Триглав – кралот на Алпите со неговата Северна триглавска стена, а спроти него Шкрлатица – кралицата. Во средина, ние малечки се восхитуваме на џиновите кои сонцето ги бои со портокалов сјај на изгрејсонце и залез. Прогнозата најавува дожд попладнето, па денот го искористуваме за други активности. Прво ја посетуваме ски-леталницата Планица, позната како словенечката 250-метарска „снежна кралица“ на која од 1934 година до 2005 година се поставени дури 40 светски рекорди во должина на лет. До 2012 година Планица е и најголемата леталница во светот. Додека и во лето, многу ски-летачи ги прават своите тренинзи, ние ја искористуваме леталницата за друго – да го пробаме најстрмниот зип-лајн во светот, 566 метри спуштање со брзина до 85km/h. Оттаму, на ручек покрај Бледското Езеро, докупување на спортска опрема и припреми за Шкрлатица. Сепак, вечерта ја ревидираме програмата – наредните два дена се планирани качувања со големи висински разлики од над 1900+ метри, па водичот одлучува Шкрлатица да остане за наредна прилика. Наместо тоа, наредниот ден се упатуваме по планираната патека, но по 1000 искачени метри, на 1900 метри надморска височина, под бивакот IV, го завршуваме качувањето. Сепак, не заминуваме веднаш. Убавиот ден го искористуваме за пладневна дремка под сонцето на една карпа, а на сипарот до нас повремено ќе претрча некој козорог или ќе слушнеме звук на мрмот. Освен една девојка која ја сретнавме по пат, тој ден не сретнавме никој друг на патеката кон Шкрлатица. Од горе имаме прекрасен поглед кон целата долина Врата, зеленило подредено во совршена U форма. Некаде таму и нашето домче. Тажно е што ни претстои нашата последна вечер во него. Утредента нè чека качувањето на Триглав (2864 м.н.в.) и крајот на нашата вертикална авантура.

Стануваме сред ноќ, за да тргнеме во 4.30 часот. Челни лампи на глава, мал товар на грб, камчињата крцкаат под кондурите во тишината и темнината. Горан ја одбрал Томиншкова патека за качување до домот Кредарица. Од долината искачуваме по стрмна тесна патека низ шума. После еден час излегуваат првите сончеви зраци и ја бојат Шкрлатица отспротива во злато. Шумата завршува и почнуваат првите секции на фератата. Ја ставаме опремата и еден по друг одиме нагоре. Горан прв, ние зад него. По пат среќаваме други планинари, Столе кој е на опашот на нашата колона ги замуабетува и им нафрла по некој совет – каде да стават нога, како да се закачат за сајла. Денот и идеален, па се опуштаме максимално, фотографираме, се восхитуваме на вегетацијата и цвеќињата што си го нашле својот пат низ процепите на карпите. Фератата завршува, минуваме низ краток сипар и излегуваме на илјадници години стариот Триглавски глечер, последен глечер во Словенија. И тој, како многу други, веќе во заминување. Местото каде славниот Борис Крижај ги правел тренинзите, денес ги брои последните години на постоење. Се сликаме, а мене ми се врти во глава како еден ден, за жал,  со таа слика ќе ги убедувам моите деца дека, ете, не лажам, некогаш навистина таму имало мраз и снег и во јули. Стигнуваме до Кредарица, го оставаме товарот и правиме слики пред финалното качување кон мал и голем Триглав. Се собираат облаци, ама ги игнорираме. Фератата од Кредарица до Триглав го нема мирот, спокојот и убавината што ги искусивме минатите денови на Јулиските Алпи. Гужва од планинари, кој нагоре, кој надолу, разминувањето оди потешко отколку што мислевме. Се среќаваат луѓе од многу земји, се создава врева. Туристичко жариште. И карпите се поинакви – наместо сива боја добиле жолтеникава и се измазниле од илјадниците раце и стапала кои поминале по нив. Го поминуваме Мал Триглав, мало спуштање и последен напон кон Голем Триглав. На него, Аљажев столб – симболот на Словенија, словенечката нација и територијалниот суверентитет, метален кафез кој Јакоб Аљаж го поставил во 1985 година на врвот за заштита од невремиња, откако го откупил самиот врв за еден динар. Некој се слика, некој пие пивце, а облаците веќе се собрале. Првите капки на кожа се знак дека мораме истиот миг да тргнеме надолу. Ама, малку задоцнивме. Дождот не фати на седлото меѓу двата врва, па симнувањето стана значително потешко. Ние накиснати како глувци, карпите намокрени и двојно полизгави. Мора да се внимава многу. По пат сретнуваме двајца Срби на пат нагоре, на кои Горан им препорачува да се вратат назад бидејќи времето не е одење нагоре. Тие, за среќа, разбрани луѓе, па со асистенција на Христијан и Ивана и тие се симнуваат безбедно со нас. Врвот ќе им остане за друг пат. Се исушивме во Кредарица и преноќивме. Искачивме висина од околу 2200 метри за околу 10,5 часа, на патека од околу 12km.

Дождот продолжи цела ноќ, а не престана ниту следниот ден, додека се симнувавме од другата страна на Триглав, во долината Крма. Јас викам, ете, како да плаче планината што си одиме. Но, сепак ни дозволи да се качиме и да ја направиме целата тура баш како што сакавме. Шкрлатица – кралицата, ни остана неискачена и добро што е така, уште веднаш да имаме причина што ќе не влече повторно кон височините на Јулиските Алпи, кон нови авантури.

Напишала: Елена Ѓорѓиевска

Фотографии: Горан Николоски

1

2

Монтаж

3

Селфи со Козорогот

4

 

5

Монтаж (2754 м.н.в.)

6

Пипанови скали

 

7

Нашиот Херкул – Стојан Х.

