Цопузи, Голем Крчин, Турен Камен

Цопузи, Голем Крчин, Турен Камен

Во утринските часови на 20 мај, платото пред некогашната караула (сега реконструирана како Бигорски Скит “Свв. Кирил и Методиј”) над селото Битуше беше почетна точка за искачување на Голем Крчин за педесетина планинари во организација на неколку планинарски друштва. За голем дел од нив ова беше една од ретките можности да се посетат прекрасни предели движејќи се по солидно обележани патеки. Од друга страна пак, поголемиот дел од учесниците од групата организирана од старана на ПСД Макпетрол, добија и многу повеќе – прекрасни водопади, извори, карпи, езерца, шума и терен по кој речиси и да не стапнала човека нога. (more…)

Бел Врв, Црна Чука

Бел Врв, Црна Чука

На 22.4.2018 временските услови на северните делови на Кораб беа повеќе од идеални – кристално чисто време, речиси без ветер, со утринска температура под нулата доволна за да го стврдне снегот кој се уште го имаше во големи количини, како и релативно топло време во остатокот од денот за да овозможи пријатно планинарење. Тие беа предуслов за успешно изведување на акцијата кон Бел Врв (2532 м.н.в.) и кон Црна Чука (2572 м.н.в.) во организација на Дарко Трајковски и Велимир Граоркоски. Останатите два услови беа исто така исполнети – одлична екипа од кондициски и ментално спремни учесници, како и успешното поминување на патот од Ајдарова Ливада до караулата Победа во услови кога на неколку места е оштетен од надојдените води и кој е причина зошто овие делови на Кораб се ретко посетени во овој период од годината. (more…)

Кадиица и Лута

Еднодневна, релативно лесна акција на 31 март, на двата централни врвови на планината Бабуна – Кадиица (1430 м.н.в.) и Лута (1500 м.н.в.), од каде што се протега прекрасен поглед на Пелагонија.

Се поаѓа од селото Ораов Дол (500-550 м.н.в.) по обележана патека до изворишниот дел на реката Брезица. Оттаму, по не толку видлива патека (на одредени места воопшто и нема да се оди по патека) планирано е да се отиде прво на врвот Кадиица (времетраење на искачувањето од околу 2 часа), а потоа оние кои што сакаат можат да се искачат и на соседниот врв Лута кој е оддалечен половина час. Вкупната должина на патеката во двете насоки изнесува 13-14 км. Доколку има време, може да се посети и месноста Момин Вир.

За подетални информации за овие предели, погледнете ги претходните акции на планинарското друштво. Извештајот од 2015 година може да се види тука.

Тргнување од Скопје во 5.00 на бенизнската пумпа Макпетрол на источниот излез.

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА:

– облека – соодветна за движење во пролетни услови, без многу снег, но со променливо време;

– вода – добро е да се понесе барем 1 литар вода;

– цена – во договор со превозниците.

ПРИЈАВУВАЊЕ:

Велимир Граоркоски  071 564-458 / veljogr@yahoo.com

 

Голем Брзовец, Тресонечки Кањон

Целодневна напорна акција на 4 ноември (сабота) на централниот дел од планината Бистра, по прекрасни и ретко посетени предели. Акцијата ќе започне вo 7.00 од селото Тресонче и потоа да се искачи врвот Голем Брзовец (3-4 часа) по старата патека (претежно низ стрмен и карпест предел) што води до поранешното ловиште. При враќањето ќе се користи патеката што оди до Три Извори (главниот извор на Тресонечка Река) и ќе се навлезе во горниот дел од кањонот до третиот водопад (сметано од изворот надолу). Потоа ќе се „затвори“ кањонот од левата долинска страна на реката по малку подобрата патека (претежно низ шума) која ги поврзува Тресонче со Говедарник и бачилата.

Вкупното времетраење на акцијата изнесува 9-10 часа. Доколку има време и желба, може да се влезе и во долниот дел од кањонот каде што се наоѓаат Обесен Извор, пештерата Алилица и Син Вир, за што се потребни дополнителни 2-3 часа.

Акцијата е многу напорна и поради лошата состојба со патеките, движењето често ќе се одвива по беспатје.  Искачувањето кон Голем Брзовец се одвива по голема косина и карпест предел.

Доколку временските услови не се задоволителни (снег или поголема влажност), акцијата ќе мора да се откаже или барем да се ограничи само на посета на Тресонечкиот кањон.

За учесниците од Скопје, поаѓањето е од 4.30 кај мостот Обединети Нации.

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА:

– облека – соодветна за движење во зимски услови по карпест терен, шуми и водни површини, со можен силен ветар (несоодветна облека/обувки, нема да се толерира);

– вода – иако по траекторијата на движење има извори и чешми, сепак поради лошата состојба на патеките може да се случи да се одминат и поради тоа е препорачливо да се носи 1.5 литри вода;

– цена – во зависност од превозот и бројот на учесници, но нема да надмине 500 денари.

ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ:

Велимир Граоркоски: 071 564 458 / veljogr@yahoo.com

Шило, Мала Корапска Врата

Шило, Мала Корапска Врата

Поради исклучително неповолните временски услови, оваа акција се одложуваше двапати и беше на праг сосема да се откаже дента пред закажаниот термин за нејзиното реализирање на 9.7.2017. За среќа, прогнозата нагло се смени кон подобро и поголемиот дел од луѓето се премислија и падна одлука дефинитивно да се тргне кон Маврови Анови од каде што беше закажан превозот кон Нистрово и Жужње во 5.30. Но за жал поради проблеми со транспорт, групата од Скопје не успеа да стигне, па на крај се формира само мала тричлена група, но доволно голема за вака сериозен потфат имајќи го предвид теренот по кој се одвиваше акцијата. Акцијата почна во 6.30 и успешно се заврши за околу 11 часа, по малку повеќе од 28 изминати километри, при што прво беше искачен блискиот врв Шило за неполни два часа, а потоа и врвот Мала Корапска Врата како главна дестинација за околу 5 часа. Оригинално беше планирано акцијата да се одржи само до врвот Шило, но на иницијатива на Горан Николовски таа претрпи измени и се искомбинира со враќање по текот на Длабока Река. (more…)