12 – 22 јули 2018 КОРЗИКА (Монте Чинто 2706м)

                     Планинарење, капење и посета на неколку градови

Корзика е медитерански остров кој и припага на Франција. Се наога западно од Италија, југоисточно од Франција и северно од италијанскиот остров Сардинија Планините зафакаат една третина од островот формирајки еден планински ланец. Корзика има околу 1000км обала и повеке од 200 плажи. Генерално тоа е планински остров со највисок врв Монте Чинто 2706м и уште околу 20 врвови над 2000м.

ПРОГРАМА:

11  јули  2018  (среда) – Во 24.00ч поагање од Скопје со автобус на Фудекс до Белград.

12 јули 2018 (четврток) – Поагање од Белград во 06.30ч од пред храмот Св.Сава (Скерличева улица). Во попладневните часови пристигање во Нова Горица. Сместување. Нокевање.

13  јули  2018  (петок)  –  Продолжување на патот до Болоња. Обиколка на културно историски знаменитости. Болоња има најголем во потполност сочуван стар град во Италија. Стариот дел на Болоња е препознатлив по бројните средновековни високи и криви кули и плочници во вид на арки долж поголемите улици (вкупна должина околу 45км!). Градот има неколку плоштади со многубројни цркви, палати, кули, споменици и фонтани.

Најпознати градби и туристички објекти во Болоња се:

  • Кулите АЗИНЕЛИ и ГАРИСЕНДА се два главни симболи на Болоња изградени во 12 век. Азинели е висок 97м, накривен е околу 1м од оската, има скоро 500 скали и дозволено е искачување до врвот. Гарисенда е висок 47м но затворен е за посета бидејки е накривен повеке од 3 метри.
  • Големиот плоштад е огромен плоштад кој се наога во самото средиште на Болоња опкружен со монументални градби како што се Катедралата Св.Петронија, Градската куќа, Аркадата Банки и Палатата Подеста.
  • Катедралата Св.Петронија е пета по големина во светот со 132 х 60м, височина 45м и собира скоро 30.000 луге. Посветена е на заштитникот на градот Сан Петроние кој бил болоњски епископ во 5 век. Градбата на катедралата започнала во 14 век и траела неколку стотини години.
  • Аркадата Банки се аркади пред истоимената Палата Банки од 15 век. Аркадите се додадени 150 години покасно, кон крајот на 16 век.
  • Палатата Подеста е поранешна зграда на Магистратот, изградена околу 12 век а меѓу 16 и 18 век во неа бил сместен театарот.
  • Нептуновата фонтана е најпозната градска фонтана и се наоѓа на големиот плоштад.
  • Црквата на Св. Богородица и на Св.Лука се наоѓа југозападно од градското јадро, сместена на шумовито ридче Монте дела Гвардија. Од црквата до предградието води најдолга аркада на свет – 3.5км изградена во 17 и 18 век.
  • Музеите во Болоња се бројни и може да се посетат со единствен билет.                                                                                                Попладне продолжување на патот до Ливорно.

14 јули 2018 (сабота) – Трансфер Ливорно – Бастија, возење со траект околу 5 часа.

Бастија е главно пристаниште на Корзика. До 1791 година била главен град на Корзика. Од Бастија продолжуваме со двочасовно возење до градот Корте, разгледување на овој стар град кој во 20 век станува водечки универзитетски центар на Корзика.

Продолжување на патот до кампот во селото Лоци под Монте Чинто. Доагање во кампот, местење на шатори. Нокевање. Кампот е стандардно опремен со струја, вода и тушеви.

15 јули 2018 (недела) –  Ден за искачување до езерото Лак де Нино кое се наоѓа на 1743м. Езерото е со површина од 6.5 хектари и најголема длабочина од 11м. Висинска разлика 750м, турата трае вкупно околу 8 часа.

Доколку некој не сака да пешачи може да се бања во реката Голо каде има многу фантастични вирови за капење. Може да се посети и Паркот Авантура каде цената за еден час забава е 15 евра. Враќање во кампот. Нокевање,

16 јули 2018 (понеделник) – Ден за искачување на врвот Монте Чинто 2706м. Турата е целодневна и напорна. Планинарите кои неможат да се искачуваат до врв може да пешачат со групата 3 часа па да се вратат назад во кампот. Можат и да се бањаат во блиското езеро Лак де Калакуча или во реката Голо.

