30 јуни – 1 јули, ОЛИМП

Податоци за патеката: многу напорна и техничка тура, должина: 22 км. во двата правци, 2200 м. Д+. Се тргнува од месноста Горција, неколку километри пред Приониа. До 2000 мнв. се движиме во шума, се до планинарскиот дом Петроструга. Патеката продолжува уште малку низ разретчена иглолисна шума и излегува на сртот кој води до платото на музите каде има два планинарски домови. Од таму се оди по Зонариа, безбедна патека по изохипсата под Стефани се до кулоарот Луки од каде се искачува врвот Митикас 2917. Потоа се спуштаме од јужната страна, преку Скала 2866 мнв., до вториот по височина врв на Олимп, Сколио 2912 мнв. Враќањето до Платото на музите ќе се изведе по Зонариа и назад повторно преку Петроструга до Горциа.

Потребна е извонредна психофизичка подготвеност и искуство за движење по стрмен карпест терен и користење на техничка опрема.

Турата не е за почетници. Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не им дозволи на недоволно подготвените да учествуваат на истата.

Превоз и едно ноќевања: во сопствена режија (шатор или планинарски дом, по избор).

Сабота, 30.06.2018   03:00 часот поаѓање од Скопје

Недела, 01.07.2018    Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

Потребна опрема: планинарски стапчиња, обувки и облека според временската прогноза, појас, кацига, 2 гуртни 120 см., 3 карабињери и 1 помошно јаже со должина 1.5 – 2 м. (прусик).

Искачувањето на учесниците ќе биде обезбедено со јаже поставено на фиксни клинови

Храна и течности: од ранец, може да се купи и во домовите.

 

Водач:

Петар Герасимов тел. 070 330 765 или во порака на фејсбук

15-17 јуни 2018, Митикас, Скала и Сколио

Податоци за патеката: многу напорна и техничка тура, должина: 22 км. во двата правци, 2200 м. Д+. Се тргнува од месноста Горција, неколку километри пред Приониа. До 2000 мнв. се движиме во шума, се до планинарскиот дом Петроструга. Патеката продолжува уште малку низ разретчена иглолисна шума и излегува на сртот кој води до платото на музите каде има два планинарски домови. Од таму се оди по Зонариа, безбедна патека по изохипсата под Стефани се до кулоарот Луки од каде се искачува врвот Митикас 2917. Од Митикас враќањето ќе се изведе од јужната страна, преку Скала 2866 мнв. до вториот по височина врв на Олимп, Сколио 2912 мнв. Враќањето до Платото на музите ќе се изведе по Зонариа и назад повторно преку Петроструга до Горциа.

Потребна е извонредна психофизичка подготвеност и искуство за движење по стрмен карпест терен и користење на техничка опрема.

Турата не е за почетници. Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не им дозволи на недоволно подготвените да учествуваат на истата.

Превоз и 2 ноќевања: во сопствена режија.

Петок, 15.06.2018    Првата вечер ќе се спие во шатори на Платото на музите, кој сака може да спие во еден од домовите со претходо направена резервација.

Сабота, 16.06.2018 искачување на Митикас, Скала и Сколио, враќање, ноќевање во камп Посејдон.

Недела, 17.06.2018    Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

Време на поаѓање: 05:00 часот на бензинска пумпа на Макпетрол на излез од Скопје .

Потребна опрема: планинарски стапчиња, обувки и облека според временската прогноза, појас, кацига, 2 гуртни 120 см., 3 карабињери и 1 прусик.

Искачувањето на учесниците ќе биде обезбедено со јаже поставено на фиксни клинови

Храна и течности: од ранец, може да се купи и во домовите.

Пријавување: тел. 070 330 765 или во порака на фејсбук

Водачи:

Петар Герасимов

Тодор Ивановски

 

 

29 април, недела, ВЕЛИВАР 2373 мнв.

Податоци за патеката: тешка, должина 22.5 км. во еден правец. Висинска 1650 Д+. Движењето по патеката ќе се одвива по мешовит терен, горниот дел на патеката ќе биде со снежни јазици и снежни стреи. Временските услови се поволни за пешачење, во попладневните часови се очекуваат врнежи и грмотевици. Враќањето е по иста патека.