 

8

“Оди сега нагоре, бидејќи си спремен” од „Чистилиштето“ на Данте Алигиери

Edelweiss

Edelweiss, Планика, Рунолист, Леден цвет

 

9

Кон Мангарт

 

10

Татко и син кон Мангарт

11

Мангарт (2.679 м.)

12

Зип линија на Планица

13

Блед

14

Триглав под месечината

15

Томиншкова пот – ферата, кон Триглав

16

Снег под Триглав

17

По сртот кон Триглав

18

Триглав (2864 м.)

19

 

Кавказ 2017 година, Елбрус 5642 м. и Казбек 5047 м.

Кавказ 2017 година, Елбрус 5642 м. и Казбек 5047 м.

… За миг помислив дека емоциите, љубовта, желбата и потребата од планина се губат, се трошат како многу работи во животот, па ми се виде, уште додека траеше експедицијата на Кавказ, дека по ова нема да можам да помислам на планина, барем до крајот на месецот. Ама ете, на пат кон дома, сé уште со грчеви во нозете, со хроничен замор и ненаспаност, додека го чекам долго очекуваниот ручек во еден ресторан во Степантсминда во Грузија, замелушен од пријатните звуци на некои чудни етно инструменти на кои што свиреа група млади луѓе од Франција, во ретките моменти со ви-фи пристап дознавам за наредната клупска акција на Проклетије. Mоментално заборавам на сé што сум кажал и помислил до претходниот момент и, ете ме, по само едно деноноќие, по четврти пат, пак на Проклетије… Прекрасна тура, прекрасно друштво, едноставно не смееше да се пропушти, но за тоа потоа…

Кавказ 2017, што да се каже, а да не се испушти нешто, и во исто време да се остане концизен, ненаметлив, интересен, информативен. Затоа, нека биде ова еден вид водич, полн со сите потребни информации и препораки за сите оние што сакаат за првпат да се упатат во тој правец.

На 14 јули 2017 година, во организација на ПСД Макпетрол, во петок во претпладневните часови, петчлената екипа во состав: Елена Џекова, Ирина Дишовска, Дарко Вуловиќ, Тодор Ивановски и Петар Герасимов, четири членови на ПСД Макпетрол и еден член od ВАК Анапурна, тргнавме со прецизно зацртан план и одредено време на патување, пристигнување, претходно извршени резервации за попатни ноќевања, точно определен редослед на ноќевања во домовите, план за аклиматизација, предвидени денови за искачување на врвовите и резервни денови во случај на невреме. Бидејќи сите прв пат одиме на тој крај од светот, се потрудивме да собереме што повеќе информации од планинари кои биле претходно на Кавказ. Ни беа од огромна помош но имаше и нови моменти со кои требаше да се справиме на самото место.

Пет луѓе во едно возило, до душа комотно, „тојота ленд крузер“, ама сепак 2700 км во еден правец, четири држави, четири граници, осум гранични премини…

Визи, првата работа освен добра желба за планинарење, што морате да ја направите.

За грузиска виза се аплицира преку интернет на следниот линк: https://www.evisa.gov.ge/GeoVisa/. Се фотографирате на бела позадина (може и селфи со мобилен) и ја испраќате фотографијата во дигитална форма заедно со пополнетиот формулар, при што ќе треба да извршите уплата во банка од 20 евра претходно. Во рок од пет работни дена добивате известување дека ви е одобрена визата и треба да ја испечатите во боја и да ја покажете на грузиска граница (и на одење и на враќање).

Руска виза се вади во амбасадата во Скопје. Чини 50 американски долари, се плаќа на шалтер во Амбасада. Пожелно е (за посигурно и полесно добивање) вашето планинарско друштво да се обрати во писмена форма до Федерацијата на планинарски спортови на Македпнија со барање федерациојата да ви издаде меморандум упатен до Амбасадата на Руската Федерација, кој самите го носите во амбасадата кога ќе аплицирате. Пасошот се остава во руската амбасада додека трае процедурата, од прилика една недела.

Грција ја поминуваме како од шега, извонредни патишта сé до границата со Турција. Тука веќе се среќаваме со првите проблеми од типот чекање, а не знаеш зошто? Некои чудни редови, застој поради тесен граничен премин и сл. Ова чувство на нелагодност поради дисконтинуитет во возењето не следеше речиси по целиот пат низ Турција. Иако Турција ја поминавме ноќе, имавме чувство дека се возиме низ строг центар на град во најголем шпиц. Беше државен празник тој ден (таа ноќ), огромни колони, тргни застани, амбулантни возила, пренасочувања, гужви… Хаос во вистинската смисла на зборот. Стигнуваме некако до Истанбул. Оттаму, нешто порелаксирано, се разденува, патуваме по убав пат кој го следи морскиот брег по целата должина на Црно Море од јужната страна. Стигнуваме до Трабзон нашето прво ноќевање откако ја напуштивме Македонија. Бргу го најдовме нашето сместување, имавме направено резервација преку booking.com уште од Скопје. Квалитетот ни од далеку како што изгледа на сликите од понудата на веб страницата ама барем се избањавме и се наспавме како што треба. Сабајлето продолжуваме во правец на Грузија, малку скептични во однос на границата што нé чека и муабетите и претходните искуства на наши колеги планинари. И кога ќе се подготвите така за најлошото и нема да ви се видат нешто особено проблематични неколку часа чекање на граница кога ќе ви кажат дека паднал компјутерскиот систем. Ама затоа како да мислеле на вакви нервозни типчиња како нас, па ставиле на самиот граничен премин продавниче каде што можете да се освежите со саканиот пијалак и да заборавите на проблемите.

bty

сузбивање на нервоза , од лево на десно: Пеки, Токи, Еки и Дики… Ни фали Ики… Она вози, мора да остане нервозна :)))