Излегување на групата на врвот Монте Чинто, враќање по истата патека во кампот. Ноќевање.

17 јули 2018 (вторник) – Пакување и возење до морето, во Порто. Слободен ден за капење и уживање. Ноќевање во камп.

Порто е туристичко место на 80км од Ајачио. Широкиот планински залив и црвеното сонце го прават Порто вистинска атракција. Заливот Порто е природен резерват под заштита на УНЕСКО.

18 јули 2018 (среда) – Пакување и возење до Ајачио, разглед на градот и потоа сместување во камп. Ноќевање.

Ајачио е најголем и главен град на Корзика. Најпозната туристичка атракција е куќата во која е роден Наполеон Бонапарта. Куќата е претворена во музеј со намештај од 16 век. Во стариот дел од градот се наога огромно пристаниште и историскиот дел од градот со тесни улици. Во центарот на Ајачио е плоштадот Де Гол на кој се наога статуа на Наполеон на коњ изработена од Ежен Виоле ле Дик во 1865 година.

19 јули 2018 (четврток) – Пакување и возење до Бонифачо, разглед на градот и потоа продолжување на патот до Солзенаро. Ноќевање.

Бонифачо се наога на југот од Корзика и на неговата територија сеуште можат да се видат остатоци од минатото на Корзика. Во близина на градот се две геновљански кули и две цркви:

  • Св.Доминик – готска црква од 18 век карактеристична со повекебојниот мермер
  • Ste-Marie Majeure која датира од 14 век.
  • Во ова место се наоѓа аквариумот Бонифачо кој е сместен во една природна пештера во пристаништето.

20 јули 2018 (петок) – Рано станување, возење до Кол де Бавела, искачување на Пунто Велачо 1483м. Од врвот се пружа поглед на планините од една страна а од другата страна е морето.

Наместо искачување, кој сака може да се бања во морето или во реката Солензаро. Враќање од врвот, пакување и возење до Бастија. Ноќно возење со траект до Ливорно.

21 јули 2018 (сабота) – Продолжување на патот кон Словенија и Белград.

22 јули 2018 (недела) – Во раните утрински часови пристигање во Белград. Во 15.30ч со Фудекс поагање за Скопје, пристигање во 21.30ч.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА – планинарска опрема и кондури. Учесниците кои нема да се качуваат на врвовите можат да имаат само патики за пешачење.

ИСХРАНА – во сопствена режија.

СМЕСТУВАЊЕТО – е со сопствен шатор, врека за спиење и подметач во кампови кои се опремени со струја, вода, фрижидери и тушеви.

ЦЕНА – Од Белград до Белград 385 евра. Цената опфака: превоз (со автобус и траект), ноќевања и осигурување. Цената не опфаќа:  исхрана, влезници за културно историските споменици и се она што е надвор од програмата. Повратна карта со Фудекс од Скопје до Белград е околу 40 евра. ОБАВЕЗНА Е АКОНТАЦИЈА ОД 50 евра ДО 5 ФЕБРУАРИ ЗАРАДИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА КАРТИТЕ ЗА ТРАЕКТ.

НАПОМЕНА – доколку има заинтересирани за ноќевање во соби ке се потрудиме да им обезбедиме сместување, со доплата на разликата во цена.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до пополнување на местата во автобусот.

ВОДИЧ – Никола Доновски. Тел. 070 725-880. E-mail:  nikola.donovski@gmail.com

Акцијата е во заедничка организација со ПСК Балкан од Белград.

 

15 – 18 фебруари 2018 БАНСКО (скијање, планинарење)

 

 

Заеднички продолжен викенд за скијање и планинарење со ПСК Балкан од Белград.

ПРОГРАМА:

15 фебруари 2018 (четврток) – Во 06ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Пристигање во Банско, сместување во хотел ВИХРЕН (хотел со 3 ѕвезди, во централното градско подрачје, на 400м од жичарата). Сместување во соби со 2 или 3 кревети. Скијачите може да скијаат а за планинарите пешачење до Бандеришка пољана. Ноќевање.

16 фебруари 2018 (петок) – Доручек и потоа скијачите на скијање.