Потребна е добра психофизичка подготвеност и искуство за движење по стрмни и снежни терени.

Турата не е за почетници. Организаторот има право да направи селекција и да не им дозволи на недоволно подготвените да учествуваат на истата. Акцијата може да се откаже во зависност од временските услови или некои други фактори на теренот.

Превоз: со сопствени возила.

Почетна точка на поаѓање е од с. Жировница 950 мнв.
Време на поаѓање: 05:00часот, бензска пумпа Макпетрол Ѓ.Петров.

Потребна опрема: планинарски стапчиња, обувки и опрема според временската прогноза.

Храна и течности: од ранец.

Пријавување на телефон: 070 36 85 25
Водачи: Тодор Ивановски
Петар Герасимов

22 април, недела, ПЕСКОВИ 2651 м.

Податоци за патеката: Средно тешка, должина 5 км., 1150 м. Д+. Движењето ќе се одвива во отежнати услови во горните делови поради наноси од снег. Температурата ќе биде висока а тоа дополнително ќе го отежне движењето поради можно пропаѓање во мекиот снег. Ако има можност, во зависност од состојбата на снегот, временските услови и спремноста на групата, можно е продолжување до Езерски Врв уште 3 км., ќе се одлучи на самото место. Враќањето е по истата патека.

Потребна е добра психофизичка подготвеност и искуство за движење по стрмен снежен терен и користење на техничка опрема (дерези и цепин).

Турата не е за почетници. Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не им дозволи на недоволно подготвените да учествуваат на истата.

Превоз: со сопствени возила. Се оди од Превала, Косово. Потребен е зелен картон за возилото и задолжително носење лична карта за преку граница.

Време на поаѓање: 06:00 часот на бензинска пумпа на Макпетрол во Визбегово.

Потребна опрема: цепин, дерези, планинарски стапчиња, обувки и облека според временската прогноза.

Храна и течности: од ранец

Пријавување: тел. 070 330 765 или во порака на фејсбук

Водачи:

Петар Герасимов

Тодор Ивановски

 

 

 

 

 

АЛПИ 2018

Во склоп на експедицијата „Алпи 2018“ предвидени се искачувања на 3 планини во период од 27 јули до 5 август (Јулијски Алпи, Гран Парадисо и Монте Роса) и 6 врвови и тоа: Триглав (2864 м.), Гран Парадисо (4061 м.), Цумштаин (4563 м.), Сигналкуп (4554 м.), Винсент Пирамид (4215 м.) и Балменхорн (4167 м.)

 

ПРОГРАМА

  • 27.07.2018 (Петок) Поаѓање 00:30ч.

Поаѓање во раните утрински часови, патување преку Белград, Загреб, Љубљана (со попатни паузи) и пристигнување во Мојстрана во попладневните часови17:00ч. Сместување во подножјето на Триглав во Аљажева куќа(планинарски дом), ноќевање.

  • 28.07.2018 (Сабота)

Станување утрото во 06:00ч., доручек подготовки и тргнување кон Кредарица во 07:00ч. Предвидено е искачување по Томашкова пот (via ferrata) 11:00ч., сместување во Кредарица, мала пауза до 12:00ч. и искачување на Триглав (2864 мнв.) околу 14:00ч. Симнување до Кредарица16:00ч. Ноќевање.

  • 29.07.2018 (Недела)

Станување во 05:00ч. доручек, пакување и тргнување во 06:00ч. кон Аљажева куќа. Пристигнување во 09:30ч. во Аљажева куќа, пакување и тргнување во 10:00ч. кон Pont (Гран Парадисо национален парк). Пристигнување во Pont во 18:00ч. Сместување во бунгалови. Ноќевање

  • 30.07.2018 (Понеделник)

Станување во 07:00ч. доручек, пакување на опремата. Поаѓање во 09:00ч. кон Vittorio EmanueleII Hut. Пристигнување во 12:00ч. во домот сместување прошетка (аклиматизација) и ноќевање.