Малку се зачудивме кога ни кажаа дека треба да излеземе сите освен возачот и да ѝ се придружиме на една голема група луѓе кои се туркаа под немилосрдното турско-грузијско сонце (како во оние оградени боксови низ кои поминува стока пред да биде жигосана), за потоа да влеземе во објектот каде требаше да ја поминеме пасошката контрола. Бевме психички подготвени и на полоши работи па ова и не ни се виде нешто особено навредливо. Помина и тоа. За неколку часа повторно се најдовме во автомобилот, овој пат во Грузија на пат кон нашата прва дестинација, гратчето Степантсминда на околу 1700 метри надморска височина. Веќе беше прилично доцна во ноќта, околу 11 часот, чинам. Требаше да го најдеме нашето второ сместување на ова патешествие. Потпрени исклучиво на тоа што ни кажува гарминот, навлегуваме во селото Гергети, се движиме по тесен колски пат со високи ѕидови од двете страни преку кои се наѕираат стари трошни куќи… инаку резервација на booking.com повторно… Да ве поштедам од понатамошно опишување, верувам дека сте влегле во некое македонско (напуштено) село во кое има тук-таму уште некаде заборавено по некоја бабичка колку да се каже дека не е целосно напуштено. Како одиме понатаму нагоре по патот, сателитски наведувани, така патот станува се понепристапен. Среќа што бевме со теренско возило. Од црна темница излегоа некои ликови (старци) кои викаа по нас нешто… Не можевме да ги разбереме, не ни изгледаа многу добронамерни ама за среќа набргу се појави една помлада жена со мобилен телефон в рака, испадна дека е нашата газдарица. Нé насочи по сокачињата и како што возев напред завршив пред една жичена ограда од каде ѕиркаа еден пар очи. Тоа беше кравата на газдарицата. Како ни се заледи крвта од претходното 15 минутно искуство, така, пријатното гостопримство на домаќините направија многу брзо да заборавиме на сé претходно. Бевме воведени во една селска куќа (Tamila Guest House) ама ептен домаќинска, со гоблени и со миљенца. Бевме понудени со чај, и со топло добредојде. Набрзина се средивме, седнавме да јадеме, ни извадија домашно винце и супер беше. Колку малку му треба на човек да се чувствува удобно, би рекол.

Утрото станавме во културно време, не премногу рано, решивме комфорната зона да не ја напуштаме сé уште. Појадуваме, се пакуваме и се упатуваме со нашето возило во правец на црквата „Св. Троица“ (14 век), историско, култно место на 2170 мнв. Патот е никаков, само за со „џип“. Наполнивме вода на чешмата во близина на светилиштето, последна на патот до домот Бетлеми (3700 мнв.) оддалечен од тука на некои 9,5 километри, точно на половина пат до највисокиот врв во Грузија, Казбек висок 5047 метри. Покрај домот Бетлеми има поставено црево (импровизирана чешма) од која тече вода, која се пие без да морате претходно термички или хемиски да ја третирате. Вечерта со домаќините каде што преноќивме претходната вечер, поучени од искуството на претходните експедиции, договоривме транспорт за поголемиот дел од багажот, да ни биде пренесен со два коњи. Успеавме да се испазариме за 120 евра. Имавме поприлично опрема за носење, и лична (комплетна зимска гардероба за искачување петилјадарка) и техничка (60 метарско јаже, појаси, карабинери, дерези, цепини, глечерска опрема, макари (пули) за извлекување од глечерска пукнатина, помошни јажиња, прусици, гуртни примуси, садови, опрема и храна потребна за тридневен престој-две ноќевања). Тргнавме така, коњите пред нас, ние со релативно лесни помали ранци (предвидени за summit day) по нив, каскавме… Уживавме во погледот пред нас. Казбек со целата своја големина и убавина, осамен, единствен, снежен, се издига над зелените благи форми на околните ридови.

DSC_0028

DSC_0041  DSC00753

DSC_0058

DSC_0072

 

Казбек

Стигнуваме така, во една лабава прошетка до глечерот на околу 3200 мнв, кој оттука ја менува својата агрегатна состојба и во форма на река го продолжува својот пат кон долината Гергети. Реката без поголеми проблеми ја поминуваме без да се натопиме. Тука, на почетокот на вечниот мраз, коњите застанаа, немале дерези веројатно за понатаму по мразот, па моравме тешкиот товар да го распоредиме на нас, на грб, на гради, на секаде… Страшно беше наредните 500 висински метри, ама издржавме машки, дури и женските.

IMG_0490.m4v_snapshot_00.01_[2017.08.24_09.40.44]

Внимавајте  кога ќе се договарате со носачите, подоцна разбравме дека имало можност да одат до горе до домот. Стигнуваме до домот премалени. Се сместуваме во една соба не поширока од два и пол метри. Со импровизиран кревет на спрат. Двете девојки изразија желба да спијат горе, ние тројца се поредивме долу. Топло е, доволни се лесни летни вреќи (ќебиња нема). За кратко се јавија и првите симптоми на висинска болест, замор, немање апетит, главоболка, поспаност, отеченост… Поради новонастанатата ситуација се одлучивме дека попаметно ќе биде да не правиме аклиматизација (да не одиме да искачуваме неколку стотини метри) туку да се одмориме што повеќе и да собереме сила за искачувањето на врвот, кое беше во план во раните утрински часови. Информацијата дека ќе имаме стабилно време во текот на целиот нареден ден ни отвори доволно простор да се одлучиме да тргнеме најдоцна што може, дури во 3 часот утрото. Тргнавме последни, домот беше празен, последни на долгата опашка, ама далеку од тие пред нас. Тргнавме како што се договаравме, бавно… Го „програмиравме“ и го поставивме на чело на групата нашиот темпомат Дарко, кој не дозволи темпераментот на поединци да избега од контрола. Во почетокот по сипарот соло, на глечерот во задолжителна наврска, дисциплинирано, сé до крајот, до самиот врв, бидејќи теренот беше исклучително технички, со многу опасности, глечерски дупки, ризик од пропаѓање, дури и на места каде нема видливи показатели од потенцијална опасност, опасност од пролизгување по стрмниот замрзнат терен.