За планинарите:

ГРУПА  А – станување во 5 часот,земање ланч пакет и со минибусот  превоз до ШИЛИГАРНИК 1820м. Од таму по ски патеката искачување кон врвот ТОДОРКА  2746м. Враќање по истата патека и околу 16ч враќање во хотелот. За искачување потребна е опрема – дерези и цепин.

ГРУПА  Б – пешачење по ски патеката под жичарата (има околу 9км до крајот на жичарата).

ГРУПА  В  –  Доколку има некој кој сака да се бања тоа може да го направи во затворен базен во некој од хотелите.

Навечер заедничко дружење. Ноќевање.

17 фебруари 2018 (сабота) – Доручек. Скијачите на скијање. Останатите можеме да ја посетиме Бања каде има базен со топла минерална вода. Навечер заедничко дружење. Ноќевање.

18 фебруари 2018 (недела) – скијачите на скијање. За планинарите прошетка до планинарскиот дом Вихрен или слободно претпладне. Скијачите треба до 15.30ч да дојдат во хотелот. Во 16ч заминување за Скопје.

ЦЕНА – 100 евра (за превоз, 3 ноќевања со доручек и осигурување).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – пасош.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ – зимска планинарска опрема за високогорско искачување, дерези, цепин, челна лампа. За капење  во базен купачи гаки / костум за капење.

ПРИЈАВУВАЊЕ  И  УПЛАТА – до пополнување на местата.

ВОДИЧ – Никола Доновски. Тел. 070 725-880.  E-mail: nikola.donovski@gmail.com

 

 

28 јануари 2018 СКОПСКА ЦРНА ГОРА (с.Љубанци – Здравец)

Еднодневна тура.

ПРОГРАМА:

28 јануари 2018 (недела) – Зборно место последна станица на автобус број 47 во с.Љубанци (кај игралиштето). Од транспортен центар автобусот број 47 поаѓа во 07:00 часот. Околу 07:45часот поаѓање на групата кон врвот Здравец 1540м.н.в. Висинска разлика 840м. Должина на патеката 5+5 = 10км. Патеката е средно тешка. Време на пешачење вкупно 5 часа (искачување + враќање).

ПОТРЕБНА ОПРЕМА – не е потребна посебна техничка опрема. Потребни се добри планинарски кондури и облека според временските услови, шише со вода и храна од ранец.

ПРИЈАВУВАЊЕ – на телефон  076 274-742, водич Дарко Трајковски

 

6 – 9 април 2018 ВЕЛИГДЕНСКА ТУРА (Пелистер, Кајмакчалан, Галичица)

 

12

13

14

ПРОГРАМА:

6 април 2018 (петок) – Во 04ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Во 7ч започнуваме со искачување на Пелистер од местото Голема ливада по патот кон ловечката куќа и натаму до врвот.

1

2

Должината на патеката е 14,3км во еден правец. Околу 12-13ч пристигање на врв. Краток одмор, обично добиваме чај од вработените во репетиторот. Во случај на невреме може и да се стоплиме внатре. Потоа враќање по истата патека до хотел Молика. Вечера, ноќевање.

4

7 април 2018 (сабота) – Доручек. Во 7ч поаѓање за Кајмакчалан од грчка страна. Околу 9.30ч пристигање во ски центарот Ворас на 2000м.н.в.

5

6

Поаѓање кон врвот Кајмакчалан 2521м. Околу 13ч пристигање на врв, краток одмор  и потоа враќање назад до ски центарот. Поаѓање за Охрид, пристигање околу 19ч. Сместување во хотел. Ноќевање.

8 април 2018 (недела, ВЕЛИГДЕН) – Доручек. Во 10ч одиме на прошетка низ Охрид – посета на црквата Пресвета Богородица Перивлепта, Плаошник, Свети Канео – потоа низ центарот и враќање во хотелот.

7

8

9

Попладневен одмор. Вечерта одиме на заедничка организирана вечера со музика. Ноќевање.

9 април 2018 (понеделник) – Доручек. Во 7ч поаѓање кон Галичица. Во 8ч започнуваме со искачување кон врвот Магаро 2254м.

10

11

Пристигање околу 11ч на врв, краток одмор и потоа враќање до превозното средство. Спуштање во Св.Наум и кратка прошетка. Потоа заминување за Скопје.  НАПОМЕНА:  можно е да се бара од општинските власти плаќање за влез во националниот парк Галичица.

