ЕЛБРУС 2017 (27.06.2017)

ЕЛБРУС 2017 (27.06.2017)

Елбрус, ДА Елбрус со своите 5642мнв е највисок во Европа. Политиката нека си остане во подножјето и нека не го нарушува раатот на нас вљубениците во планината!

Водени од желбата да се најдеме на покривот на Европа и да видиме до кај ни се можностите, 22-ца oбединети под водство на  Пача – Зоран Павлович се упативме кон суровата Русија во правец на западниот дел на планинскиот венец Кавказ каде гордо исправен се наоѓа заспаниот вуклан Елбрус. (more…)

25 август – 3 септември 2017 К О Р Ч У Л А

51

Традиционална акција на ПСД Макпетрол во соработка со ТА Еx – travel од Прилеп. Ја објавуваме порано заради неопходното планирање на годишен одмор и навремено обезбедување на сместување и превоз.

Оваа година е достапна и за родители со школски деца. Децата до 10г имаат 50% попуст за ноќевањето.

Островот КОРЧУЛА (Corcyra Nigra) припаѓа на Дубровачко – Неретванската жупанија, има површина од 279 км2, должина 47км, ширина 5,3 – 7,8км. Има 16.000 жители. Највисоки брда се Клупча 568м и Ком 508м. Корчула е шести по големина Јадрански остров. Климата е блага медитеранска со просечни температури во јануари 9,8оС и во јули 26,9оС. Островот е прекриен со медитеранска флора и понекаде со шума од борови. Едно од најразвиените полиња е Блатско поле кое е и најголемо.

Островот е поврзан со траекти со Оребиќ на полуостровот Пељешац и со Ублим на островот Ластово а на лето и со други градови и со Италија.

52  53

Траект на Јадролинија.                                                              Градот Корчула.

Најголеми населени места се главниот град Корчула, Блато и Вела Лука. Во градот Корчула постои куќата во која е роден Марко Поло. Според легендата Тројанскиот јунак Антенор ја населил Корчула во 12 век пред Христа. Второ населување извршиле Илирите.

Корчула била освојувана од Дубровачката република, од Венеција, од Австрија, од Наполеон, била под Италијанска и Германска окупација. Од 1945г е во составот на Р. Хрватска.

П Р О Г Р А М А :

25 август 2017 (петок) – Во 20ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Ноќно возење преку Призрен и Скадар до Будва по убав пат.

26 август 2017 (сабота) – Околу 7ч наутро пристигање во Будва. Пауза за одмор и разглед на Будва.

54

Во 11ч продолжување на патувањето  кон Корчула. Пристигање на Корчула – во Завалатица –  во раните попладневни часови. Сместувањето е во приватни куќи во првиот или вториот ред покрај морето во апартмани со кујна и спални соби. Кујните се опремени со сите потребни елементи и прибор. Ќе имаме 8 ноќевања.

3 септември 2017 (недела) – После доручекот заминување за Скопје. Попатно застанување за разглед на Дубровник. Пристигање во Скопје во доцните вечерни часови.

55

56

 

57

58

ЗАВАЛАТИЦА е мало, мирно место со околу 200 куќи сместено во залив. Воздухот има прекрасен мирис на море и борови. Има еден убаво снабден маркет и два ресторани. Секоја од куќите во првиот ред има сопствена плажа.

59  60

Водата е кристално чиста. Ова ќе биде наша шеста посета на Корчула. Се случувало да заврне по час-два три-четири дена по ред но водата останувала топла затоа што се работи за остров и големо количество на вода која споро се оладува.

На 10 минути од куќите се наоѓа извонредно убава плажа – ЖИТНА.

61

 

62 63 64

Тоа е плажа како од филмовите.

Над куќите има ограден терен за спортување. На 2км од Завалатица се наоѓа малото село Чара кое е поврзано со автобуска линија до градот Корчула или до Вела Лука. Во случај на потреба може да се користи и такси.

ЗА РИБАРИТЕ местото е рај! Можат да фаќаат риба по цел ден од плажите покрај брегот или со чамци на мештаните.

65

Тазе рипчиња. Колку убаво мирисаат!

ЗА ЗАБАВА имаме за користење убав дел од плажата кој ноќе е осветлен и опремен со голема маса и клупи. Идеално е за седенки кои ќе ги организираме навечер.

66

Еден од мештаните има чамец за 20 особи и со него може да се организира целодневна прошетка околу Корчула или посета на Ластово или Мљет. Во цената на нашиот аранжман е вклучена посета на Вела Лука, Корчула и Лумбарда. Можна е посета и на Хвар со доплата за траектот.

67

ЗА ПЛАНИНАРИТЕ еден ден ќе организираме искачување на врвот Св. Илија над Оребиќ кој е висок 960м. Искачувањето започнува од 0 мнв и потребни се околу 3,5часа пешачење до врвот. Глетката од врвот е величествена.

68Оребиќ и Св.Илија

69

Глетка од врвот Св.Илија

ДОМАЌИНИТЕ НА КУЌИТЕ имаат свои лозја и од грозјето прават извонредно квалитетно вино кое го продаваат по многу пристапна цена. Истото важи и за маслиново масло.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ –  200 евра. Цената опфаќа: превоз со автобус / минибус, износ потребен за превоз со траекти, 8 ноќевања, наведените прошетки по островот, организација на акцијата.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ  –  пасош, планинарска книшка со маркица за 2017г, патничко осигурување.

ПРИЈАВУВАЊЕ  –  до пополнување на превозното средство. Обавезна аконтација при пријавување 100евра.

ПРИЈАВИ – по mail: nikola.donovski@gmail.com / Goran.Nikoloski@telekom.mk  или на тел. 070 725-880, 070 200-506

ВОДИЧ – Никола Доновски