IMG_0449.m4v_snapshot_00.43_[2017.08.24_09.35.10]

Последните 100 метри се навистина ризични, доста стрмно и во нашиот случај многу замрзнато. Присуствувавме на еден немил настан, еден член од српската група пред нас, на враќање, се одлучува да се одврзе од наврската. По само неколку чекори соло движење се лизнува и почнува да паѓа, за среќа во правец на седлото каде што застанува без сериозни повреди, но видно исплашен. Да му се случеше тоа на неколку чекори пред или по местото на падот ќе завршеше трагично во провалиите од лево и од десно под врвот. Очигледно технички неспремна, остатокот од српската група беше безбедно спуштена од врвот со помош на јаже поставено од страна на еден руски водач на друга група. Ние во тој момент сé уште одевме во правец на врвот, би рекол доста смирено и рутинирано го поминавме критичниот момент. Сепак не биле залудни сите оние тренинзи и симулации на слични ситуации што ги правиме редовно во зимски услови на нашите планини (движење во наврска, симулација на падови во наврска, self arrest техника со цепин, самоизвлекување од глечерска пукнатина, извлекување повреден од глечерска пукнатина-st. Bernard…и други техники. За кратко нашата петчлена група се најде на врвот, на огромно задоволство на сите нас. Првата искачена петилјадарка.

20251021_10154990752783871_187723892_o

Времето беше пристојно како за таа височина, ни дозволи некои половина час да му се радуваме на успехот, да земеме душа и да собереме сила за успешно и безбедно завршување на акцијата-враќањето, кое мора да се признае, како по некое правило секогаш испаѓа многу потешко и покомплицирано од искачувањето. Спуштањето на критичниот дел одеше со помош на јаже со абзелување (импровизирано ама безбедно). Во ниеден момент не смеевме да се опуштиме, бидејќи нé чекаа ново отворени глечерски процепи, поради високата температура во попладневните часови. Тројца од нас на враќање го почувствуваа тоа како е да се пропадне во глечерски процеп, кој повеќе-кој помалку, за среќа не толку сериозно.

IMG_0432.m4v_snapshot_00.25_[2017.08.24_09.33.03]

DSC00812

DSC00807

Враќањето преку глечерот го изведовме повторно во наврска и безбедно се вративме во домот. Преспавме ноќта, се одморивме убаво и рано утрото тргнавме накај црквата „Св. Троица“ каде нé чекаше нашето возило, а потоа во правец на нашата следна дестинација, Елбрус.

IMG_0477

DSC00824

Технички податоци: 30 км./ 2900 м. Д+ (од Св. Троица до врв и назад).

Резиме на првата акција:

Кога повторно би одел на Казбек, во однос на погоре напишаното би го сменил следното: би зел помалку храна, нема потреба од дополнителни резерви, во домот служат јадење по нормални цени. И, секако би додал еден ден плус за аклиматизација, значи, пристигнување во домот, одмор, следен ден аклиматизација, искачување некои 500 висински метри, враќање во домот и следниот ден на полноќ тргнување на врв (гаранција за сто процентно успешно искачување).

Елбрус

Русија ни приреди „секавично“ добредојде. Невидено невреме. Испокршени дрва лево и десно од патот, што од ветар, што од громови изгорени… Како сцена од „Армагедон“. За да биде ефектот посилен, во еден момент заслепувачки блесок придружен од заглушувачка експлозија ни го одзеде здивот. И сé уште се убедуваме помеѓу себе, нé удри гром-не нé удри гром!? Па како што на почетокот се договоривме дилемите да ги решаваме со двотретинско мнозинство, така и овој пат бевме тројца наспроти еден и еден воздрзан, дека нé удри гром. Прогуглавме кога се вративме, ги освеживме одамна стекнатите и по малку заборавени знаења за некои закони и толкувања од физиката, фарадеев кафез и сл… Не е ни битно. На автопатот во Турција, пак, претходно (еве сега се сетив), имавме слична ситуација. Една откачена раткапна од автобусот кој во моментот го претркувавме за малку ќе ни го сменеше текот на целата оваа приказна. Како и да е, без влакно да ни фали продолжуваме непоколебливо во правец на Азау, нашата крајна дестинација, каде стигнуваме повторно во доцните вечерни часови. Сместувањето овој пат е навистина на ниво, да не кажам извонредно. Во хотел „Премиер Азау“, доцна вечерта кога стигнавме се средивме, вечеравме од нашата подвижна кујна и легнавме. Утрото нé чекаа новите активности, менувачница нема, кредитни картички не функционираат, можете да замените пари единствено на билетарниците во новата или во старата жичарница. Може да се плати хотел и билет за жичара со евра, можете и домовите да ги платите во евра, дури и пиво да пиете или да платите ратрак, ама не насекаде, сепак е пожелно нешто да промените. Жичарницата поаѓа од нешто повеќе од 2400 мнв. и ве носи речиси до 3800 мнв., каде имате неколку планинарски домови во кои можете да се сместите по претходно извршени резервации. Нашиот се викаше “Харт оф Елбрус”. Убаво сместување за таа височина. Тука отспавме една ноќ. тел: 8(928)914-58-68; 8(928)079-30-95. Следните две вечери имавме резервирано во „Пријут 11“, на 4060 мнв.