СМЕСТУВАЊЕТО ВО ОХРИД – е во семеен хотел во соби со 2,3 или 4 кревети. Секоја соба има купатило. Во собите навечер ќе има греење. Хотелот е во населбата Рача на 2км од центарот на Охрид.

ЦЕНА –  6.000 денари. Во цената е пресметано: превоз, полупансион во хотел Молика, 2 ноќевања со доручек во хотел во Охрид, вечера во ресторан и осигурување од несреќен случај на планина.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до пополнување на местата во превозното средство.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ –  пасош.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА –  зимска планинарска опрема.

ВОДИЧ –  Никола Доновски. Тел. 070 725-880. Акцијата е заедничка со ПСК Балкан од Белград.

Е-mail:  nikola.donovski@gmail.com

23 – 27 мај 2018 РАФТИНГ на ТАРА (врв Маглиќ, Вишеград, Мокра Гора, Златибор)

2

Рафтингот е јако адреналинско доживување. Неможе да се раскаже, треба да се доживее! Овој термин совршено се вклопи – нивото на Тара е високо, времето е убаво топло а четвртокот и петокот се неработни денови – Св.Кирил и Методиј и Духовден.

ПРОГРАМА:

1

23 мај 2018 (среда) – Во 22ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Ноќно возење Скопје – Призрен – Скадар – Подгорица со попатни потребни паузи.

24 мај 2018 (четврток) – Околу 7ч пристигање во Подгорица. Пауза за доручек и кафе и краток разглед на центарот и соборниот храм на Христовото воскресение.

3

4

5

6

Потоа продолжување на патот до манастирот Острог или во Цетиње посета на мавзолејот на Његош. Околу 15ч пристигање во кампот “3 воденици” на река Тара. Ручек и сместување во етно-дрвени куќички. Во кампот има убав санитарен чвор и убав покриен ресторан. Храната е одлична!  Попладневен одмор. Вечера. Ноќевање.

7

8

9

10

Преубави специјалитети! Преобилно!

25 мај 2018 (петок) – Доручек. Потоа припрема за рафтинг. Околу 11ч поаѓање узводно покрај река Тара до местото за почеток на рафтингот. Околу 12ч почеток на спуштањето по Тара.

11

1213

 

14

Околу 15.30ч завршување на рафтингот, туширање и ручек. Попладневен одмор. Вечера и заедничко дружење покрај оган.Ноќевање.

26 мај 2018 (сабота) – Во 6ч поаѓање кон националниот парк Сутјеска и искачување на врвот Маглиќ 2386м.

15

16

17

18

19

20

21

Тоа е извонредно убава природа, извонредно убава пешачка тура. Маглиќ е најубавиот врв на кој сум се искачил! Спуштањето од врвот води преку прекрасното Трновачко езеро и потоа до местото каде што не чекаат комбињата. Во попладневните часови пристигање во Кампот. Вечера и заедничко дружење. Ноќевање.

27 мај 2018 (недела) – Во 6.30ч доручек и потоа го напуштаме кампот. Првобитниот предлог за посета на Сарајево не ќе може да се оствари затоа  што е временски предолга релација. Замена е следната релација:

33

34

35

36

 

ВИШЕГРАД – посета на Андриќев град, кратка пауза за кафе, туфакија или пијалок во убавото ресторанче покрај камениот мост, сликање на мостот на Дрина и потоа продолжување на патот.

37

38

МОКРА ГОРА – посета на Дрвен град на Кустурица.

ЗЛАТИБОР – пауза за ручек, прошетка низ пазарот и купување на кајмак.

Продолжување на патувањето кон Скопје. Пристигање во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА – околу 180 евра (за превоз, 3 полни пансиони, рафтинг, осигурување за рафтингот, осигурување од несреќен случај на планина). Неможе да се предвиди дали цената на горивата ќе остане иста а со тоа е поврзана и цената за превоз. Затоа цената е вака формулирана.

ПОТРЕБНИ  ДОКУМЕНТИ – лична карта, пасош.

ПОТРЕБНА  ОПРЕМА – пл. кондури, стапчиња, кабаница за дожд, шише со 1,5л вода, челна лампа, облека според временските услови.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до пополнување на местата во минибусот.

ВОДИЧ – Никола Доновски.  Тел. 070 725-880.

E-mail:  nikola.donovski@gmail.com