  • 31.07.2018 (Вторник)

Станување во утринските часови 02.00ч. доручек, подготовки и поаѓање во 03:00ч кон врв (4061 мнв.). Предвидено искачување на врв е 12:00ч. мала пауза фотографирање на групата и симнување кон Vittorio Emanuele II Hut, мала пауза и продолжување со симнувањето до Pont, пристигнување до 19:00ч. Ноќевање.

  • 01.08.2018 (Среда)

Станување во 06:00ч. доручек, препакување на опремата и поаѓање во 08:00ч. кон Staffal, по извозени 150км. Предвидено е пристигнување во 11:00ч. вадење на карти за жичара и поаѓање кон Punta Indren, пристигнување во 12:00ч. и искачување до CapannaGnifetti во 15:30 ч. Сместување и ноќевање.

  • 02.08.2018 (Четврток)

Станување во 04:00ч. доручек, подготовки и  тргнување по патеката во 05:00ч. Предвидено е излеување на Zumstainspitze (4563 мнв.) околу 11:00ч., мала пауза од 10-15мин. и упатување кон Signalkoop (Margharita Hut 4554мнв). Предвидена пауза од 30 мин. Во 13:30ч. предвидено е тргнување кон CapannaGnifettiи пристигнување во 18:00ч. Ноќевање.

  • 03.08.2018 (Петок)- РЕЗЕРВЕН ДЕН –

Доколку временските услови ни дозволат реализирање на досегашната програма, резервниот ден би можеле да го искористиме, по желба на мнозинството (ќе гласаме) за следните варијанти:

План А – Станување во 04:00 ч. доручек, подготовки и  тргнување во 05:00 ч. Искачување на Vincente Pyramid во 09:00 ч. мала пауза од 10-15мин. и упатување кон Balmanhorn (12:00 ч.) Предвидена пауза од 30 мин. Во 13:30 ч. предвидено е тргнување кон Capanna Gnifettiи, пристигнување во 16:00 ч. Ноќевање.

План Б – Станување во 06:00 ч. доручек, подготовки и  тргнување во 09:00 ч. кон Indren, симнување со жичара до Staffal до 11:00 ч. Пакување на опремата и поаѓање кон Venice/ Milano/ Treste (за каде?… ќе одлучи мнозинството). Пристигнување во 16 ч., сместување во мотел, прошетка низ градот и ноќевање.

  • 04.08.2018 (Сабота)

План А –Станување во 06:00 ч. доручек, подготовки и  тргнување во 09:00 ч. кон Indren, симнување со жичара до Staffal до 11:00 ч. Пакување на опремата и поаѓање во 12:00 ч. кон Љубљана. Патување преку Загреб и Белград со попатни паузи, до Скопје.

План Б – Станување во 08:00 ч. доручек, прошетка низ градот. Пакување на опремата и поаѓање во 20:00 ч. кон Ljubljana. Патување преку Загреб и Белград со попатни паузи, до Скопје.

  • 05.08.2018 (Недела)

План А –Предвидено пристигнување во Скопје, во попладневните часови

План Б – Предвидено пристигнување во Скопје, во попладневните часови

 

ЦЕНА: 410 евра

 

Цената е формирана според реалните трошоци за: изнајмување комбе, гориво, патарини, спиење во домови, жичарници. во цената не е влезена исхраната. Организаторот зема за право да собере од кандидатите материјални средства во износ кој е неопходен  да се платат однапред (резервации за спиење и сл.).

Во случај на откажување средствата не се враќаат.

Пријавените кандидати пополнуваат пријава и потпишуваат изјава дека се согласуваат со условите наведени во истата, а  дополнително ќе добијат список на потребна опрема и план за изведување на кондициони и заеднички технички тренинзи.

Водачот на експедицијата има дискреционо право да ја смени програмата на самото место, доколку процени дека се нарушени безбедносните услови за реализирање на планираното .

 

Водач:

Петар Герасимов, тел. 070 330 765