DSC00875

Направивме аклиматизација до Паштукова Карпа на висина од 4700 мнв. Во домот има кујна со плински шпорет, кој може да се користи слободно. Вода и храна нема да се купи. Вода или топите, или полните од потоците што течат (ако е топло) па ја превривате,  или си носите со себе од Азау како што направивме ние. Уште од Скопје си купивме пластични канистри од 18 литри за секого по еден, ги наполнивме во Азау и ги пренесовме со жичарницата а потоа со моторна санка заедно со остатокот од опремата до домот за сума од 3000 рубли за двата дена. Тука се најдовме, вклопивме и сплотивме (по принципот менталитет, јазик, вера, географска ширина и должина, заедничка историја, која некој со сите свои сили се обидува веќе подолг период да ја избрише од нашите сеќавања…), со 20-тина планинари од бившите југословенски простори, членови на еден единствен планинарски клуб. Имаше припадници од сите поранешни републики освен од Македонија. Играта на случајот направи мозаикот да биде склопен онака како што треба.

yu montaza 4

Судбината веќе беше запишана, нам ни остана само да ја истрчаме. Многу е лесно кога имате чиста мисла, јасна идеја, решителност и самодоверба, професионален пристап, упорност, посветеност, спремност, и пред сé голема желба и љубов да направите нешто. Кога сите овие работи ќе ги стокмите на едно место, успехот едноставно ќе ви се случи. Дури и повеќе. Наместо предвидените две петилјадарки, ние искачивме три. Да не бидеме сфатени погрешно, ама не можеме а да не бидеме горди на постигнатиот успех, особено кога знаеме дека сме единствената експедиција од овие простори годинава, која со „102,5 отсто“ успешност ја оствари својата цел… Мислам дека сум скромен во проценката ама не смеам да му го одземам авторското право на Амди Бајрам околу процентите. За два дена Елбрус не натера два пати да се искачиме над 5000. Првиот обид да го искачиме врвот ни беше неуспешен. Единствено планината може да ви одреди кога ќе ви биде „summit day“. Фразата „се споија небо и земја“ едноставно не можете а да не ја употребите бидејќи единствено таа успева буквално да ја опише во два збора ситуацијата во која се најдовме. Во услови кога имате само неколку метри видливост и кога не знаете каде завршува снегот, а каде започнува небото, дури ни извонредно поставената зимска маркација не може да ви помогне. Имавме моменти кога не знаевме каде, па моравме да ја следиме претходно поставената патека во GPS-от. Дефинитивно Елбрус не беше расположен да нé види на врвот тој ден. Ни дозволи само до 5300 мнв., до седлото и ништо повеќе. Имаше очајнички обиди од страна на поединци да направат „херојско дело“, ама многу бргу сфатија дека ќе мораат, сакале тие или не, покорно да ја испочитуваат моќта на природата. Утешно беше што и останатите 300-400 (по моја слободна проценка) планинари, не го видоа врвот дента. Се вративме како пока…. ама не се откажавме иако тајмингот веќе не притискаше. Останавме уште еден ден затворени во домот. Надвор меќавата беснееше цела ноќ и цел ден до попладнето. Сепак со надеж, охрабрени од убавите вести што ни пристигнуваа од Македонија во врска со временската прогноза за наредниот ден (голема благодарност до нашиот колега планинар, по професија метеоролог, Глигор Митковски за редовното информирање за временските прилики) , останавме дисциплинирано да чекаме на „временскиот прозор“, кој требаше да се отвори од полноќ до пладне, до околу 12 часот, кога повторно беше предвидено невреме со електрични празнења.

GOPR0280.m4v_snapshot_00.15_[2017.08.24_07.34.01]

DSC_0154

GOPR0264.m4v_snapshot_00.04_[2017.08.24_07.31.24]

Бевме навистина исцрпени од претходниот обид (од искачувањето на втората петилјадарка). Математиката кажуваше дека ако сакаме да излеземе на врвот и безбедно да се вратиме пред предвиденото невреме, требаше да тргнеме некаде во 21-22 часот. Сепак се одлучивме ризикот од неуспех да го сведеме на минимум, прежаливме по 50 евра од човек, за превоз со ратрак до Паштукова Карпа и на врвот се искачивме, што би рекла Еки „ГО ОСВОИВМЕ“, како што се освојува женско/машко срце, со многу взаемна љубов, во точно 06.45 часот. Среќни, пресреќни, најсреќни, иако со премрзнати екстремитети, еуфоричната атмосфера на самиот врв нé натера да заборавиме на сé и целосно и безрезервно да му се препуштиме во наредните можеби 45 минути. Останатите, испуштените моменти од приказната доживејте ги преку снимениот материјал кој ќе ви го понудиме.

GOPR0300.m4v_snapshot_00.16_[2017.08.24_09.22.59]

Еки, Пеки, Ики, Дики и Токи на врвот

DSC_0395

DSC00918

DSC_0357

DSC_0334

DSC_0388

 

DSC_0289

DSC_0262

DSC_0391

 

DSC_0280

DSC_0267

 

DSC_0498

DSC_0258

DSC_0451

DSC_0206

DSC_0108

Технички податоци: 12.3 км/ 1600 м. Д+ (од Пријут 11 до врв и назад).

Резиме на втората акција:

Ништо не би променил, ова е вистинската и единствената формула за успех.

 

 

Пинд – Тимфи, Грција (26-28 август)

Пинд – Тимфи, Грција (26-28 август)

За мене убавината во планинарењето е во истражувањето – да се посетат нови места, да се најдат нови патеки, да се запознае и научи нешто ново. На Пинд бевме пред 5 години но ова место со својата посебност заслужува повторно да се посети. Минатиот пат останаа некои делови непосетени, така да имавме мотив зошто да дојдеме пак. И сега останаа некои места непосетени па можно е по некоја година пак да дојдеме да ги дооткриеме.

За Пинд може да се прочита на Wikipedia или да се најдат информации од други извори. Накратко – тоа е планински масив на западниот дел од Грција и претставува продолжение на Динаридите, Проклетије и албанските планини. Пинд е составен од неколку планини – Тимфи, Цумерка, Лакмос, Какардица, Грамос… Ние го посетивме Тимфи – тоа е северо-западен Пинд.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

 

Екипата брои 28 души – 26 со мини-бусот и двајца со сопствено восило. Поаѓаме од Скопје во петокот на полноќ. Ноќно возење – малку заморно но тоа е жртвата што ја правиме за да извлечеме максимум од овој продолжен викенд.

SAM_0815

Пристигаме во 9:30 во селото Микро Папиго. Малку подоцна од планот. Селото се наоѓа на околу 950 m надморска височина. Поаѓаме кон домот Астрака кој е на 1950 m. Планот да стигнеме до домот за 3 часа наскоро гледаме дека нема да се оствари. Не фати топлото време и движењето е потешко. Товарот од ранците дополнително го отежнува искачувањето. За среќа на неколку места има чешми и убаво направени одмаралишта па со неколку одмори се искачуваме до домот за околу 5 часа.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Домот се наоѓа на прекрасно место, под врвот Астрака, на едно седленце. Може да се види уште од далеку кога се приближуваме кон Микро Папиго. Убаво направен дом со добри, можеби малку строги домари, но генерално домот е во одлична состојба и е чист, има можност да се нарача храна и пијалоци. Вода има, велат дека не е за пиење иако јас си пиев од неа и немав проблеми. Тушеви има ама водата за туширање беше ладна – рекоа дека имале некаков дефект.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Планот за тој ден беше да се оди на езерото Драколимни ама поголемиот дел од групата реши дека е поубаво да се одмориме за да утре имаме појак ден. Кон крајот на денот поаѓаме во правец на врвот Лапатос (северо-запад) и таму го чекаме залезот на сонцето.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Следниот ден (недела) стануваме во 7 по грчко време – тогаш почнува да работи домот – се пушта струја, почнува да работи кујната. Појадуваме и поаѓаме до последната чешма во правец на Микро Папиго – за да се дополнат резервите со вода за пиење за тој ден. Потоа почнуваме со искачување кон врвот Астрака од “задната” – западна страна. Теренот составен од трева и камен – во горниот дел повеќе камен и тоа камени плочи со различни форми и “украси” на нив – последица од делувањето на суровите временски услови. Во почетокот се движиме во сенка и е многу пријатно, но подоцна не фаќа сонцето. Еден дел од групата е поамбициозен и сака да го искачи и вториот – највисокиот врв на Тимфи – Гамила (или Камила). Затоа таа група ја пуштаме да оди побргу за да има време да ги качи двата врва – па потоа сите да се најдеме на езерото Драколимни (барем така беше планот).

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Од врвот Астрака (2436 m) имаме прекрасен поглед на пошироката околина – се гледа домот долу под нас, се гледа Драколимни, Гамила и другите врвови до него. Седиме тука петнаесетина минути и уживаме во погледот и во тишината

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Се спуштаме кон другата страна – прво кон југ, па потоа скршнуваме надолу кон исток. Тука здогледуваме дел од првата група кои ја изгубиле врската со својата група, па со заедничко залагање и вртење на некој телефон успеваме да се консолидираме. Носевме и радио-станици, но уште првиот ден се покажа дека тие се речиси неупотребливи на ваков терен.

Веќе станува многу жешко, а заморот полека почнува да се гледа на лицата на учесниците. Делот од првата група што ни се приклучи сфаќа дека е веќе доцна да поаѓаат кон Гамила, па затоа одиме надолу (во правец на домот – север) по најкратката патека. За среќа таму под домот наоѓаме вода (две црева во корита) и тука ги обновуваме резервите. Без таа вода немаше шанси да продолжиме понатаму.

Одиме сега преку дното на првото пресушено езерце и потоа почнуваме со искачувањето кон езерото. Таа патека обично не е нешто многу тешка, но бидејќи сега е многу топло, искачувањето оди побавно. Но конечно стигнуваме до езерцето и тука не чека заслужената награда – и убав поглед и освежување во ладната езерска вода.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Во водата пливаат мали “змејолики гуштерчиња” – барајте ги како Ichthyosaura alpestris или alpine newt. Тие си пливкаат во водата и овие беа доста мали – околу 5-7 cm во должина, иако веројатно може да нараснат и поголеми.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Од езерото има многу убав поглед кон моќниот врв Гамила (2497 m). Езерцето се наоѓа на крајот на едно плато и веднаш потоа теренот стрмоглаво се спушта надолу на северната страна кон кањонот на реката Аос.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Некои од нас се капеа, некои само си ги ладеа нозете во водата, но сите се освеживме. Потоа поаѓаме полека назад кон домот. Во подножјето на ридот кадешто се наоѓа езерото, на некои 20 метра од патеката во десно има уште една чешма – црево со вода за пиење.

Во меѓувреме оние кои беа во групата што го искачи врвот Гамила се вратиле во домот – топлото време и недостигот на вода ги принудил да не го посетат езерото – така да тоа ќе им биде мотивот да дојдат тука некој следен пат.

Остатокот од денот го поминавме во јадење и пиење – надополнување на она што го изгубивме во текот на денот, за да имаме сила да продолжиме следниот ден. Вечерта лежерно, салата, пијачка, муабети, смеење…

 

Последниот ден (понеделник) повторно станување во 7, појадок и се пакуваме за враќање надолу. До 10 часот се собираме сите кај мини-бусот. Одиме до селото Викос кое што се наоѓа на самиот раб на кањонот. Викос е познато по водата која се продава низ цела Грција. Втора позната вода што се полни тука е Загори – така се вика поширокиот регион на Пинд, трета е Аос – испаѓа сите попознати води во Грција се од овој крај.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Се спуштаме по тесна но уредена камена патека надолу кон дното на кањонот – имаме околу 350 m висинска разлика. Патеката во поголем дел е на припек, а денот – уште потопол од претходниот. Се симнавме долу – тука има една мала но симпатична црквичка и веднаш до неа се наоѓаат изворите на реката Видоматис – тоа е една од неколкуте рекички течат низ овие кањони.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

За жал беше многу сушен период и малку не разочара погледот кон изворите – повеќе наликуваше на некоја бара – но тоа е тоа. Затоа пак искачувањето нагоре по топлото време ги исцрпе нашите резерви на вода во организмот. Кога се качивме горе се довлечкавме до првиот ресторан со сенка над глава и тука уживавме во локалната кујна. Сите овие селца имаат убаво развиен туризам, постојано им доаѓаат туристи од цел свет. Прекрасни камени куќарки – поголемиот дел претворени во хотелчиња, ресторани, кафулиња.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Околу 14 часот влегуваме во автобусчето и поаѓаме назад – прво кон Јанина – регионалниот центар, па потоа нагоре кон север.

На враќање ги гледаме околните планини (од истиот масив на Пинд) и веќе полека се прават планови за некое следно истражување на овој многу интересен предел. Мецово на пример е место кое треба да се посети, а околу има планини кои се интересни за искачување и во летен и во зимски период.

Со неколку застанувања по пат и со прилично брзо минување на границата – се прибравме во Скопје некаде околу полноќ. Се надевам дека и останатите учесници убаво си поминаа – секако дека не беше баш лесно, но ние планинарите и не сакаме се да е баш така лесно.

Патека од првиот ден - група Астрака - Драголимни

Патека од првиот ден – група Астрака – Драголимни

Патека од спуштање во кањонот Викос

Патека од спуштање во кањонот Викос

ZUCKERKUTL (3507мнв)  Австрија

ZUCKERKUTL (3507мнв) Австрија

Водич/Организатор: Александар Буцевски  ПСД Макпетрол

Цел: ZUCKERKUTL (3507мнв)  Тирол Австрија

Датум: 18.07.2017-19.07.2017

Насока: Солден (Австрија) 1350мнв – Хилдесхеимерхутте (2899мнв) – Зуцкеркутл (3507мнв)

Тежина: почеток: пешачење   средина: пешачење наврска на глечер крај: лесно качување карпа тежина 2.

Висинска разлика: ден 1, солден – хилдесхеимерхутте (1540м),  време: 6 часа,

должина 12.6км.

ден 2, хилдесхаимерхутте – зуцкеркутл (610м). време: 6 часа, должина 8.4км.

Потребна опрема: дерези, цепин, појас, кацига, јаже и неколку комплети.

                Зуцкеркутл е врв кој се наоѓа во Австрија висок 3507м и е највисок врв во делот од алпите наречен Стубаи Алпи и четврт по височина во Австрија.

                Акцијата започна на 17 јули 2017 г. кога трочлена екипа од псд макпетрол (јас Александар Буцевски, Никола Настевски и Дарко Петрушевски) се упативме кон Австрија поточно во селото Солден каде сместувањето беше во  камп и каде ги започнавме подготовките за акцијата. Кампот Винкл се наоѓа во селото Солден и за сместување нема резервации на интернет  туку се оди директно на лице место. Цената за престој е околу 10 евра по човек на ден и скоро секогаш во летниот период се наоѓа слободно место.

IMG_20170717_182257 IMG_20170718_091842

                Вторник 18.јули 2017. Планот за овој ден беше да се стигне до Хилдесхаимерхутте на 2899мнв. Патеката кон врвот започнува од селото Солден на околу 1350мнв со минибус кој ве носи до местото фиеглгестхаус на 1956мнв (13 евра по човек) и ви заштедува околу 2 часа пешачење. Поради недоразбирање со возниот ред го испуштивме минибусот и бидејќи го имавме целиот ден пред нас тргнавме полека кон домот Хилдесхеимерхутте 2899мнв. Патеката до домот води низ стрмни живописни предели низ кои течат многу потоци и помали реки кои ги користевме за пиење. По 6 часовно пешачење со неколку паузи пристигнавме до домот каде  што се сместивме и се подготвувавме за искачување на врвот за наредниот ден. Линк за домот Хилдесхеимерхутте 2899мнв (www.hildesheimerhuette.at) каде ги има сите информации и цени за сместување. Со Македонска планинарска книшка цената беше 9 евра по човек за ноќевање.

IMG_20170718_145300 IMG_20170718_133011 IMG_20170718_103621 IMG_20170719_160854

                Среда 19. Јули 2017. Будење во 6.00 часот појадок и тргнуваме по маркираната патека кон врвот  зуцкеркутл 3507м, патеката започнува со спуштање  и поминува покрај глечерско езеро кое се наоѓа покрај домот. понатаму патеката преминува во  кратка виа ферата околу 30 метри и продолжува по истурените камења нагоре до почетокот на глечерот. Од стартот на акцијата во солден до почетокот на глечерот  на околу 3000 м. Не се користи никаква опрема пределот е сув и топол и може да се користи  лесна облека и лесни кондури (патики)  за пешачење.

IMG_20170719_083959IMG_20170719_094844IMG_20170719_10494220170719_104621222

aaaa

Почетокот на глечерот е како со  линија пресечено, едната страна сува карпа а другата цврст мраз по кој тешко се пешачи без дерези. Тука се формираа неколку наврски истото го направивме и ние ставивме дерези се наврзавме во наврска од тројца и тргнавме со искачување по глечерот. Пред нас тргна една наврска од 4 ца англичани па ние следејќи ги нив немавме проблеми со ориентација. Од тука па нагоре се до околу 100 висински метри пред врвот патеката е глечерско одење во наврска. Последните 50-100 висински метри  до врвот патеката преминува во пострмно качување на сува карпа со тежина 2 (во периодот кога ние бевме таму) инаку во зависност од временските услови може да биде покриена со мраз снег итн. На патеката до врвот има поставени шипки во карпите кои служат за обезбедување па може да се користи и опрема за обезбедување (јаже , комплети). Гледајќи ги останатите наврски кои беа пристигнати пред нас како ги оставаат дерезите јажињата ранците на почетокот на сувиот дел од карпата, решивме и ние да го направиме истото и без опрема да го искачиме врвот.  По 20 сетина минути сме на врвот каде направивме по неколку фотографии со клубските знамиња се одморивме и по истата патека се вративме во домот  каде што решивме да останеме уште една ноќ наместо да брзаме и да се симнеме во кампот во Солден.
IMG_20170719_111053

Линк до повеќе фотографии:

Facebook

 

WILDSPITZE  (3774мнв)  Австрија

WILDSPITZE (3774мнв) Австрија

Водич/Организатор: Александар Буцевски  ПСД Макпетрол

Цел: WILDSPITZE (3774мнв)  Тирол  Австрија

Датум: 21.07.2017

Насока: Вент (1895 мнв) -Стаблеин (2365мнв)- бреслауер хутте ( 2844 мнв) – Wilspitze  (3774мнв).

Тежина: почеток: виа ферата тежина 3  средина: пешачење наврска на глечер крај: лесно качување карпа тежина 2.

Висинска разлика:    Стаблеин – Бреслауерхутте – Wildspitze (1410м),  време: 8 часа,  должина 12.9км.

Потребна опрема: дерези, цепин, појас, кацига, јаже и сет за виа ферата.

                Wildspitze  е  втор по висина врв во Австрија после (гроссглокнер).  Четвтрток 20.07.2017. Се наоѓаме во кампот Винкле во Солден (јас Александар Буцевски Никола Настевски и Дарко Петрушевски). Ги правиме последните подготовки за искачување на врвот wildspitze наредниот ден. Почетокот на акцијата е во селцето Вент кое е одалечено од кампот околу 17км. Тргнуваме со автомобил од Солден кон Вент околу 7 часот и 30 мин, за да ја фатиме жичарата која почнува со работа од 8 00 часот. (13 евра повратен билет по човек) Со жичара се качуваме од Вент(1895мнв) до Стаблеин (2365мнв) каде има ресторан и убав поглед кон околните планини и селцето Вент. Од тука почнуваме со пешачење и патеката не носи до домот Бреслауерхутте (2844мнв) каде правиме кратка пауза и уживаме во убавиот поглед и сончевото време. Обично оваа акција планинарите кои ги сретнавме ја прават во два дена со спиење во домот и вториот ден тргнуваат порано кон врвот додека ние ја правевме во еден ден и во домот се најдовме во 9 и 30 часот. Но денот е долг и има време  за еднодневна акција, но касното тргнување ја зголемува опасноста во горниот дел на глечерот кој во попладневните часови се топи и пукнатините стануваат поголеми и опасноста е поголема.

IMG_20170721_081009 IMG_20170721_091925IMG_20170721_105315IMG_20170721_100159

Од домот тргнуваме по маркирана патека и според патоказната табла до врвот има околу 4 часа пешачење. По околу еден час пешачење доаѓаме до висина од околу 3000 метри каде што почнуваше глечер кој на почетокот беше цврст мраз и водеше кон еден кулоар каде што беше патеката, како се качувавме нагоре глечерот преминуваше од цврст мраз,  во стрмна падина со снег се до почетокот на виа фератата која е патека по сува карпа обезбедена со сајла но со малку поголема тежина,  на почетокот скоро вертикална па во горниот дел малку аголот се намалуваше. Тука ги сретнавме неколкуте наврски кои беа тргнати од домот рано сабајле и веќе биле на врвот и се враќаа назад кон домот а тука бевме на пола пат до врвот. На почетокот на виа фератата ставаме импровизирани сетови за ферата направени од гуртни и карабинери и почнуваме со искачување,  еден по еден за околу половина час излегуваме од фератата на рамно поле со снег каде формираме наврска и тргнуваме кон врвот. Додека качувавме на фератата постојано од околните врвчиња се слушаа и гледаа камени лавини како паѓаат во околните кулоари,  веројатно  топлото време и  не многу големата висина од околу 3200 метри  каде е крајот или почетокот на глечерот придонесува за многу чести одрони од камења во кулоарите. Продолжуваме по глечерот по веќе разгазена патека и наидуваме на повеќе пукнатини кои внимателно ги поминувавме.
IMG_20170721_115554 IMG_20170721_120917

Се разминуваме со последната наврска која се симнуваше од врвот и остануваме сами на планината и продолжуваме  кон врвот. Стигнуваме под врвот на околу 100 висински метри каде глечерот завршува и почнува сува карпа (во зависност од периодот). Тука решаваме да ги оставиме ранците и јажето и без проблем за 20 сетина минути сме на врвот, правиме фотографии со клубските знамиња и уживаме во погледот на околните планини и  глечери. На врвот се задржуваме околу половина час и по истата патека внимателно се враќаме назад, Времето се менуваше на секои 10 мин, од сончево и топло за 10 мин. големи облаци ја затвараа планината и врнеше замрзнат дожд (град),  за по 20 тина мин. повторно сонце. Околу 17 и 10 часот пристигнуваме до жичарата која ни затвара пред нос бидејќи работеше до 17 часот, Времето се расчисти од врнежите и огреа силно сонце, правиме пауза, задоволни од искачениот врв не ни претставуваше проблем да симнеме уште околу 400 метри висина до паркингот во Вент.

 IMG_20170721_120923 IMG_20170721_130307 IMG_20170721_130319 IMG_20170721_134652 IMG_20170721_150559 IMG_20170721_152016

Линк до повеќе фотографии:

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10211884059715136.1073741906.1180341526&type=1&l=cc82494193